Гледам последен сум коментирал на темава од предходната епизода така да сега ќе се надоврзам на предходното што го кажав околу прашањата: денес прашањата беа фантазија. А натпреварувачите си беа исти, како клонирани од предходните.
Секоја чест на дечкото што се натпреваруваше прв. Иако имаше многу малку познавање, (веројатно беше свесен за тоа), па експресно ги потроши трите џокери на 7 и 8 прашање, си зема 32000 и си замина како господин. Прашањето за Музејот на восочни фигури е паднато на сите квизови што сум ги гледал кај нас а мислам дека го има и на игрите Милионер за компјутер.
Вториот натпреварувач... човек просто да не верува. Ај што не го знаеше 6-тото прашање (за Прличев, кое патем речено е од општа култура, т.е. сите го знаат) туку и неверојатно е колку не можат да забележат кога Трендо им помага. Има два одговори и ако прво го кажеш точниот Трендо ти вели нешто во смисла не плаши се, без трема... а ако го кажеш погрешниот ти вели нешто во смисла: полека, не брзај... И овој пат беше така а овој запнал под Б и точка.
И на третиот не му предвидувам повеќе од 1-2 прашања во четврток, се надевам ќе си се откаже на време.
Милионерот станува како фудбалски натпревар во кој губите 3-0 на 15 минути пред крај и се уште упорно се надевате дека ќе се случи пресврт. Така и јас се надевам дека ќе видам некој лик кој ветува и кој ќе стигне барем до 1 милион, не за друго, заради шоуто кое мора да продолжи. А гледам само клонови...