Вистинската вера е една,нема избор за да можеш да бираш,но религиите кои се засноваат на верата се различни..Кога веруваш,тоа е во едно нешто,но само поимите им се различни,а тие поими ги создаваат религиите..И жалосно е да се караш која религија е подобра,а уште пожалосно е кога се создава таа религиска омраза,сепак на крај краева ние сите веруваме во едно нешто,без разлика дали се работи за политеистичка,монотеистичка,муслиманска,христијанска религија,и слично.Како што кажав различно им се подарени некои поими,но во основа сите потекнуваат од едно,на кое човекот гледа од различни агли,во различни периоди од неговата еволуција,тоа може да се заклучи и по степенот на развиеност на религиите,и со што се изедначуваат истите т.е кој е предметот на нивното верување,во различни периоди од нејзиното создавање..