Не е сезона на брокула сега... Целата е увозна (или заостаната од ладилник)... Броколи и карфиол почеток на октомври....
А за как се формират цените, сега ќе ви раскажам една приказна (гледа се оти повеќето си немате блага веза шо се дешава, и сте мушни прачка пии вино)...
За приказните од тип: Мои Пари, бла бла.. ај јади си ги парите, да те видам... Не си ни ти нешто повеќе од него, ни па он е нешто повеќе од тебе.. The feeling is mutual, как шо љубат да кажат англофилите на форумо
Едно време одеех по пазарите и си продаваах прозиводството...беех помалечок, имаах мерак да сам пазарџија, продавал сам у најразлични градове низ Македонија, итн... Абе накратко не сам аџамија за тија работи
Секој шо ме е питал какво е производството и как е прозведено, сам имал време и сам објаснувал. Кои праски се поубави за јадејне (red haven), кои праски се поубави за компот (Sun Haven)... И зашо мојте праски имат арома, шо ногу други праски од пазарот ја немаат таа арома и вкус... Или зашо сливите изгледат големи, едри а не са благи и боле меше од них, а мојте поситни а прсти да изедеш... Или да врнам муштерија да му кажам оти мојте лубеници не са за него... Или да му дадам бакшиш пола кило само оти ме ареса самио човек, да не продадам на некоја отмена госпоѓа шо ми вреѓа до трето колено и направе лом тава шо сам го ставил на тезгата. Има различни човеци, различни идеали, различен принцип на продавање... Да речеме трговецо продава праските 35 денара.. Јас пуштам 27-30 и се враќам дома продужувам со работа...
Продавал сам на ситно у радовиш, струмица, штип, велес, кочани, скопје.... Не вреде.. .Ногу мака е, време губејне, и на крајо не си у поголем плус ако ги продаваш на големо...
На земојоделецо не му е местото на пазаро. ТОЧКА.. На земјоделецо местото му е да произведува... Доста му е шо се нервира на 50 степена и оти цената е ниска и оти грацките само пофаќат нештата, гмечат ги, сакат само поевтино, бла бла бла...
Најголемио откупни центри у Макеоднија се Кванташки У Струмица и Кванташки у Скопје.. Продавал сам и на двата, плус и на ноќното пазарче кај Рамстор (не знам дали оште постое.. одамничка беше)... У Струмица направих доста контакти со трговци, пиљари (не знам как ги викат точно) и на крајо толку добро се знааме шо идат од дома и ми земат се (праски, сливи, круши, ораси, ракија, грозје... и други ситни нешта шо ги сееме..). Цената е ногу пониска отколку на пазаро (некаде со 30-40%)... Ама кај нас дома нема човек со толку слободно време да седе по пазари (времето е пари.. дури и у Македонија).. Јас сам релативно задоволен, а татко ми само си чука главата да купе повеќе ниви и да сее повеќе дрва да се зголемува производството... Да речеме да дојдеме до некакви стабилни 60-70 тона производство на година...
Се е механизирано освен кроејне и берејне со товарајне.. .ама наваѓат се надничари и завршува се брзо со тија рачни работи...
Јас одам со брат ми за 4 саати набераме 800кг до 1 тон праски, дојде типот товареме комбето, и не ми е гајле дали утре пазаро ќе врве, или нема да врве..
Да лани беа по 12-13 денара.. Ама полани беа 23 денара на големо.. Со сливите иста приказна, само шо по принцип пунеме по пола (а од догодина богами и цел шлепер, шлепер и пол) сливи... Парите стигнат на сметка, не ми дреме на кој ќе ги продава, по колку ќе ги продава, и како ке ги продава... Негов проблем... Капитализам у најслилна форма... Е коа ме дотепат со цена и земат бостано за денар кило.. Па е капитализам јеби га... ќе се стегаш и нема да си арчеш парите за глупости...
Цените ги образоват трговците, не земјоделците...Цените кај земјоделците секојпат са биле пониски отколку кај прекупците/бизнисмените/трговците.. Овие последните гонат чист профит, додека земјоделците гледат да се оттарасат од него.. Коа се ценкаш со земјоделец и производител, шансата да ти попуште за цена е огромна.. Едвај ли може истото да го прааш со “бизнисмен“...
Со два збора, само питај дали е негово производство, и гледај дали е тезга со бизнисмен (обично имат секакви нешта по тезгат), или е производител (продава 2 до 3 нешта најмногу).. и ќе добиеш јасна слика со каков човек си имаш работа...
пс. не ја терајте дискусијата на ного високо и абстрактно ниво за комунизам социјализам или капитализам.. глава боле од такви работи по принцип.