Кој е Исус Христос?

liberij

ТЕРИРЕМ
Член од
3 април 2012
Мислења
2.037
Поени од реакции
1.018
Ориген : “ Исус бил млечок по раст а лицето му било толку грдо што предизвикувало гнасење“
Тертулијан: “Неговиот лик беше сосем лишен од секаква убавина и привлечност..... Кој би можел да плукне врз еден образ од лицето ако Христос не се истакнувал со својата грдотија која што го направи предмет на презирање во очите на луѓето...“
Евзибиј: Исус е низок по раст и грд
Св. Кипријан, Св, Августин: Исус е низок и грд
Лентулово послание: Исус е со велинчествено благородно лице... не може да се даде никаква забелешка за облик на неговиот нос и уста..... движењето и ставата горди.... најубавиот по личнотија меѓу човечките синови„

Грозданов на што се повикува оценувајќи го Исус како многу убав?
Црковниот став према култот на иконата постетено се искристизирал низ повеќе етапи. Ориген и Тертулијан не зборуваат во прилог на иконата, исто така ниту Јевсевије Кесариски (263-339), кој сепак признава дека видел икони кои ги преставуваат Христос и Апостолите. Многу било популарно во тоа време мислењето дека постоел автентичен лик Христов. Св. Василие Велики ја споредува функцијата на општење кон иконата со функцијата на зборовите: „што е зборот за слушање, тоа е иконата за видот“. Св. Јован Златоуст вели дека иконата е гаранција на стварноста, видливо Овоплотување на Бога. Св.Јован Дамаскин (околу 730-760) ја одредил теологијата на иконата во нејзина класична форма. За него иконата почива на фактот вселување на човековата природа во ипостасот на Логосот. На крај, Седмиот Васеленски Собор (Никеја, Витинија, 788), повикан против иконоборството, со допринос на патријархот Тарасија (784-806) го одредува православното учење за иконографското представување на Христос, Мајката Божја, ангелите и светителите.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 20:47 ---

--- надополнето: 16 јануари 2013 во 20:51 ---
Неракотворен образ на Господ Исус Христос

Леонид Успенски

На почетокот од оваа наша ера, кога Христос проповедаше во Палестина, во градот Едеса на Еуфрат владееше еден кнез по име Авгар. Авгар беше болен од некоја неизлечива болест, па штом слушна за чудниот Палестинец, т.е. дека ги лечи луѓето од секакви болести, испрати писмо до него по еден свој слуга, со молба до Христа да дојде и да го исцели. Ананиј, т.е. слугата, кој владееше со сликарската вештина, имаше и задача да го нацрта Христовиот лик и да му го донесе на кнезот. Писмото стигна до Христа, но Ананиј никако не успеваше да го нацрта ликот. А Христос, знаејки го порачаното, додека се наоѓаше меѓу народот, го изми лицето со вода и го избриша со крпа на која потоа остана отпечаток од неговиот лик. Овој неракотворен лик Ананиј го однесе кај Авгара, а овој го целива и веднаш се исцели. Авгар потоа го постави убрусот (крпата) со неракотворниот лик над влезната порта од градот, за да ја изразува пред сите верата на кнезот во божественоста на Исуса Христа. А во X век императорот Константин Багренороден (Порфирогенит) го пренесе убрусот со неракотворниот лик во Цариград и го постави во црквата Света Софија.
Црковното Предание тврди дека првата Христова икона се појавила уште за време на Неговиот живот. Тоа е иконата која Православната Црква ја нарекува Неракотворен образ.
Историјата на создавањето на првиот Христов образ нам ни се предава пред сè во текстовите од службата на Неракотворниот образ – 16 август: „Изобразениот пречист лик твој го прати на верниот Авгар, кој посака да те види Тебе, Кој си, по Твоето божество, невидлив и за херувимите“ (стихирите на 8-ми глас од вечерната). Стихирата на утрената богослужба (глас 4-ти) вели: ,,Своите богонапишани зборови си ги пратил на Авгар кој посакуваше спасение и здравје од образот на Твојот Божествен зрак. Спомнувањето на приказната за Авгар е присутно многу често, особено во службата која се врши во храмовите посветени на Неракотворниот образ. Меѓутоа, богослужбените текстови не зборуваат за поединости околу настанувањето на образот: тие говорат само за неговото постоење“. Старите писатели не го спомнуваат сè до V век, најверојатно затоа што бил заѕидан на место кое било заборавено. Најстарото сведоштво кое ни е на располагање се наоѓа во документот со име „Адајево учење“. Адај бил едески епископ (541 год.) и во своето дело користи, очигледно, некакво помесно предание или документ кој за нас е непознат, меѓутоа најстариот писател Евагриј (VI век) кој ни е познат и чие авторство е неспорно во својата Црковна историја, Неракотворниот образ го нарекува „богосоздадена икона“.
Самото платно со ликот Господов на него, било чувано како најголема градска светиња во Едеса. Почитувањето на тој образ било распространето на целиот исток. Во VIII век Христијаните, следејќи го примерот на Едеса, на многу места го славеле празникот на Неракотворниот образ.
За време на иконоборството преп. Јован Дамаскин го спомнува Неракотворниот образ, а 787 год. отците од Седмиот вселенски собор неколкупати го спомнуваат. Чтецот на цариградската црква Света Софија, по име Лав, кој присуствувал на тој собор, соопштува дека го целивал Неракотворниот образ за време на својот престој во Едеса. Византиските цареви Константин Порфиророден и Роман во 944 год. во Едеса го откупиле Неракотворниот образ. Образот свечено бил пренесен во Цариград и сместен во црквата посветена на Мајката Божја на островот Фарос. Самиот цар Константин составил беседа во чест на образот, величајќи го како заштитник на царството. Најверојатно од тоа време потекнува, барем во повеќе дела, службата на празникот која се врши на 16 август т.е. на денот на пренесувањето на Неракотворниот образ во Цариград. По опустошувањето на Цариград од крстоносците (1204 год.) трагата на образот се губи.
Во Франција постои чудотворна икона на Неракотворниот образ која денес се чува во катедралната ризница во Лион. Таа икона е од балканско, можеби српско потекло, настаната во XII век. Неа во 1249 год. во Франција од Рим ја донел Јаков Пантелејмон Тарциниус, идниот папа Урбан и ја поклонил на својата сестра, игуманијата на цистеринскиот манастир.
Денот на празникот на Неракотворниот образ се одбележува како „пренесување од Едеса во Цариград на Неракотворниот образ на Господ нашиот Исус Христос, т.е. светиот убрус“. Меѓутоа, службата на тој ден воопшто не се ограничува само со споменот на пренесување на иконата од едно место на друго, туку главен збор зазема догматското засновање на образот и неговата содржина.
Смислата на изразот „неракотворен образ“ може да се разбере во Светото Евангелие според Марко 14,58: ,,тој образ е пред сè самиот Христос, воплотеното Слово, кој се јави во храмот на телото свое“ (Јован 2,21). Од времето на Неговото јавување, Мојсеевата забрана на образот (Исх. 30,34) ја губи својата смисла: Христовите икони стануваат непобитно сведоштво на воплотениот Бог. Тука не се работи за образот Божји кој е составен по човечка замисла, туку за вистинскиот лик на Синот Божји кој стана Човек, за кого црковното Предание тврди дека бил во непосреден допир со Неговиот жив лик. На денот на Неракотворниот образ Црквата ја прославува првата икона на Бога кој постана Човек.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Се кажува и некое предание дека царот Авгар кој владеел во градот Едеса, го испратил сликарот да го изобрази ликот Господов, но тој не бил во состојба поради заслепувачки блесок на Неговото лице. А Господ го приклонил своето лице на едно платно и го изобразил на него својот лик и така му го испратил на Авгар, кој тоа го сакал.
Еве ти го и писмото на Абгар до Исус :
Абгар, синот Укамов, до Исуса доброчинителот, којшто се појави во околината на Ерусалем. Ми кажувале за тебе и за тоа дека лекуваш болни без тревки и лекови. Расправаат дека со твојата моќ слепите прогледуваат фатените проодуваат дека ги избркуваш нечистите духови и ѓаволите, дека ги оздравуваш оние којшто докго време боледувале и дека воскреснуваш мртви. Откако сево ова сум го слушнал за тебе, од двете едно е вистината: или си Бог и откако си слегол од небото, дејствуваш, или го чинишсето тоа како син Божји. Затоа денеска ти пишувам и те молам да се удостоиш и да дојдеш да ме ослободиш од болеста од која страдам. Згора на тоа ми раскажувале дека Евреите мрмореле против тебе и дека сакале нешто лошо да ти сторат. Мојата престолнина не е голема но е убава и достатна за нас двајцата

еве го и писмото кое Исус му го напишал како одговор:
Благословен да бидеш, оти не си ме видел а си поверувал во мене. Пишувано е за мене дека оние коишто ме виделе, нема да поверуваат во мене, дека оние коишто не ме виделе ќе смогнат да поверуваат и дека живот вечен ќе имаат. Што се однесува до твојата молба да дојдам кај тебе, овдека треба да го исполнам своето послание, а потоа да се вратам кај онега што ме испратил. Кога тоа ќе се исполни ќе ти пратам еден од своите ученици, кој што ќе те излекува од болеста и кој што ќе ви го отвори и тебе и на оние што се со тебе патот на животот
 
(y)
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Еве како „изгледал“ Исус, хронолошки, историски гледано од 1 в. од н.е. до денешната претстава..

1.
1 век од н.е.

Deo Optimo Maximo (To God the Best and Greatest

2. II век од н.е.
Митрас - или божествено титуларен дериват од Римска титула во времето на Доминатот - „Sol Invictus, Неосвоеното Сонце. Култ на Аполо што преовладал во Рим со цел да се воздигне титулата на Императорот (и овластувањата), а оттука и потребата да се издигне истиот на ранг на Аполо, како негов директен наследник. Митрас како паралела со Аполо дошол во Рим од Сирија. Бил популарен во армијата, па Императорот Аурелијан само го издигнал значењето и го присвоил, па како таков, ја назначил за себе (за прв пат) титулата Pontifex Maximus - врховен свештеник, титула што и ден денес ја носи Римскиот Папа.“

Митрас, Аполо, Исус

Слична претстава за Исус се наоѓа во 4 век од н.е. во Англија во месноста Роундел во црквата St.Mary...

Овде светлосниот ореол е заменет со Константиовниот КРСТ, првиот и официјален симбол на Христијанството, кој инаку дотогаш не постоел, а го заменил знакот на риба, односно на сидро. (види погоре)..
Употребата на крстот не го симболизира распетието на Исус, тоа доаѓа подоцна, со првата претстава на распетието, туку, напротив, е дериват на почетните букви од името Христос напишано на старогрчки Кси -Х и Ро -Р, кои се прекрстуваат... Христос значи - „помазениот“... Додека буквите Алфа - А и Омега - Ω го означуваат „почетокот“ и „крајот“.

3.
4.век од н.е.

Исус е претставен како Орфеј...
На првата слика е претставен Исус на поден мозаик во Аквилеиа, во Катедралата на Бискупот Теодор. Добриот овчар - трет век од н.е. - Христос-Орфеј - хибридна форма на Исус кој ја држи фрулата на Орфеј.
На втората слика е исто така претставен Исус во хибридна форма, Орфеј - Христос, ѕидна слика од катакомба во Домацилија- Рим, (350 г)4 ти век од н.е. - Орфејолик Исус седи на карпа покрај овцата и држи сиринкс - фрула.
Слика бр. 3 - Исус бил идентификуван со Орфеј - синот на Аполо. Орфеизмот овде е поприлично „мистичен“ како религиски правец, со оглед да сметал дека по смртта после смртта, човековата душа ја обзема вечен сјај, или дека можеби е подложна на вечно измачување, зависно од нејзиното однесување на Земјата. Како и многу други пре-христијански мистични религии, Орфеизмот содржел чудновито раѓање и воскреснување. Религиозните практики вклучувале обреден и жртвен оброк на леб и вино, што ја претставувале понадата со месото на Бога и пиењето на неговата крв. Но, таквите сличности не се наоѓаат само кај Орфеј, туку и во митот за Дионис. Орион на пример, искусил чудновито (девествено божјо) раѓање. Во текот на својот живот тој направил многу чуда, како на пример одел по вода. Тој подоцна умрел па воскреснал за да го заземе местото како Бог. Аесклепиј, уште еден човек, кој се здобил со бесмртност, „имал навика“ да се врати на Земјата и да ги лечи луѓето и им ја претскажува иднината. Грчкиот бог Дионис (на слика 3 - воскреснува кај Ѕевс), Синот на Ѕевс, бил убиен и воскреснал од мртвите.

4.
3 и 4 век од н.е. -
Египетската божица Изис со малиот Хорус... христијаните го презеле тој старо-египетски култ (Isis Lactanis), пренесен од Старите Елини и Античките Македонци од Египет.... слика бр.3 Maria Lactanis

4 - 5 век од н.е.
Исус како хермафродит..

5. - Распетието..

Римски Crux Simplex Crux Immissa

Crux Decussata

Crux Commissa

Раѓањето и распнувањето на Дионис...

Повторно, саркофагот Домацилиа, Носењето на Крстот и Воскресението... околу 350 година од н.е. 4 век...

Интересно кај овие две слики е фактот што потекнуваат од истиот саркофаг опишан погоре, на кој е претставено воскресението на Дионис придружувано од Никите (подоцна во христијанството ангели) носители на победата (во овој случај на животот над смртта)...
На овие две слики Исус не е прикажан....

6. Во базиликата Св.Аполонаре Нуово во Равена - Sant'Apollinare Nuovo(имево малце чудно а? :))))))))))))
За прв пат со брада..
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Споменатите автори со ранохристијански писатели
Се...
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 23:40 ---
пред православиетпо да се одвои од христијанството во посебна црква,
Погрешна претпоставка...
...а од погрешни претпоставки, се извлекуваат погрешни заклучоци.
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 23:41 ---
али ај кажи кој “правоверен“ го видел Исус и на негов опис се темели ликот и ставата негова?
...забора‘и да изразиш и музичка желба...
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 23:43 ---
Кој е тој опис на веродостоен сведок на кој се темели денешниот лик на Исус
Во толкувањето на евангелието по Св. Ап. Марко, проф. Гроздановски дава детаљен опис на излгедот и облеката од Христа. Што мислиш, од кај знае професорот за тој опис?
--- надополнето: 16 јануари 2013 во 23:47 ---
Еве како „изгледал“ Исус, хронолошки, историски гледано од 1 в. од н.е. до денешната претстава..

1.
1 век од н.е.

Deo Optimo Maximo (To God the Best and Greatest

2. II век од н.е.
Митрас - или божествено титуларен дериват од Римска титула во времето на Доминатот - „Sol Invictus, Неосвоеното Сонце. Култ на Аполо што преовладал во Рим со цел да се воздигне титулата на Императорот (и овластувањата), а оттука и потребата да се издигне истиот на ранг на Аполо, како негов директен наследник. Митрас како паралела со Аполо дошол во Рим од Сирија. Бил популарен во армијата, па Императорот Аурелијан само го издигнал значењето и го присвоил, па како таков, ја назначил за себе (за прв пат) титулата Pontifex Maximus - врховен свештеник, титула што и ден денес ја носи Римскиот Папа.“

Митрас, Аполо, Исус

Слична претстава за Исус се наоѓа во 4 век од н.е. во Англија во месноста Роундел во црквата St.Mary...

Овде светлосниот ореол е заменет со Константиовниот КРСТ, првиот и официјален симбол на Христијанството, кој инаку дотогаш не постоел, а го заменил знакот на риба, односно на сидро. (види погоре)..
Употребата на крстот не го симболизира распетието на Исус, тоа доаѓа подоцна, со првата претстава на распетието, туку, напротив, е дериват на почетните букви од името Христос напишано на старогрчки Кси -Х и Ро -Р, кои се прекрстуваат... Христос значи - „помазениот“... Додека буквите Алфа - А и Омега - Ω го означуваат „почетокот“ и „крајот“.

3.
4.век од н.е.

Исус е претставен како Орфеј...
На првата слика е претставен Исус на поден мозаик во Аквилеиа, во Катедралата на Бискупот Теодор. Добриот овчар - трет век од н.е. - Христос-Орфеј - хибридна форма на Исус кој ја држи фрулата на Орфеј.
На втората слика е исто така претставен Исус во хибридна форма, Орфеј - Христос, ѕидна слика од катакомба во Домацилија- Рим, (350 г)4 ти век од н.е. - Орфејолик Исус седи на карпа покрај овцата и држи сиринкс - фрула.
Слика бр. 3 - Исус бил идентификуван со Орфеј - синот на Аполо. Орфеизмот овде е поприлично „мистичен“ како религиски правец, со оглед да сметал дека по смртта после смртта, човековата душа ја обзема вечен сјај, или дека можеби е подложна на вечно измачување, зависно од нејзиното однесување на Земјата. Како и многу други пре-христијански мистични религии, Орфеизмот содржел чудновито раѓање и воскреснување. Религиозните практики вклучувале обреден и жртвен оброк на леб и вино, што ја претставувале понадата со месото на Бога и пиењето на неговата крв. Но, таквите сличности не се наоѓаат само кај Орфеј, туку и во митот за Дионис. Орион на пример, искусил чудновито (девествено божјо) раѓање. Во текот на својот живот тој направил многу чуда, како на пример одел по вода. Тој подоцна умрел па воскреснал за да го заземе местото како Бог. Аесклепиј, уште еден човек, кој се здобил со бесмртност, „имал навика“ да се врати на Земјата и да ги лечи луѓето и им ја претскажува иднината. Грчкиот бог Дионис (на слика 3 - воскреснува кај Ѕевс), Синот на Ѕевс, бил убиен и воскреснал од мртвите.

4.
3 и 4 век од н.е. -
Египетската божица Изис со малиот Хорус... христијаните го презеле тој старо-египетски култ (Isis Lactanis), пренесен од Старите Елини и Античките Македонци од Египет.... слика бр.3 Maria Lactanis

4 - 5 век од н.е.
Исус како хермафродит..

5. - Распетието..

Римски Crux Simplex Crux Immissa

Crux Decussata

Crux Commissa

Раѓањето и распнувањето на Дионис...

Повторно, саркофагот Домацилиа, Носењето на Крстот и Воскресението... околу 350 година од н.е. 4 век...

Интересно кај овие две слики е фактот што потекнуваат од истиот саркофаг опишан погоре, на кој е претставено воскресението на Дионис придружувано од Никите (подоцна во христијанството ангели) носители на победата (во овој случај на животот над смртта)...
На овие две слики Исус не е прикажан....

6. Во базиликата Св.Аполонаре Нуово во Равена - Sant'Apollinare Nuovo(имево малце чудно а? :))))))))))))
За прв пат со брада..
Хммм, да, очигледно е дека Богоборството е континуиран процес...
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Во толкувањето на евангелието по Св. Ап. Марко, проф. Гроздановски дава детаљен опис на излгедот и облеката од Христа. Што мислиш, од кај знае професорот за тој опис?
[.
Мешал ракија и вино
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Хммм, да, очигледно е дека Богоборството е континуиран процес...

Да ги гледаш сликите поубаво, да прогуглаш ко што треба ќе видиш дека тие слики и фрески се творби на самите христијани, уште од раното и младо христијанство.. па ваљда не се христијаните сами на себе богоборци?!? Или можеби? :pos:

А да..
Можеш да кажеш дека овде, преку овие слики некој некад лажел, и сеуште лаже со тоа.. но да знаеш една работа.. во уметноста нема лажги и лажења.. она што го гледаш е она што е реално.....
а ти како сакаш.. можда ти е време да си ја преиспиташ „верата“..

Ау да..уствари ти веќе и ја преиспитуваш ... ;-)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Да ги гледаш сликите поубаво, да прогуглаш ко што треба ќе видиш дека тие слики и фрески се творби на самите христијани, уште од раното и младо христијанство.. па ваљда не се христијаните сами на себе богоборци?!? Или можеби? :pos:
MEDDLE,

не „набадај„ произволности: раните рисјани беа гонети и убивани, меѓу другото, и затоа што не сакаа да им се поклонуваат на римските идоли.

Своред Твојата логика, ќе испадне дека раните рисјани не Го обожуваа својот Бог, Исус Христос, туку го обожуваа идолите од римската митологија...

Логика, нели?...:sneaky:
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 13:31 ---
А да..
Можеш да кажеш дека овде, преку овие слики некој некад лажел, и сеуште лаже со тоа.. но да знаеш една работа.. во уметноста нема лажги и лажења.. она што го гледаш е она што е реално.....
а ти како сакаш.. можда ти е време да си ја преиспиташ „верата“..
Така е MEDDLE, ето, јас велам дека лажеш...

Патем кажано, токму преку ликовните уметности (архитектурата, а посебно скулптурата и сликарството...), изразени се најочигледните идолопоклонички светогледи и идеологии.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
MEDDLE,

не „набадај„ произволности: раните рисјани беа гонети и убивани, меѓу другото, и затоа што не сакаа да им се поклонуваат на римските идоли.

Своред Твојата логика, ќе испадне дека раните рисјани не Го обожуваа својот Бог, Исус Христос, туку го обожуваа идолите од римската митологија...

Логика, нели?...:sneaky:
--- надополнето: 17 јануари 2013 во 13:31 ---

Така е MEDDLE, ето, јас велам дека лажеш...

Патем кажано, токму преку ликовните уметности (архитектурата, а посебно скулптурата и сликарството...), изразени се најочигледните идолопоклонички светогледи и идеологии.
Нема шо да нагаѓам произволности.. сите тие слики што ги виде се творби на раните христијани, меѓу кои патем речено имало и голем број на Римски благородници...
Сигурно дека најобичен римски голтар немал пари да украси и изготви толкав Саркофаг, како на сликата погоре .. или велелепен поден мозаик во ни помалку ни повеќе туку во Римска Вила во тогашна „Британија“.....
А секако, саркофагот да биде украсен со мотиви од „Исус“ и „христијанството“...

И нема што тука „МОЈАТА ЛОГИКА“.. јас не ти ја претставувам „МОЈАТА ЛОГИКА“, ти ја претставувам логиката на „младите христијани“ од 1 век од н.е. до 6 век од н.е... А ако тебе истата не ти одговара, не ти се уклапа на „Твојата Логика“, онда нешто дефинитивно не чини со тебе...
Преиспитај си ја твојата лична вера и твојот светоглед.. оти ќе гориш во пеколот....
Така да реков.. уметноста не лаже.. само треба да ја погледнеш..
Тоа се творби на твоите христијани на кои што ти им припаѓаш...
Зошто сега ги одбиваш? Не ти се совпаѓаат со „твојот светоглед“?
А знам дека се сомневаш.. оти денес или утре ќе одиш в црква да го прашаш локалниот поп за овие информации.. .или во најмала рака, да го прашаш суптилно за нештата во кои се сомневаш, за он да ти го потврди или негира твојот сомнеж...

Нема јас што да лажам, затоа што се што сум ти претставил не е мој личен став, ниту мое лично мислење.. тоа што го гледаш е ЛИЧЕН СТАВ, МИСЛЕЊЕ и ПРЕТСТАВА НА МЛАДИТЕ ХРИСТИЈАНИ ОД 1 век од н.е. до 6. век од н.е.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
MEDDLE,

ем не си дел од Црквата, ем немаш алфабетско познавање за Црквата и нејзиното учење, а згора на све, си допушташ луксуз да ја критикуваш Црквата, користејќи овосветовна логика и манипулаторски конструкции, небаре ќе успееш да ја побиеш и Црквата и нејзиното учење, а понајмалку мојата лична вер(б)а.

Према томе, наместо да ми делиш сугестибилни совети, кои воопшто не ги барам од Тебе, ој легни си и гле‘ај си го својо‘ атеизам и Богоборство...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Према томе, наместо да ми делиш сугестибилни совети, кои воопшто не ги барам од Тебе, ој легни си и гле‘ај си го својо‘ атеизам и Богоборство...
Заборави да го спомнеш твојот личен опит како доказ. :D
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Заборави да го спомнеш твојот личен опит како доказ. :D
Напротив...:D

Личниот духовен опит, спореден и филтриран со учењето од Црквата, е најдобриот доказ за исправноста при изборот на мојата вероисповест, така да „надворешните„ докази, кои „као„ ја побиваат мојата вера, се проверен Богоборечки метод, кој никако не успева да ја убие и верата и Црквата.
 
MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
MEDDLE,

ем не си дел од Црквата, ем немаш алфабетско познавање за Црквата и нејзиното учење, а згора на све, си допушташ луксуз да ја критикуваш Црквата, користејќи овосветовна логика и манипулаторски конструкции, небаре ќе успееш да ја побиеш и Црквата и нејзиното учење, а понајмалку мојата лична вер(б)а.

Према томе, наместо да ми делиш сугестибилни совети, кои воопшто не ги барам од Тебе, ој легни си и гле‘ај си го својо‘ атеизам и Богоборство...
Брат... како бре не разбираш.. не е тоа „МОЈА ЛОГИКА“.. ниту „МОИ МАНИПУЛАТОРСКИ КОНСТРУКЦИИ“....
Се што виде горе е продукт на Христијанството.. нешто во што ти и милијарда и кусур други луѓе во светов веруваат...

Не ми е јасно како така се противиш на нешто што некој пред 2000 години веќе си го рекол и практицирал, а истото тоа и ти го практикуваш и веруваш во тоа...

...
Не знам ... једино шо можам да заклучам од сево ова е дека ти
1.Не си верник - не си христијанин,
2. Не веруваш во Господ-Бог,
3.Не знаеш кој е Исус Христос и не веруваш во него. и
4. Ти си еклакантен пример за модерен еретик...

по 3 пат ти велам.. те молам друже преиспитај си ја верата...
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Напротив...:D

Личниот духовен опит, спореден и филтриран со учењето од Црквата, е најдобриот доказ за исправноста при изборот на мојата вероисповест, така да „надворешните„ докази, кои „као„ ја побиваат мојата вера, се проверен Богоборечки метод, кој никако не успева да ја убие и верата и Црквата.
Така ли? Добро......
Ќе парафразирам.....
“Личниот духовен опит, спореден и филтриран со учењето на атеистичкиот шаманизам, е најдобриот доказ за исправноста при изборот на мојата не-вероисповест, така да „надворешните„ докази, кои „као„ ја побиваат мојата не-вера, се проверен Богољубен метод, кој никако не успева да ја убие и не-верата и слободата на уверување.

Што е твојот исказ поточен од мојот? Сочувајте си ги вашите богови, ангели, демони, светии за вас и во вас. Не припишувајте им ги на друг.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom