http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1155&ArticleID=74034
ЗАБУНА ОД РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ЕВРОПАРЛАМЕНТОТ
Европејците ни препорачуваат уште еден службен јазик
Уставот на Република Македонија во амандманот 5 предвидува употреба на албанскиот јазик во писмената комуникација меѓу граѓаните и подрачните органите на државната власт само на локално ниво, односно само во подрачјето каде што повеќе од 20 отсто од населението е албанско, а не на цела територија. - Во сите други подрачја во земјава, каде што има помалку од 20 отсто Албанци, службен јазик во комуникацијата со јавните институции е македонскиот, и оваа одредба од Уставот може да се менува само со закон - смета Тања Каракамишева, професорка по уставно право и политички системи.
Резолуцијата што Европскиот парламент ја изгласа во петокот ја повикува Македонија да најде решение за употреба на албанскиот јазик во јавните институции и да се реши статусот на албанската герила, односно ОНА.
Забуна внесе првиот дел од пораката во Резолуцијата, употреба на албанскиот јазик во јавните институции, што е спротивно на став 1 &“8211; алинеја 5 од Уставот во која се вели дека „во органите на државната власт службен јазик различен од македонскиот, може да се користи само со донесување посебен закон“, тврди професорката Каракамишева.
- Законот за јазиците не е донесен, ако тој закон стане реалност и во него се вметне препораката или пораката на Европскиот парламент за употреба на албанскиот јазик, тогаш автоматски ќе имаме два службени јазици во земјава - додава Каракамишева.
Наспроти ова, дел од македонската делегација што беше во Стразбур, се уште е збунета во врска со клаузулата од т.н. „мајски договор“ меѓу власта и опозицијата, која сега е дел и од пишан европски документ.
- Јас сериозно ги сфаќам пораките и документите на европските институции. Тие не ставаат туку&“8211;така нешто на хартија. Тие имаат намера тоа и да го спроведат. Прашањето за употребата на албанскиот јазик е деликатно прашање, неопходна е јавна дебата која јас ќе ја побарам, ако не на друго место, тогаш во Парламентот. Без оглед што договориле две партии, Македонија ќе го носи товарот - вели Иван Анастасовски, потпретседател на Собранието и дел од тимот кој беше во Стразбур.
Од Демократската унија за интеграција на Албанците, точката за употребата на албанскиот јазик ја толкуваат на свој, како што велат, поширок начин.
- Амандманот 5 од Уставот вели дека албанскиот јазик е втор службен јазик, без да дава спецификација дали тоа важи само во единиците каде Албанците се повеќе од 20 отсто или на цела територија на Македонија - вели Теута Арифи, потпретседателка на ДУИ. Според Џеват Адеми, пак, пратеник на ДУИ, доколку во Струмица има макар еден Албанец, тогаш тој треба да има право да се обрати до јавните органи на мајчин јазик.
И покрај недореченоста и забуните во јавноста, од Владата велат дека содржината во Резолуцијата на Европарламентот не е задолжителна, и дека за употребата на албанскиот јазик нема да се пречекори уставната рамка и одредбите од Охридскиот договор.
:jaj:
Grcka a? :uvo: da e samo grcka