Кој ќе ја освои Струга?

king24

Pirat
Член од
8 ноември 2007
Мислења
147
Поени од реакции
2
Се повеќе ми мириса дека ВМРО не сакаше да влезе во втор круг.
Вмро сакаше да оди понатака али загубија заради нивниот кандидат што е еден од најнеспособните довчерашен сдсмовец и затоа изгуби
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
K

KomitaMKD

Гостин
Вмро сакаше да оди понатака али загубија заради нивниот кандидат што е еден од најнеспособните довчерашен сдсмовец и затоа изгуби
Па зошто ВМРО кандидира неспособен кандидат иако не се сложувам со твоето мислење дека е нспособен.Значи не сакале да победат.Не направија ништо за да ги добијат гласовите на СДС.Ако беа толку загрижени за Струга ќе направеа заедничка листа и ете ти ги гласовите.Не сакам да бидам сфатен дека ги бранам сдс меѓутоа и ВМРО не се толку невини и наивни колку што се прават.И јас во прв момент мислев дека сдс нема гласачко тело ама 3000 гасови не е бројка за занемарување.
 

TMPO

Obraz
Член од
31 октомври 2007
Мислења
1.728
Поени од реакции
26
вчера СДСМ по втор пат ја продаде Струга. само не ми е јасно како можат членовите и симпатизерите на СДСМ да гласаат за Фијат кога имаат Македонец кандидиран ..
A vmro nisto nne napravi da ja vrati vo makedonski race tuku pobitna mue koalicijata so pacientot/teroristot ahmeti.
Ne ste po arni dosta vakvi demagogi prodavate ovde.
 

king24

Pirat
Член од
8 ноември 2007
Мислења
147
Поени од реакции
2
Па зошто ВМРО кандидира неспособен кандидат иако не се сложувам со твоето мислење дека е нспособен.Значи не сакале да победат.Не направија ништо за да ги добијат гласовите на СДС.Ако беа толку загрижени за Струга ќе направеа заедничка листа и ете ти ги гласовите.Не сакам да бидам сфатен дека ги бранам сдс меѓутоа и ВМРО не се толку невини и наивни колку што се прават.И јас во прв момент мислев дека сдс нема гласачко тело ама 3000 гасови не е бројка за занемарување.
Вморо не го кандидира него се кандидира тој со некои негови лаги и незнам што друго кандидат требаше да биде тој што работи во дијализа.А и фијат победи и во мороишта и во враништа и во ложани а вмро само драслајца и мислешево.Значи него не го сака народот затоа вмро изгуби.
 
M

Mario Gómez

Гостин
A vmro nisto nne napravi da ja vrati vo makedonski race tuku pobitna mue koalicijata so pacientot/teroristot ahmeti.
Ne ste po arni dosta vakvi demagogi prodavate ovde.
Не сакаат победа во Струга ВМРО, тоа само ќе го дестабилизира нивниот договор со ДУИ, ќе биде подршка на ВМРО за ДУИ во Струга(незнам дали тоа народот ќе го оствари),знаат дека е време да се смени Мерко и да проработи Струга на туристички план.
За возврат ДУИ ќе им помогне на претседателски план...И на некои места кај што ќе решаваат минималните албански гласови.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.862
Da go podrzese SDSM kandidatot na VMRO , togas toj ke imase najmalku 10000 glasovi ako ne 11000.

No tie go podrzija Canoski , pa sega mozebi ke bide toj gradonacalnik , negovite proekti se nasoceni kon muslimanskite sela , plus toa ke ja izgradi dzamijata sto sakase da ja izgradi vo Struga.

No sepak mislam deka ke pobedi Merko.

Na makedoncite im ostanuva da izbiraat izmegu dvajca kandidati - muslimani , sigurno ke go izglasat Fijat Canoski , molejki se da im se pogodi :)

Plus ne znam dali ke go podrzi VMRO kandidatot Canoski , posto toj sigurno ima nekoj dogovor so SDSM , pa sega dogovor i so VMRO ?

So sreka neka vi e ! ( edno e jasno gradonacalnik na Struga ke bide sekogas nekoj albanec ili torbesh koj ima zena albanka)
 
K

KomitaMKD

Гостин
Вморо не го кандидира него се кандидира тој со некои негови лаги и незнам што друго кандидат требаше да биде тој што работи во дијализа.А и фијат победи и во мороишта и во враништа и во ложани а вмро само драслајца и мислешево.Значи него не го сака народот затоа вмро изгуби.
Дали уште мислиш дека народот гласа за личност а не за партија или за лична корист.Не знаеш дека многу од нас се продадени души.Знаеш дека во Радожда Чура имал 200 Мерко, Фијат и Славко по 100 гласа, а Радожда е чисто Македонско село.А како може сам да се кандидира со негови лаги????Тој сигурно имал подршка од општинскиот комитет на ВМРО.Батали лаги и др работи.Во политиката ништо не е случајно
 

king24

Pirat
Член од
8 ноември 2007
Мислења
147
Поени од реакции
2
Дали уште мислиш дека народот гласа за личност а не за партија или за лична корист.Не знаеш дека многу од нас се продадени души.Знаеш дека во Радожда Чура имал 200 Мерко, Фијат и Славко по 100 гласа, а Радожда е чисто Македонско село.А како може сам да се кандидира со негови лаги????Тој сигурно имал подршка од општинскиот комитет на ВМРО.Батали лаги и др работи.Во политиката ништо не е случајно
Тоа точно дека се гласа за партија а не за личност, али до некаде треба да се постави и некоја способна личност, а за тоа што имал тој од дпа гласови во радожда е нормално зашто никој не сакада ја изгуби работата сите тие работаат за него.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
Дали уште мислиш дека народот гласа за личност а не за партија или за лична корист.Не знаеш дека многу од нас се продадени души.Знаеш дека во Радожда Чура имал 200 Мерко, Фијат и Славко по 100 гласа, а Радожда е чисто Македонско село.А како може сам да се кандидира со негови лаги????Тој сигурно имал подршка од општинскиот комитет на ВМРО.Батали лаги и др работи.Во политиката ништо не е случајно
Не ти е точна статистиката за Радожда. Славко имаше 290 а сите други заедно околу 240 (ги видов точните бројки ама ги немам затоа и понатаму во текстов нема да бидам најпрецизен.

Сепак, кога ќе се направи анализа на бројките се доаѓа до фактите за гласањето. А фактите (дел од нив) се овие:

Котески загуби од Цаноски за околу 260 гласа.

ВМРО има гласачко тело во Струга од околу 7000 (според последните избори. Се очекуваше подршка од барем 1000 гласови од СДСМ и сигурен влез во втор круг. ВМРО пак заврши со 7000 гласови. СДСМ комплетно го поддржа Цаноски (3600 гласови)

Настрана од ВМРО/СДСМ поделбите, Цаноски ќари уште 700-800 гласови од Македонци.

Во чистите етнички Македонски села се гласаше и за Мерко, Ќура и Насуфи. Не станува збор за квалитет па сме ги надминале етничките бариери. Дај Боже да беше така. Не купија со се партали. И сега се фалат со тоа. Честитки.

Градоначалникот Мерко има околу 500 (со букви, петстотини) гласови во градот Струга. Со толку гласиви тој ни е градоначалник. Струга е град во кој селата бираат градоначалник.


Понатаму што ни останува. Меѓу Фијат и Мерко во секој случај би го поддржале првиот. Не дека вториот е Албанец да не се разбереме погрешно, туку затоа што последниве 4 години ги искористи за лично богатење а Струга е уназадена и нагрдена до непрепознатливост. Но математиката вели дека за Фијат да ги добие изборите, потребни му е поддршката од ДПА. Бидејќи ни е познат фактот дека „пара буши где бургија неќе“, во вториот круг ќе се фрлаат тешки милиони за Струга, а исходот ќе го видиме.
 

ZIKS

Ај за убо да е.
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.582
Поени од реакции
39
Ај да ве просветлам малце...

Се почна ноември минатата година кога ВМРО произлезе со идејата за враќање на Струга на Македонците. Имаа намера да излезат со кандидат ( како и што сторија ) и по договор со СДСМ да го вратат градот. Но, поради битката за советнички позиции, не успеаја да постигнат взаемен консензус, но најголеми влијание за тоа имаше Али Ахмети. Се прашувате како ? - Нормално, од големите шпиуни во градот дознал за идејата, и му "свирнал" на Груевски: СТРУГА е моја, да не ми ја чепкаш. И тој одма реагирал во комитетот во Струга, и ништо од првичната идеја.

Од друга страна, минимални ама многу минимални се шансите Фијат да победи во Струга поради тоа што гласачкото тело во Струга на ВМРО ќе се подели: дел ќе гласаат за Мерко ( поради коалицијата со ДУИ ) а другиот дел ќе го бојкотираат гласањето. И според тоа, автоматски излегува дека Мерко ќе победи во вториот круг, и пак ќе испадне по желбата на Ахмети. Само не ми е јасно каков ас крие под ракавот Ахмети, па го условува Груевски.

И во недоглед можете да полемизирате тука, но политиките се скроени од пред 2-3 месеци, така да Струга ќе си остане истата - катастрофална, барем уште 4 години.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.423
ZIKS, никој нема да гласа за Мерко поради коалицијата со ДУИ. ВМРО нити ќе го поддржи, а дури и ако се случи таков идиотизам, што нема, гласачкото тело на ВМРО нема да излезе да гласа. Исклучоци и идиоти секогаш има, но бројот би бил незначителен.

Проблемот на Фијат е што кај Македонците кои гласаа за Котески веќе нема мотив да се излезе на гласање во втор круг. Затоа му е потребна поддршката од ДПА која освои 5000 гласа. Ако ја добие, тогаш и многу Македонци ќе најдат мотив да излезат и да гласаат за него. Гласовите на ДПА се клучни и кој ќе ги добие ќе ја добие и трката. Не ги исклучувај парите во случајов зошто видовме дека тие одлучуваат, а во втрориов круг ќе ги има многу.

И на крај за СДСМ - Струга. Нивниот изговор е дека не се договориле за советничката листа со ВМРО. Зошто тогаш не ги побараа истите услови од Фијат? Него не му бараа заеднича советничка листа, туку му ја дадоа поддршката бланко, гратис. И покрај тоа што повеќето се изјаснуваа дека ќе гласаат за советничката листа на СДСМ а ќе го поддржат Котески, партиската машина се активираше и сите до еден гласаа за Фијат. Да имаа свој кандидат, немаше да бидат толку мотивирани за гласање. Ако Фијат успее да го “мотивира“ и раководството на ДПА, ќе биде интересно. Ако не, тогаш Струга ќе остане под Мерко, кој е фаворит.

Бидејќи си Стружанец, знаеш како изгледаше пред 4 години, и можеш да претпоставиш како ќе изгледа по следниве 4...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Струга е класичен пример на македонското неединство...
А мене не ме чуди СДС членовите да гласаат за Мерко...
 

delboy

кршач на огледала
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.358
Поени од реакции
24
Струга е класичен пример на македонското неединство...
А мене не ме чуди СДС членовите да гласаат за Мерко...
Како бе седесето ќе гласа за Мерко а му дадоа јавна подршка на Фијат?:toe: Или па дифолтот е зезната работа за се е крив седесе ?:pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom