Aбе ние ја браниме Македонија,само на тастатура,онака виртуелно што би се рекло,иако во последно време како и тоа да не го правиме баш доволно.
Од друга страна дома имаме поголеми проблеми што покрај другите ни ги задаваат нашите власти,од осамостојувањето па до денес.Денес ние си имаме блентаво извршена приватизација,комунистичко судство,непотизам со висок коефициент,администрација 6-7 пати поголема отколку Словенија која има скоро ист број на жители,вработени кој покрај другото треба да извадат пари и за еден пензионер и по еден административец на кого му плаќаат и социјално-пензиони давачки затоа што тој дреми и си ги стружи ноктите зад некој шалтер.Ние си имаме и високи цени на комуналните давачки како никаде во Европа,исто и на прехрамбените продукти,невработени еден куп на кој владите за да им овозможат да работат им бараат ригорозни услови и давачки повисоки од нивната заработувачка,па затоа или бегаат странство или шетаат како муви без глава по улиците,без инвентивност и заинтересираност,шнајдерки кој работат за 2-3$ на ден и при тоа умираат на машини од премореност и несоодветни услови,имаме најефтино платен тутун во светот а по некогаш и недоплатен како оваа година,имаме и министри за економија кој јавната давачка ја зголемуваат за 120% а при тоа изјавуваат дека само малку ќе се зголемела(што би било кога би се зголемила повеќе значи 999%),имаме претпријатија за производство на цигари кој нижат милионски загуби наместо да профитираат како во секоја нормална држава и да бидат столб за полнење на буџетот,имаме влада која само на сопствена реклама без ефект троши колку Coca-Cola за притоа никаква инвестиција да не донесе и покрај моронските олеснувања со театрални најави пред камери,имаме уште многу други работи за кој и нема толку простор и време да ги донапишам иако знам дека се многу побитни од реципроцитет кон Грците или некои други непријателски расположени народи.