- Во август 1939 Сталин потпиша пакт за ненапаѓање со Хитлер, за да го задржи агресивниот Хитлер подалеку од Русија.
- Двата диктаторски режими со моќни армии ја нападнаа Полска и ја поделија меѓу себе.
- Додека Хитлер ја окупира пола Европа од Норвешка до Грција, Русија ги окупира Балтичките држави и делови од Финска и Романија
- За да го држи Хитлер задоволен и настрана, Русија според договорот ја снабдуваше нацистичка Германија со огромну количества воени средства па дури и со логистичка асистенција.
- На 22 Јуни, 1944, Германија заедно со своите сојузници Финска,Романиа,Унгарија,Бугарија,Италија, ја нападна Русија со огромен изненадувачки напад.
- Силната Германска армија, најмоќната во тој период, ја употреби својата позната Блитзкраиг тактика, и благодарение на заспаноста и неспремноста на Руската армија близу границата, Германците со големи и брзи победи ја порази храбрата но изненадена Руска армија, присилувајќи милиони Руски војници да се предадат.
- Германската армија, истрошена изморена и необезбедена да војува во тешки зимски услови како Руските, беше сопрена на влезот од Москва.
- Русите преживеаја и закрепнаа по огромнит загуби, ја зацврстијата својата сила борејќи се бестрашна и успеаа да ја истуркаат Германската војска се до Берлин, а со тоа лансирајќи се себеси во супер-сила, еднаква на САД.
Она што било ПРЕСУДНО во Германскиот напада е следново:
- Уште пред Германската инвазија во јуни 1941, Руското раководство и генералите правеа постојани ирационални безбројни грешки, не само како и КАДЕ ја распоредија Руската армија, туку и од аспект на воено планирање, воено обезбедување/снабдување со средства, и политички одлуки.
- Само што започна војната и веднаш се забележа квалитативната разлика во предноста на Германската армија над сиромашните Руски војничиња што резултираше во беспрекорно изведени успешни напади и брзи победи, успешно уништување на гигантската Руска армија во првите денови и недели од инвазијата.
Меѓутоа останува прашањето зашто Сталин му дозволил на Хитлер да стигне до самите Руски граници, кога можел да го сопре уште во Полска.
Сталин потпишал договор за ненапаѓање со Хитлер, пред се да купи време.
Како што големите сојузници го планираа нападот на Нормандија цели 2 години, така и Сталин имал свој план и намерно чекал додека Германија да се преокупира со Британија и Франција.
Во меѓувреме вршел масовна мобилизација на МИЛИОНИ Руски војници, произведувајќи големи количества оружје.
Планот претпоставувал огромен напад врз Германските сили со што Русија би се впуштила со свои интереси во Европската војна:
1. Пресекување на главниот извор со нафта на Германската армија, близу Плоешти Романија, со намера да ја парализира и онеспособи Германската армија во недостаток на гориво.
( Ова и се случи, меѓутоа дури во 1944)
2.Напад на истрошената Германска армија во потегот од север со Финска па се до Црно Море
(Истот напад го започнал Хитлер во инвазијата на Русија
)
3. Русија да продолжи со КОМУНИСТИЧКОТО “ОСЛОБОДУВАЊЕ“ на ЦЕЛА Европа се до Шпанија, со што би ја ставиле под својот брутален тоталитарен режим цела Европа.
Е сега што е иронијата?
Хитлеровска Германија ја претркала Русија во намерата за само неколку недели
Така да, што може да се заклучи?
Сталин намерно му овозможил на Хитлер да му го исчисти патот низ Европа, со што Русија многу лесно би навлегла низ целиот континент во веќе истрошените држави, и би извршила целосна окупација.
Амбициите на Хитлер ги расипаа овие Руски планови.
Така да двата најголеми диктатори не се разликуваат апсолутно по ништо, благодарение на нивните болни умови за владеење Европа успеа да се извлече.
Ако не бил Хитлер ќе бил Сталин
И за крај, не на Сталин, туку благодарност до Рускиот народ и нивните милионски жртви спомнати погоре од
Лет3
"One of the great laws of war is Never invade Russia" - Field Marshal Bernard Montgomery
"History knows no greater display of courage than that shown by the people of the Soviet Union" - Secretary of War Henry Stimson