Која "пастрмајлија" е подобра?

Која Пастрмајлија е подобра?

  • Велешката дефинитивно!

    Гласови: 103 32,4%
  • Штипската!

    Гласови: 157 49,4%
  • Не знам, немам пробано никогаш

    Гласови: 58 18,2%

  • Вкупно гласачи
    318
Член од
22 јули 2011
Мислења
248
Поени од реакции
267
Во Скопје најдобра пастрмајлија дефинитивно во Грил хаус карши Бисер. Во Македонија во Нецко на влез у Штип после бензинската.
Ако некој ми стаи јајце или недај боже растителен кашкавал у пастрмајлија сам кје си ја јаде да си знае!
 

T81

The Chosen One
Член од
15 ноември 2009
Мислења
229
Поени од реакции
6
прашај штипјанец, што е пастрма....
 
T

tinkerbelll

Гостин
Штип ми се најубави Грофо, може Даблин така и така, ама Грофо дефинитивно ми е прво место, и месото му е најчисто. Баш пред некој ден кркавме таму, јас свинска он пилешка, и таа не е лоша ама свинската не си ја менам :P
Гледам радовишката вака на изглед ми личи на оваа нашата, ко ќе имам прилика ќе пробам баш ме интересира во што се разликуваат, каков е вкусот, a и велешка ме интересира, чим толку ја фалите сигурно е добра :)
 
Член од
10 септември 2011
Мислења
133
Поени од реакции
73
Мислам дека прашањто ти е гршка напишано
имаш Штипска пастрмајлија и Велешка пита.
инаку се знае штипска пастрмајлија :love:
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.155
Поени од реакции
30.281
Jас јадев пред некој ден штипска пита, и после првиот залак ми се стркала пола месо на чинијата.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Jас јадев пред некој ден штипска пита, и после првиот залак ми се стркала пола месо на чинијата.
Што ти е тај болд, у Штип е пастрмајлија, а во другите градови се смешни пити
 

Kajgana Shop

На врв Bottom