Воопшто не се нови, само апокрифен додаток, стара приказна, но друго е муабетот.
Не се чувствувај повикан, оние квалификации за односот на човекот кон Бог се генерални, и јас не се исклучувам од нив и јас сум човек.
Сократ признава дека знае дека ништо незнае...
Ап. Павле вели дека како човек ја согледува човечката немоќ(смртност), кој како создание нема капацитет да ја надмине оваа состојба без Апсолутот, Бог. Итн...
Смислата и животворноста се различни категории, не треба да се мешаат, смислата без животворноста е бесмислена и е условена од истата за да има смисла...
Искрено не се лутам, но дај Боже да не си изгубен како што се надеваш...
Бог се открива во историјата преку Исус, но внимава да не се наметне со своето видливо, воскреснато присуство(затоа и ти дозволува, т.е. ти ја пази слободата да велиш дека е имагинарен), но сведочи невидливо во историскиот континуитет преку Духот на Слободата (Св. Дух) во Црквата до ден денешен и до крајот на вековите.
Не заборавај дека е и Бог и ја победил природата, создаденоста(ропството на физичките закони, потреби...) и воедно ја соединува за вечност.
И сеа ти кажи Кој е Исус ама не само твоестрано да не се чувствувам монолошки.