Кој прв, пешакот или автомобилот?

Член од
16 ноември 2019
Мислења
12
Поени од реакции
2
Поздрав до сите форумџии и малку помош за една дилема.
Доколку во сообраќај се погоди ситуција да биде вклучено зелено светло на семафорот во исто време и за пешакот и за автомобилот кој има првенство на минување.
Да напоменам само дека не се работи за помошно зелено светло како кога обично вртиме за десно
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
На хартија е пешакот во реалноста автомобилот,иако веќе нема правила ни прописи у градов бидејќи е џунгла.Ако фатиш да снимаш што се случува на дневна основа низ Скопјево оние од russia compilation шо ги вадат за цела година ние ќе им го срушиме у еден ден.
 
G

Gjoksi

Гостин
Јас до сега во мојот живот не сум наишол на ситуација кога во исто време свети зелено светло и за возилата и за пешаците, освен она помошното за вклучување во десно кога во исто време свети зелено и за пешаците од другата улица!

Сепак, ако постои таква ситуација, чл. 122 ст. (1) од ЗБСП вели:
„Ако сообраќајот на обележан пешачки премин е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци што ги дава полициски службеник, возачот е должен своето возило да го запре пред пешачкиот премин кога со дадениот знак му е забрането минување, а ако на таков премин со дадениот знак му е дозволено минување - возачот не смее да го попречува минувањето на пешаците кои веќе стапиле на пешачкиот премин.“
Што всушност би значело дека, ако не си стапнал на пешачкиот, тогаш ќе мораш да го пропуштиш возилото.
 
Член од
16 ноември 2019
Мислења
12
Поени од реакции
2
Фала многу gjoksi тоа во принцип значи дека ако отвори зелено во истиот момент,за возила и пешаци и доколку возилата веке тргнале пешаците несмеат да тргнат се додека има возила,а инаку има такво место во Скопје и тоа токму во центарот на Васил Главинов т.е кога се движиш од спроти кафана јоле на Главинов и вртиш за лево накај рекорд т.е накај стар мекдоналдс
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896

Таму пешаците имаат предност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088

и помошно и главно, дали вртиш лево или десно, теоретски пешаците (и велосипедистите), тие што одат право. Сегде, дури и ако нема семафор, ако е на пешачки...па и да нема.
Дури и кога претрчуваат, а немаат право, сигурно нема да ги повредам. Обично на права улица ако зад мене нема возила (пошто е забрането да попречуваш сообраќај со застанување/намалување без семафор или премин) подзастанувам да ги пуштам, како и коли кои се приклучуваат...фер возење. Највише (освен јаја паша) така претрчуваат кај млечен и кај Католичка. Ако полагаш вожња, тоа е мислам друга приказна за застанување на права улица.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Овде има нејасни работи. Јас сум возачот. Гледам зелено светло и шибам со 60 (некои дури со 90). Од каде да знам дека и пешакот има зелено светло? Кој си дозволил таква грешка (ако добро разбрав) едновремено да има зелено за пешаците и за возилата? Пешакот можеби ќе забележи дека и возилата имаат зелено светло, ама возачот нема да забележи дека и пешаците имаат зелено светло. Ете катастрофа.
Значи дека треба итно да се реагира кај надлежните (ако постојат) да ја исправат нелогичноста.
 
ако е регуларно зелено светло, тогаш на обична крстосница е зелено и за пешакот кој е од твоја лева или десна страна, а сака да помине паралелно односно на пешачки на улица која се вкрстува со твојата. Го гледаш зеленото од карши, на семафорот. Ако е помошно зелено, тоа значи се внимава на возила од улицата која се вкрстува со твојата и на пешаци кои минуваат по иста таа улица. Правилата се добри, само јас како пешак внимавам на "посилниот", во овој случај, колата што треба да ми пресече пат. Оти некој е задуман, некој не внимава, некој збори на мобилен, некој е луд.
Автоматски споено мислење:

Мене повеќе ме бунат вакви ситуации
uwLcUWdpq7-raskrsnica-koja-predizvika-rasprava-na-socijalnite-mrezi-koj-ima-prvenstvo-na-minu...jpeg

а.jpg
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.629
Поени од реакции
34.888
Јас до сега во мојот живот не сум наишол на ситуација кога во исто време свети зелено светло и за возилата и за пешаците, освен она помошното за вклучување во десно кога во исто време свети зелено и за пешаците од другата улица!

Сепак, ако постои таква ситуација, чл. 122 ст. (1) од ЗБСП вели:
„Ако сообраќајот на обележан пешачки премин е регулиран со светлосни сообраќајни знаци или со знаци што ги дава полициски службеник, возачот е должен своето возило да го запре пред пешачкиот премин кога со дадениот знак му е забрането минување, а ако на таков премин со дадениот знак му е дозволено минување - возачот не смее да го попречува минувањето на пешаците кои веќе стапиле на пешачкиот премин.“
Што всушност би значело дека, ако не си стапнал на пешачкиот, тогаш ќе мораш да го пропуштиш возилото.
Вртење на Гологанов за Рузвелтова, на Гологанов зелено за возила на Рузвелтова истовремено зелено за пешаци.
На вртење од Даме Груев кон Димитрија Чуповски (раскрсницата кај Палома Бјанка), зелено за лево на возила, зелено на Чуповски за пешаци и на уште многу други раскрсници во "метрополата".
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Додека се навикнам на новите никови, си велам кој е овој новиов...со 6000 мислења :)
 
D

Deleted member 12196

Гостин
ако е регуларно зелено светло, тогаш на обична крстосница е зелено и за пешакот кој е од твоја лева или десна страна, а сака да помине паралелно односно на пешачки на улица која се вкрстува со твојата. Го гледаш зеленото од карши, на семафорот. Ако е помошно зелено, тоа значи се внимава на возила од улицата која се вкрстува со твојата и на пешаци кои минуваат по иста таа улица. Правилата се добри, само јас како пешак внимавам на "посилниот", во овој случај, колата што треба да ми пресече пат. Оти некој е задуман, некој не внимава, некој збори на мобилен, некој е луд.
Автоматски споено мислење:

Мене повеќе ме бунат вакви ситуации
Прегледај го приврзокот 227292

Прегледај го приврзокот 227293
Слика 1:
Во пракса додека камионот врти лево (тој има предност) автомобилот врти десно. Решен проблем.
Во теорија (на полагање) - дали знакот СТОП и превртениот триаголник имаат ист приоритет (сум заборавил, одамна беше, а може некои работи и да се променети)? Ако се со ист приоритет автомобилот е во предност. Ако триаголникот има повисок приоритет тогаш автобусот е во предност, ама ете автомобилот ќе се прошверца додека камионот му штити грб.
Слика 2:
Нема нејаснотии, автобусот е на главен пат, додека автомобилот се приклучува од спореден и мора да чека.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Полицаец, семафор, сообраќаен знак и на крај десно правило, редослед на минување н араскрсница. Знак со условно запирање и и стоп знак никако не се од иста важност.

На камионот првенството на минување му е за десно, а тој свртува лево и затоа мора да им даде предност на оние што идат од десно и повеќе нема првенство.
Од десно има автобус со знак вкрстување на пат со првенство на минување, ама под него има уште еден знак и не знаеме дали е лево или десно, ама сеедно тој и онака оди право и ко задржува правецот на движење. Автобусот од десно има кола со стоп знак, знак кој се става ако пат не е толку прегледен и задолжително мора да запре и да чека.

Автобусот прв, а колата и камионот може во исто време да поминат, откако ќе помине автобусот.

Втората раскрсницата е со знаци и семафори, а секогаш се гледа по семафорот и прва оди колата. :icon_mrgr:
 
Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.018
Поени од реакции
22.923
Слика 1:
Во пракса додека камионот врти лево (тој има предност) автомобилот врти десно. Решен проблем.
Во теорија (на полагање) - дали знакот СТОП и превртениот триаголник имаат ист приоритет (сум заборавил, одамна беше, а може некои работи и да се променети)? Ако се со ист приоритет автомобилот е во предност. Ако триаголникот има повисок приоритет тогаш автобусот е во предност, ама ете автомобилот ќе се прошверца додека камионот му штити грб.
Слика 2:
Нема нејаснотии, автобусот е на главен пат, додека автомобилот се приклучува од спореден и мора да чека.
Све погрешно напиша. Првата слика иде прво автобус, затоа што автомобилот има предност ако оди десно, ако врти лево ја губи таа предност.
Втора слика: нема главен/спореден пат, кога се регулира со семафор.

Крај краева, тотално небитни слики и во реалност нема шанси да дојде до ваква ситуација.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Втората раскрсницата е со знаци и семафори, а секогаш се гледа по семафорот и прва оди колата. :icon_mrgr:
Само што си малку простичок и не гледаш дека му е зелено и на бусот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom