Слушнав сабајле една песна на Vh1 и не ми текнува како се викаше, а чичко гугл не ми беше од помош досега. Спотот беше малце чуден: двајца луѓе носат по една торба во која имаше човечка глава (кои што мрдаа, т.е. беа живи) низ аеродром, па на крај некако завршуваат во лифт и си ги сменуваат главите со тие во торбата, меѓутоа им се ставени обратно. Имаше и една бабичка и едно куче во спотот кои во даден момент ги имаа торбите со нив. Песната можно е да беше soundtrack на некој филм, бидејќи мелодијата ми беше позната, ме потсеќаше како од некој James Bond филм. Чуден спот, ама фина песна.
P.S. Не бев под дејство на било какви психотропни супстанци