И ако го постават Лино за селектор нека се убијат,тој е залутан во времето,заедно со другар му Кадењас(кој рака на срце во Висла има друга физиономија и далеку подобро делува она шо го работи таму отколку во Шпанија,не ме залажува тоа финале на ЕП,кога беа едноставно разнесени од Панцирите).
Нас ни треба селектор кој ќе внеси нови идеи,ќе ја забрза играта,ќе поработи на таа игра со бековите,акции за шутеви на левиот бек-кога добива блок или од средниот бек со навлекување на играч врз себе,или од пикер,акции кога имаме играч повеќе,нека научат нешто од Данците,како се реализираат тие напади со играч плус,со широки додавања се избегнува средниот бек и се игра на левиот или десниот бек,така заштедуваш и во време и во простор..(и за Раул важи ова)
Ова ни фали,нешто ново,а за игра со 3 измени одбрана,3 напад видовме до кај стигнавме,и Шпанците до каде стигнаа,помина тоа време..
Помина времето на едноснасочните играчи,тие ќе бидат реткост,по еден,максимум двајца во тим...
Тоа е за во 20век,сега дојде времето на сериозни селекции,кои се технички спремни,кои нема да изгубат повеќе од 4,5 топки на меч(пробивања,чекори и слично),значи тоа ни фали КОНТРОЛА НА ТОПКА,ДВИЖЕЊА БЕЗ ТОПКА,ИГРА ВО ОДБРАНА ВО КОЈА ЌЕ ИМАМЕ ГУСТИНА,А НЕМА ДА ИЗЛЕТУВАМЕ ПРИ СЕКОЈ ВТОР НАПАД И ДА ЛАПАМЕ 2 МИНУТИ..
Покривање простор,правење позиција за вишок на крило,на пикер,посебно при тие ситуации на крај,имавме шанси со Полска,со Норвешка да решиме последен напад,не ни шутнавме на гол,со Србија ни се посреќи,random асистенција на Жути...
Ова ни фали нас,играме недотеран ракомет,со многу грешки,несигурност,при прва посериозна предност се распаѓаме тоталка,знаеме да играме додека водиме,а не стигнат и толку е...
Значи и психички сме очај...
Овие сите работи ќе мора да се корегираат ако сакаме некогаш да личиме на нешто..
А ако го донесат Лино,прво ќе се фатат в гуша со Кире и пола дузина играчи од Металург,настрана тие негови урлања и испади и мавтање со тие рачињата негови,
ТИ ЧЕШ МЕНЕ ЛОПТЕ ПРОДАВАТ
Нека се пензионира таму,нека отвори тезга во Умаг,да си ги шитка шлеперите со сортни вина од другар му Минчо,тие шо му останаа во визбата од Златните Времиња на Металург...
Нека решат шо ќе прават,прво најважно е да се види шо ќе се прај со Живко,ако замини тој кај
ќе бараат нов тајкун?
....
Штом Кире јавно го испофали значи навистина имало се од организација,и навистина тајкунот обезбеди услови,единствена замерка му е Обрван,требаше да ископаат нешто подобро...
Заебана работа е,Кире мангупски индиректно услови дека АКО НЕМА ПАРИ НЕМА ДА ИГРА,Живко виде кај влегува и сеа сака да избега,државата не се замара толку(а и нема шо да се замара,кога и појма немаат од спорт),играчи неаме на лагер,тие се 25-30 играчи,црквени-мртвени тоа имаме да понудиме...
Овде треба еден целосен REBOOT SYSTEM-а,и да се почни одново,од овај систем толку беше,колку побрзо решат да менат нешто толку побрзо ќе фатиме приклучок,барем кој оние средна класа селекции,доколку не искористат сега ситуација додека сеуште Кире е на нозе и игра ќе си имаме ВИП друштво со Летонија,Литванија,Словачка,Австрија и компанија...