Кој дијалект најмногу ве нервира?

DespaiR

Narc0tic
Член од
5 октомври 2007
Мислења
205
Поени од реакции
1
SO ova sakase da kazis deka ohridskiot e za kuparenje ?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
бтв...многу ми е јако на скупски да зборам чуече...
лилааааааа... не ми се верува еј, пеер... :vozbud::vozbud::vozbud:
Тоа не е скопски. Тоа е курчење. Со извињење на израз. :mist:

Иначе, скопскиот денешен е бајаги различен од скопскиот некогашен. Бидејќи старите скопјани се претворија во турлитава народ со потекло од цела Македонија. Но младите скопјани денес го креираат дијалектот и тој не звучи како шмизла од 15 години.
Вистинскиот скопски моментален дијалект звучи како Љубомир Фрчковски на пример, или Бранко Црвенковски (да ти ебам транзицијата, само политичарите ни се ѕвезди)

Инаку мене не ми се допаѓа кривопаланечкиот и особено беровскиот. Не знам зошто... веројато бидејќи подобро ги запознав преку некои личности.
 
Член од
17 март 2007
Мислења
702
Поени од реакции
26
Најмногу ме нервира уличниот “дијалект“ на младинава, ванабимангуп дијалектот.
Ептен се вадам од патики кога ќе слушнам муабет на некои тешки фраеришта од типот “Еј пеер4е, кај ќе оиме вечер?“, “Вии ја пи*кана еј!“, “Здрао брат, као иде?“, “Ќидеме ли да се пијанчиме у парк, а?“... ич не можам да ги сварам, нема нешто што ми звучи посељачки од ова.:nervozna:
Хахахаххаха, много добре те разбирам :wink:. И мен много ме нервира "Софиjскиjат тарикатски сленг"
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
А мене ми се бендисва многу гевгелискиот, онака, интересни се за слушање. Ок и радовишкиот е добар :)
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А мене ми се бендисва многу гевгелискиот, онака, интересни се за слушање. Ок и радовишкиот е добар :)
Вакви постови веќе нема да толерирам. Темата е кој дијалект најмногу ве нервира, а не спротивно. Тамарче те молам воздржи се од офтопик мислења бидејќи ќе бидам приморан да ги известам надлежните за тоа. :helou:

Тема за дијалект кој ви се допаѓа нема и нема да има... освен ако некој не ја отвори во мешу време... а и тогаш не ветувам. Благодарам на вниманието.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Вакви постови веќе нема да толерирам. Темата е кој дијалект најмногу ве нервира, а не спротивно. Тамарче те молам воздржи се од офтопик мислења бидејќи ќе бидам приморан да ги известам надлежните за тоа. :helou:

Тема за дијалект кој ви се допаѓа нема и нема да има... освен ако некој не ја отвори во мешу време... а и тогаш не ветувам. Благодарам на вниманието.
А шојма врска дека кажав кој ми се бендисва?..

Ете Скопскиот не ми се бендисва ич, одвратен, извиличен. Исто и Прилепскиот.
Задоволен?
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
А шојма врска дека кажав кој ми се бендисва?..

Ете Скопскиот не ми се бендисва ич, одвратен, извиличен. Исто и Прилепскиот.
Задоволен?
Не сум задоолен. Имав намера да ти се припуштавам фин скопски начин, али јебига, чим нема да го истрпиш мојот сленг и јазик околу тебе ќе морам да се откажам.

Мене битолскиот на пример ми се свиѓа коа нормални битолчани го говорат. Ама коа се служат со битолски да за удрат по Скопје ради комплекси, ми иде шмизла да станам. :icon_roll:
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Не сум задоолен. Имав намера да ти се припуштавам фин скопски начин, али јебига, чим нема да го истрпиш мојот сленг и јазик околу тебе ќе морам да се откажам.

Мене битолскиот на пример ми се свиѓа коа нормални битолчани го говорат. Ама коа се служат со битолски да за удрат по Скопје ради комплекси, ми иде шмизла да станам. :icon_roll:
Ова последното за мене демек беше?
Јас ненормална Битолчанка сум? :)
Како да се „служам“ со битолски.. Јас нон стоп се служам со него, та за вреѓање, за пцуење, за сакање, за карање..
И кој се то комплекси? То шо реков дека мразам скопско виличење? Е мразам. И мене ми се бендисват само кога нормалните скопјани го говорат..
 

Picasso`

Schizophrenic!
Член од
26 јануари 2007
Мислења
4.149
Поени од реакции
197
I jas ne go sakam skopskiot. Ovoj noviot.
A onoj, izgovoren od Frcko, go obozavam :):):):)
 
N

NeMiRnA

Гостин
Па новиот скопски ти е еден огромен микс од сите дијалекти по Македонија...
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Има некои зборови шо ме нервираат, комплетен дијалект неможам да издвојам. Има некои кои ми се тешко разбирливи како кумановски на пример.
 
Член од
21 ноември 2005
Мислења
5.151
Поени од реакции
870
Има некои зборови шо ме нервираат, комплетен дијалект неможам да издвојам. Има некои кои ми се тешко разбирливи како кумановски на пример.
Се сложувам :)
Откако се запишав на факултет, слушам секакви дијалекти и поголем дел од нив ми се интересни, најинтересни ми се струмички (тоа благодарение што контактирам со доста струмичани и на факултет и на MSN), oхридско-струшкиот и скопскиот :)

Е, кумановскиот дијалект воопшто не го разбирам и ич не ми е занимлив. Некако извртен српски ми доаѓа, или така нешто (без навреда кон кумановчани молам). Исто така дебарскиот, кичевскиот, гостиварскиот и тетовскиот дијалект не ги сакам.

Од другиве градови горе-долу и немам слушано нешто :)
 
Член од
2 септември 2007
Мислења
2.155
Поени од реакции
176
Ниеден дијалект не ме нервира. Напротив, обожавам да слушам зборење на дијалект, многу ми е интересно, па и смешно :) Често забегувам на некој охридски или прилепски говор, баш во последно време навика ми станало... Ам шо да прам мор?

Инаку, многу ме нервираат одредени дијалекти во пишана форма. Поконкретно:

Алал да му е на тај шо имал таква храброст... направи голема услуга на кецкаашто и на тии пред исклучуване шо се.. Јупииииииииии радос ке ме утепа оти ги открадее дневниците.. баш саа пред совето :)... саа па до дека да праат нови.. или па до дек да ги наат тии шо се открадани :) a веројатно се веке пепел станании...

Еееееееј типичина ного ве саакам... Рака ви давам за тва шо го направиите :)....
Ноу офенс :smir:


А, да, за малце ќе забураев чуече куклу онака ич не го можам овој шмизларски јазик! Лилаа, ни ми се вирува.
 

GavolRulz

hippopotomonstrosesquipedaliophobia
Член од
23 март 2008
Мислења
12.630
Поени од реакции
11.231
ова е струмички дијалект и мене не ме нервира :vozbud::pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom