За да се препознае дали испитуваниот предмет е библија, прво треба да констатираме дека е книга. Кориците се опционални, проверете дали има хартија со печатено слово. Ако нема, тогаш тоа не е книга. Ако не е книга тогаш не е библија.
Дали е во електронски формат? Отворете ја во соодветната програма (пр. .pdf во PDF reader). Пролистајте. Дали забележавте текст? Ако не забележавте текст, тогаш тоа не е книга. Ако не е книга тогаш не е библија. Инаку, ако пронајдете текст,прочитете дел од него.
Дали прочитавте: приказна за создавање на светот, опширна генеалогија, заповеди, божји казни, божји благодети, гревови, за следбеници?
Ако одговорот е потврден, тогаш тоа е библија и е вистинска затоа што утврдивме дека постои како книга и библија.