ZIKS, никој нема да гласа за Мерко поради коалицијата со ДУИ. ВМРО нити ќе го поддржи, а дури и ако се случи таков идиотизам, што нема, гласачкото тело на ВМРО нема да излезе да гласа. Исклучоци и идиоти секогаш има, но бројот би бил незначителен.
Проблемот на Фијат е што кај Македонците кои гласаа за Котески веќе нема мотив да се излезе на гласање во втор круг. Затоа му е потребна поддршката од ДПА која освои 5000 гласа. Ако ја добие, тогаш и многу Македонци ќе најдат мотив да излезат и да гласаат за него. Гласовите на ДПА се клучни и кој ќе ги добие ќе ја добие и трката. Не ги исклучувај парите во случајов зошто видовме дека тие одлучуваат, а во втрориов круг ќе ги има многу.
И на крај за СДСМ - Струга. Нивниот изговор е дека не се договориле за советничката листа со ВМРО. Зошто тогаш не ги побараа истите услови од Фијат? Него не му бараа заеднича советничка листа, туку му ја дадоа поддршката бланко, гратис. И покрај тоа што повеќето се изјаснуваа дека ќе гласаат за советничката листа на СДСМ а ќе го поддржат Котески, партиската машина се активираше и сите до еден гласаа за Фијат. Да имаа свој кандидат, немаше да бидат толку мотивирани за гласање. Ако Фијат успее да го “мотивира“ и раководството на ДПА, ќе биде интересно. Ако не, тогаш Струга ќе остане под Мерко, кој е фаворит.
Бидејќи си Стружанец, знаеш како изгледаше пред 4 години, и можеш да претпоставиш како ќе изгледа по следниве 4...