Ти, бе, Мики, си видел ли дете
со мал и
со голем нос?!!? Не ли гледаш како ти се неиспечени прашањата, а аргументите празни?!
Ниту еден пород
не може да ги има карактеристиките
и на двајцата родители. Затоа немаш и белец и црнец, него имаш
мулат. Затоа
синот нема пиче, ниту девојчето нема
куре.
Еволуцијата е процес при кој
секоја една единка е преоден вид - микроеволуција! Секоја една единка е нова, неповторлива и
оригинална. Нема двајца исти луѓе на планетава, ниту генеолошки, ниту хронолошки.
--- надополнето: Nov 15, 2011 9:31 PM ---
Брзината на развојот на науката и технологијата единствено ќе се зголемува. Боље навикни се, пошто имаш уште доста да тргаш. Ниту една научна дисциплина
не забележала намалување во својот развој. Ниту една не се срушила, ниту може да се сруши, поради тоа што за сите наоди
важат универзалните физички закони. Зависно од перспективата, резултатите водат до нови откритија.
Никогаш, Мики, човекот нема да престане да трага, да учи и да се развива. Никогаш, нема да се предаде на мајјсторот на затупувањето и залажувањето - монотеизмот.
Њутн,
не се руши со релативитетот. Законите на Њутн сосем добро функционираат и денес и ќе продолжат да го прават тоа. И ти тоа мора да го знаеш, нели
Во исто време, за друга перспектива каква што е вселената, релативитетот е сосем пригоден. Ама ти и ова го знаеш, ама се праиш на триипол.
„Духовни трајности“ е една толку блесава конструкција што не знам од каде да почнам да пишувам. „Духовното“ е нешто
најсубјективно нешто у свету, Мики. Не постојат
две идентични дефиниции за духовност, уште помалку постојат двајца луѓе на планетава што можат да имаат
идентично духовно искуство.
Рушење
нема да се случи освен ако не не' рокне астероид. Војни
нема да престанат у наше време, како што
никогаш во историјата на цивилизираниот човек
не престанале. Цивилизации се развиваат, цветаат и венат - некои се сушат, некои хибернираат. Никогаш во познатата историја на цивилизациите не е забележан масовен помор. Нема никакви наговестувања дека надоаѓа иминентен крај.
...од друга страна, никогаш
во историјата на цивилизациите не недостигале фрикови кои најавувале крај на светот пред следната Нова Година.