Кој прв, пешакот или автомобилот?

Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Имаше најави дека ќе се забрани ама и да не е забрането, не ти служи како доказ на суд.

Лекот се подвозни пешачки премини (како Скопјанка, Саем) и решен проблем. Ем сообраќајот нема да е тргни застани во чворови, ем помалку жртви.
Ne bi me cudelo da zabranat, nema da bide prviot glup zakon u mk. Dodeka nekoi zemji go ohrabruvaat instaliranjeto na dashcam bas radi toa sto lesno se dokazuva koj e kriv drugi zemji go zabranuvaat. Ja imam dashcam napred i nazad i snima 24/7, duri i osiguritelna kompanija mi dava popust bidejki imam dashcam.
Inace vo Avstrija e isto zabraneto koristenje na dashcam.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Немаш знак пред семафор да намалиш брзина, зелено ти е и возиш со 40-50, ти истрчува пред тебе, кој ќе докажи дека во моментот на удар пр. 22:03:36 му било него црвено, а тебе зелено? Немаш сведоци, немаш камера, не си пијан, возиш со прилагодена брзина...
Ситуација 2, кај Битпазар после пешачкиот мост, кога возиш од Центар према Чаир немаш пешачки премин, а нон стоп претрчуваат преку патот, во ситуација да го чукниш, кој би одговарал, пешакот (кој нели секогаш е во право, без разлика дали има пешачки или е црвено) или ти?
Не треба да има знак, прописот вели дека треба да се намали. Оние прописи што мораат да се знаат за да се поседува возачка дозвола.

Поентата е да не дојде до незгода. Зошто да доаѓаш во ситуација каде што треба некој, дали полицаец или судија да одредува дали си виновен или не? Пешакот не може да се створи одеднаш пред колата. Мора да дојде од некаде. Ќе го видиш и соодветно ќе реагираш. Ако нема прегледност, ќе си возиш со соодветна брзина да можеш навремено да реагираш и да избегнеш незгода.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Ne bi me cudelo da zabranat, nema da bide prviot glup zakon u mk. Dodeka nekoi zemji go ohrabruvaat instaliranjeto na dashcam bas radi toa sto lesno se dokazuva koj e kriv drugi zemji go zabranuvaat. Ja imam dashcam napred i nazad i snima 24/7, duri i osiguritelna kompanija mi dava popust bidejki imam dashcam.
Inace vo Avstrija e isto zabraneto koristenje na dashcam.
Кај тие некои земји повеќе е политика на приватност ау бау, кај нас е за да се штити криминалот. Во UK, Бенелукс, фала богу дека е нормално сегде да има камери, и јавни тоалети имаат CCTV.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.656
Поени од реакции
34.946
Не треба да има знак, прописот вели дека треба да се намали. Оние прописи што мораат да се знаат за да се поседува возачка дозвола.

Поентата е да не дојде до незгода. Зошто да доаѓаш во ситуација каде што треба некој, дали полицаец или судија да одредува дали си виновен или не? Пешакот не може да се створи одеднаш пред колата. Мора да дојде од некаде. Ќе го видиш и соодветно ќе реагираш. Ако нема прегледност, ќе си возиш со соодветна брзина да можеш навремено да реагираш и да избегнеш незгода.
Друже, од Универзална до Соборна имаш 3-4 семафори, на зелен бран кога е отворено со 50 би требало да те фати само последниот и првиот. Ако ти се заебаваш и на секој семафор да намалуваш на 20км, поверојатно е дека тебе ќе те плесни од позади некој, отколку што ти ќе допазиш да не закачиш пешак.

Инаку има ситуации во кои знаат да ти истрчаат и да се чудиш од кај изрипал, последно ми се случи кај Мавровка, од грмушките на средина изрипа детиште кое истрча накај Економски факултет, а ние тогаш вртевме лево од булеварот за кон Битпазар, буквално дел од секунда фалеше да се качи на кола, што требаше во случајов, да фрлам дрон за да види дека овој има намера да изрипа од грмушки?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.095
Тоа е уште една фалинка, осветлувањето и нормалното обележување на пешачките премини е катастрофа без оглед дали има или нема семафор, често и хоризонталната т.н. зебра е полу или скроз избришана. И да не е, навечер или кога врне тешко се забележува. Ама тоа е, Бурунди
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Друже, од Универзална до Соборна имаш 3-4 семафори, на зелен бран кога е отворено со 50 би требало да те фати само последниот и првиот. Ако ти се заебаваш и на секој семафор да намалуваш на 20км, поверојатно е дека тебе ќе те плесни од позади некој, отколку што ти ќе допазиш да не закачиш пешак.

Инаку има ситуации во кои знаат да ти истрчаат и да се чудиш од кај изрипал, последно ми се случи кај Мавровка, од грмушките на средина изрипа детиште кое истрча накај Економски факултет, а ние тогаш вртевме лево од булеварот за кон Битпазар, буквално дел од секунда фалеше да се качи на кола, што требаше во случајов, да фрлам дрон за да види дека овој има намера да изрипа од грмушки?
Ако те плесне некој отпозади, него ќе му се брои :)
Друже, не ги измислувам јас прописите. А како што можеш да видиш на темава, некои членови основни работи не знаат или погрешно ги знаат.
А во пракса не е баш се така црно-бело како на хартија.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.735
Поени од реакции
24.383
ако е регуларно зелено светло, тогаш на обична крстосница е зелено и за пешакот кој е од твоја лева или десна страна, а сака да помине паралелно односно на пешачки на улица која се вкрстува со твојата. Го гледаш зеленото од карши, на семафорот. Ако е помошно зелено, тоа значи се внимава на возила од улицата која се вкрстува со твојата и на пешаци кои минуваат по иста таа улица. Правилата се добри, само јас како пешак внимавам на "посилниот", во овој случај, колата што треба да ми пресече пат. Оти некој е задуман, некој не внимава, некој збори на мобилен, некој е луд.
Автоматски споено мислење:

Мене повеќе ме бунат вакви ситуации
Прегледај го приврзокот 227292

Прегледај го приврзокот 227293
Првата слика: камионот, автобусот и на крај колата. Втората... Автобусот ај гес. И двајцата имаат зелено светло, ама автобусот е на главен пат.

Некој да ми каже дали сум во право, ќе полагам наскоро. XD
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735

првата слика е така... кај втората е проблем што има светлосна сигнализација. Има толкувања дека ако работи семафор тогаш знаци НЕ ВАЖАТ, па во наша пракса на зелено прво би одела колата бидејќи оди право а не знае дека и на автобусот му е зелено.. Но оваква работа е поретка, толку знаци не се ставаат ако има семафор, односно ВО ИСТО време не треба да биде зелено и на двајцата... Ретка и нелогична е ситуација тој што врти да има предност, ама да работи семафор со зелено на спротивниот што оди право
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Првата слика: камионот, автобусот и на крај колата. Втората... Автобусот ај гес. И двајцата имаат зелено светло, ама автобусот е на главен пат.

Некој да ми каже дали сум во право, ќе полагам наскоро. XD
Во право си.
Има толкувања дека ако работи семафор тогаш знаци НЕ ВАЖАТ, па во наша пракса на зелено прво би одела колата бидејќи оди право а не знае дека и на автобусот му е зелено.. Но оваква работа е поретка, толку знаци не се ставаат ако има семафор, односно ВО ИСТО време не треба да биде зелено и на двајцата... Ретка и нелогична е ситуација тој што врти да има предност, ама да работи семафор со зелено на спротивниот што оди право
Погрешни се тие толкувања. Ако има семафор, тој има приоритет пред знаците, односно вертикалната и хоризонталната сигнализација. Во случај кога само со семафорот не може да се одреди редоследот, како во случајов на сликата на сликата, тогаш се води според знаците. Ако и според знаците не може, тогаш оди правилото за првенство од десна страна и несечење на правецот на движење. Ако и со тоа не може, тогаш е според договор на возачите.

А ситуацијата воопшто не е ретка, ја има на голем број раскрсници.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Имаше најави дека ќе се забрани ама и да не е забрането, не ти служи како доказ на суд.

Лекот се подвозни пешачки премини (како Скопјанка, Саем) и решен проблем. Ем сообраќајот нема да е тргни застани во чворови, ем помалку жртви.
Тоа се тие двојни северни стандарди, полиција со пресретнувач или радар може да снима и да ги користи како доказ во приватни возила не може.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Во право си.
Погрешни се тие толкувања. Ако има семафор, тој има приоритет пред знаците, односно вертикалната и хоризонталната сигнализација. Во случај кога само со семафорот не може да се одреди редоследот, како во случајов на сликата на сликата, тогаш се води според знаците. Ако и според знаците не може, тогаш оди правилото за првенство од десна страна и несечење на правецот на движење. Ако и со тоа не може, тогаш е според договор на возачите.

А ситуацијата воопшто не е ретка, ја има на голем број раскрсници.
Ако ток што врти има зелено и има предност, ти што одиш право треба да имаш дополнително зелено за право!!
Се друго е грешка во сигнализација, замисли на раскрсница доваѓа возач од друга држава, прв пат, од кај знае дека и двајцата имаат полно зелено а не дека тој од спротива има црвено ????
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Тоа се тие двојни северни стандарди, полиција со пресретнувач или радар може да снима и да ги користи како доказ во приватни возила не може.
ама тие му служат на народот, не се инкасатори, оди пиши го ова у темана за полиција очи ќе ти извадат. Јасно ми е мене зошто камери не служат како доказ на суд, пола држава во Идризово ќе заврши. Овде нема интерес да се елиминира криминалот.
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
ама тие му служат на народот, не се инкасатори, оди пиши го ова у темана за полиција очи ќе ти извадат. Јасно ми е мене зошто камери не служат како доказ на суд, пола држава во Идризово ќе заврши. Овде нема интерес да се елиминира криминалот.
Џабе што ќе пишам, вчера околу 13:30 во авто команда на пешачкиот премин ( семафорите) кај ЈСП полициско јети пресече преку пешачкиот премин од една страна на друга отиде, за да на семафорот кај пожарна се паркира на две ленти со пуштено ротационо, искочија двајца надвор се понашаа на дечишта. Тоа што направија барем 15 прекршоци за кој се одзема возачка никому ништо.
Еј ги виделе од другава страна трк по нив да пишат некоја казна и да малтретираат деца ( сигурно мислеа дека се без возачка ) што пцуење си попија :D
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.124
Поени од реакции
15.950
Не знам како може некој да ги брани овие што не им се чека 10 секунди на семафор па трчаат на црвено. Овца, овци, не знам како да ги наречам луѓето. Буквално не сум стоела на семафор во животов а некој да не претрчал пред време. И да има и да нема коли, ќе си стоиш и ќе си чекаш. Ме заболе дали тој вози со 20 или со 200 по улица, секој треба својата безбедност да си ја гледа прво, а не некој друг да му ја мисли за неговата.
И зборам ко човек што не ја користи возачката, повеќе од времето сум пешак во сообраќајот.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Не е поентата само возачите на моторни возила да внимаваат и да им се отворени што би се рекло по народски кажано четирите очи отворени, двете однапред, но и двете на тилот одзади :)
Што фајде и управувачот на моторно возило, било кој, Јанко, Петко или Станко да биде крајно внимателен и пажлив возач, почитувајќи ги сите сообраќајни правила и прописи, од друга страна дечурлаана забегана излагаат ко стампедо од основните и средни школи и директива претрчуваат по улици ко зомбија и тоа прометни улици со сообраќај кај ќе им прдне, ни лево ни десно да се погледне бре, смартфоните залепени за уво или пак се допишуваат и буљаат у нивните екрани наместо да гледаат пак ќе кажам лево-десно да не некој ги собере со аутото ... Зборам за претрчувања на места каде нема пешачки премини, значи на диво, а што се однесува до местата со пешачки премини па и таму бре наместо да се почека некоја секунда да светне зеленото светло, но не, цел народ и младо и старо е у брзање некакво и морало на сопствен ризик да се претрчува баш на црвено упалено светло за пешаците ... па неможе да стои полиција на секој еден метар и да го варди секој еден човек/пешак, мора и луѓето сами без разлика дали се возачи или пешаци да мислат малку со тиквите и да внимаваат и погледнуваат лево-десно, за сопствениот живот и здравје сепак се работи !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom