- Член од
- 14 ноември 2011
- Мислења
- 2.277
- Поени од реакции
- 4.314
Ај, колку да нема расправии, вака би ги подредил и би пообјаснил малку:
1. Цуна - според мене најдобра пастрамајлија, иако не мора да значи за сите, бидејќи големо внимание има носталгијата во овој случај. Уште кога бев мал фамилијарно земавме од таму, па оттука вкусот има влијание на ранг-листата исто колку што има влијание традицијата и некоја си моја субјективност базирана на емоции. Предност плус: услужлив персонал.
2. Даблин - еднакво добра пастрамајлија, но во овој случај предност има атмосферата бидејќи според мене Даблин е најдобро уреден ресторан во Штип. Плус, пријатна музика во позадина и добра локација во центарот на градот.
3. Нецко - за нијанса послаба од претходните две места, чинам дека и тестото е потенко. Што не значи дека пастрамајлијата е лоша, да не ме сфати некој погрешно. Атмосфера - типична кафеана/ресторан, понекогаш со турбо-фолк во позадина. Не сум бил во последните 6-7 месеци, ако е нешто сменето се извинувам.
Во секој случај, ако некој избере било кое од овие три места нема да погреши.