Која е вистинската Библија

Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
Значи Каин оженил некоја од своите сестри. Тоа тогаш било дозволено. Забраната за бракот меѓу брат и сестра настапува подоцна.
Денес таквиот брак е недопуслив најмногу заради генетските аномалии што можат да се јават кај детето. Но тогаш ситуацијата била поинаква. Порано пишувавме за тоа и ако те интересира можеш да прочиташ за тоа на овој линк:
http://forum.kajgana.com/threads/Човештвото-плод-на-инцест.12193/

Поздрав!
Ако гревот е причинител за грешки во гените, зошто децата на Адам и Ева не биле деформирани? Гревот делува на кодот, не или да, иако да, како?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Гревот делува на кодот, не или да, иако да, како?
.
Си слушнал ли некогаш дека психосоматиката и генетиката се тесно повржани?

.


Ако гревот е причинител за грешки во гените, зошто децата на Адам и Ева не биле деформирани?

.

Мислиш затоа што не биле деформирани онака како што си претпоставил и зацртал ти, тие воопшто не биле деформирани ?

Исус е Единствениот Кој е од мајка роден а во Кого немало и нема никаква деформација!


Поздрав


п.с. Човекот се’уште не е потполно свестен за инфекциите и деформациите кој што ги добил од своите предци.



.

... пробај стварно да провериш дали си поверувал, на пример отров за глувци, убо изгледа, може и со млеко како корнфлекс да си го спремиш,една пајнца исркај и ако си навистина верник, нема ништо да ти се случи како што рече самиот Исус.

Имаш гаранција од Исуса !

.

Вистинскиот верник никогаш не Го искушува БОГА, а знае дека БОГ е моќен да направи се’!



Исус му рече (на ѓаволот):
„Напишано е исто така - Не искушувај Го Господ, Твојот Бог!

(Ев. Матеј 4:7)





.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
.
.

Вистинскиот верник никогаш не Го искушува БОГА, а знае дека БОГ е моќен да направи се’!



А Исус му рече (на ѓаволот): „Напишано е исто така - ,Не искушувај Го Господ, Твојот Бог.‘“

(Ев. Матеј 4:7)
А ова е вистински верник:

17.A овие знаци ќе ги придржуваат оние, кои поверувале: во Мое име ќе истеруваат зли духови, ќе зборуваат нови јазици
18,Ќе фаќаат змии, ако испијат и нешто смртоносно - нема да им напакости. Ќе полагаат раце на болни и тие ќе оздравуваат

Марко 16: 17-18

прпа Сопирос! Не си ништо поразличен од мене само што ти твојата сомнеж во верата си ја потискаш и прикриваш а јас слободно ја искажувам. Али важно ќе вапцаш јајца за велигден. Колку толку ќе се види дека си “верник“
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

.Разликата помеѓу мене и тебе навистина (гледано од гледна точка на сторените гревови во минатото) воопшто не е толку голема и е многу слична на онаа која што беше помеѓу двајцата грешници осудени на смрт, коишто - одлево и оддесно на Христа - пред околу 2000 години висеа на крст! .(Ев. Лука 23)


Сваќаш?


Одсрце ти посакувам (тебе како и на сите луѓе) - пред да биде прекасно - да поверуваш на Совршениот БОГ во Христа Господа и да ти биде спасена душата!

Амин






.
.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ако гревот е причинител за грешки во гените, зошто децата на Адам и Ева не биле деформирани? Гревот делува на кодот, не или да, иако да, како?
А од каде знаеш дека не биле деформирани? Зарем братоубиството што го извршил Каин (синот на Адам и Ева) не е производ на еден вид деформација?
Гревот делува на кодот, но како не знам. Гревот делува дестриктивно и на телото и на духот и на душата. Гревот предизвикува распаѓање, смрт. Божјото простување преку Исус Христос поправува, нановородува, оживува.
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.208
А од каде знаеш дека не биле деформирани? Зарем братоубиството што го извршил Каин (синот на Адам и Ева) не е производ на еден вид деформација?
Гревот делува на кодот, но како не знам. Гревот делува дестриктивно и на телото и на духот и на душата. Гревот предизвикува распаѓање, смрт. Божјото простување преку Исус Христос поправува, нановородува, оживува.
Мислев дека Каин го уби Авел поради љубомора, дали тврдиш дека таа емоција е генетски отпад?
--- надополнето: 10 април 2012 во 22:29 ---
.
Си слушнал ли некогаш дека психосоматиката и генетиката се тесно повржани?

Мислиш затоа што не биле деформирани онака како што си претпоставил и зацртал ти, тие воопшто не биле деформирани ?

Исус е Единствениот Кој е од мајка роден а во Кого немало и нема никаква деформација!


Поздрав


п.с. Човекот се’уште не е потполно свестен за инфекциите и деформациите кој што ги добил од своите предци.
Како биле деформирани, зошто уште долги години продолжиле да живеат по 900 години иако би требало да биде тоа време скратено со наредната генерација?
Дали им умирале новороденчиња? Дали имале деформации на лицата и зошто денес ние ги немаме? Зошто не се намалила стапката на зголемување на популацијата знаејќи дека инцест доведува до мрзливи сперматозоиди и општа намалена плодност?
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мислев дека Каин го уби Авел поради љубомора, дали тврдиш дека таа емоција е генетски отпад?
Не тврдам такво нешто. Емоциите и начинот на кој што се појавуваат и степенот до кој што одат е многу комплексна и неистражена област во медицината и психологијата и секако дека не е исклучен телесниот фактор, а со тоа и генетскиот. Сепак она што јас погоре го реков е дека гревот делува дестриктивно и на телото и на духот и на душата. Гревот предизвикува распаѓање, смрт.

Како биле деформирани, зошто уште долги години продолжиле да живеат по 900 години иако би требало да биде тоа време скратено со наредната генерација?
На кој начин ти би докажал дека тоа време би требало да биде скратено баш со наредната генерација, а не подоцна? Дали тебе ти е позната брзината на деструктивноста на гревот во релација со долговечноста? Мене не ми е. Јас би можел само да се повикам на оние години кои што се запишани во Библијата, чисто статистички.

Дали им умирале новороденчиња?
Не знам.

Дали имале деформации на лицата и зошто денес ние ги немаме?
Не знам дали тогаш имале деформации во лицата. Претпоставувам дека некои имале, некои не, и веројатно на почетокот тие биле во помала мера. А на кои мислиш кога велиш „ние“? На мене и тебе? Или на целото човештво денес? Ако мислиш на целото човештво, тогаш грешка си. Има многу луѓе со деформации на лицата.

Зошто не се намалила стапката на зголемување на популацијата знаејќи дека инцест доведува до мрзливи сперматозоиди и општа намалена плодност?
Затоа што штетноста на инцесот зависи од мутираните рецесивни гени. Доколку еден маж и една жена немаат мутирани гени, тогаш дури и да се еднојајчани близнаци, нивното дете би било здраво и право. Но инцесот е проблематичен заради поклопувањето на истите (исти парови) мутирани рецесивни гени кај блиските роднини. И луѓето кои што не се во блиска роднинска врска имаат мутирани гени, но кај нив мутираните (рецесивни) гени не се поклопуваат т.е. многу е помала веројатноста дека ќе се поклопат и затоа влијанието на скоро секој мутиран (рецесивен) ген е доминирано од здравиот (доминантен) ген на другиот родител.

Да не должам, значи бидејќи на почетокот бидејќи луѓето немале многу мутирани гени, инцесот во првите неколку генерации не бил проблематичен и детето на тогашните брат и сестра било многу поздраво од децата кои денес не се плод на инцест.

Патем, многу далеку се оддалечивме од насловот на оваа тема и сакам да те замолам да ги поставуваш твоите прашања на соодветна тема. Благодарам.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Како биле деформирани, зошто уште долги години продолжиле да живеат по 900 години иако би требало да биде тоа време скратено со наредната генерација?

Дали им умирале новороденчиња? Дали имале деформации на лицата и зошто денес ние ги немаме? Зошто не се намалила стапката на зголемување на популацијата знаејќи дека инцест доведува до мрзливи сперматозоиди и општа намалена плодност?

.
Интересни пршања, нели?

... барајте и ќе најдете ...

(Ев.Матеј 7:7)


.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Во стариот завет (Втора книга летописи 21:20) се кажува за царот Јорам. Дека на 32 години станал цар, владеел 8 години па умрел. Спрема стариот завет (втора книга летописи 22: 1-2) понатаму се вели дека најмладиот син на Охазија - бил избран на негово место за цар дека имал 22 години и владеел 1 година.

Ништо посебно, никакви параболи, симболики, едноставно историјат запишан во Света книга. Се додека не се отвори оригиналниот запис на Стариот завет - хебрејскот.
Таму пак стои дека Охазија немал 22 години туку “арбоим у шхтим“ - 42 години. Е сега то е проблем оти испаѓа дека синот (и тоа најмладиот) бил 2 години постар од својот татко!

Негде на некому му паднало во очи ова нелогиичност и решил да го “подмлади“ уполоа синот “А бе ова не го бива бе вели синот имал 42 години а таткото 40!! шо прајме?? .... Ништо бе намали му 20 сетина години и се ќе биди во ред!“ И така од оригиналниот запис имаме сменет. Порано веќе напоменав дека библијата беше предмет на постојани исправки преправки, исфрлања и уфрлања на текстови, зборови... Затоа не може таа да биди сигурен доказ дали нешто се случило, како се случило , што е кажано и во кој контекст. Штом имаме толкувања на преправани текстови - веродостојноста се губи.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

’’ БОЖЈИОТ Дух во срцето е повеќе од буквата на камен или хартија ’’

Одсекогаш имало и ќе има луѓе на кои буквата, бројката, ... и материјата им била поважна одколку Духот, во Кого е Суштината на Вистината!

Ако читаш во стариот завет засигурно ќе го сретнеш и случајот кога широките народни маси на израилот си направиле (од злато излеано) теле, кое можело поконкретно да се види, додирне, гушне, ... а истовремено ги одфрлале заповедите напишани во камен како помалку веродостојни, па затоа и Св.Пр. Мојсеј очај поради духовната слепост на своите сонародници и ги скршил првите камени табли во кои биле запишани заповедите!


За голема среќа на човештвото, Новиот Завет кој што ЕДИНСТВЕНИОТ СОВРЕШЕН БОГ ни го дари во Срцето Христово е безкрајно поголем од се’ материјално, дури и од Светото Писмо коешто (за сите коишто веруваат) прекрасно сведочи за Него!



’’... Ете идат денови, вели Господ, и со домот Израелов и со домот Јудин ќе склучам Нов Завет, но не таков завет каков што склучив со татковците нивни во денот, кога ги фатив за рака за да ги изведам од земјата египетска, - зашто тие не останаа во Мојот завет и Јас ги оставив, вели Господ.
Но овој е заветот што ќе му го дадам на домот Израелов во оние дни, вели Господ: ќе ги врежам законите Свои во мислите нивни, и во срцата нивни ќе ги напишам, и ќе бидам нивни Бог, а тие ќе бидат Мој народ.
И ниеден нема да го учи својот ближен, и ниеден братот свој: ,Познај Го Господа‘, зашто сите, од мал до голем меѓу нив, ќе Ме знаат...”

(Еп. Евреи 8:8-12)
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
.

Ако читаш во стариот завет засигурно ќе го сретнеш и случајот кога широките народни маси на израилот си направиле (од злато излеано) теле, кое можело поконкретно да се види, додирне, гушне, ... а истовремено ги одфрлале заповедите напишани во камен како помалку веродостојни, па затоа и Св.Пр. Мојсеј очај поради духовната слепост на своите сонародници и ги скршил првите камени табли во кои биле запишани заповедите!​


.За голема среќа на човештвото, Новиот Завет кој што ЕДИНСТВЕНИОТ СОВРЕШЕН БОГ ни го дари во Срцето Христово е безкрајно поголем од се’ материјално, дури и од Светото Писмо коешто (за сите коишто веруваат) прекрасно сведочи за Него!
Новиот завет се потпира на преправан дополнуван менуван стар завет така да ни новиот завет не е веродостоен. Многуте ор пророштвата од стариот завет кои ѓоа треба да го пророчат Исус се погрешнопренесени и немаат врска со него и го прават и новиот завет безвреден
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Само за скаменетите срца Новиот Завет не е вердостоен!
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
.

Само за скаменетите срца Новиот Завет не е вердостоен!
како да биде веродостоен кога е полн со апсурдности, противречности и контрадикторности
треба да имаш скаменет мозок па да го прифатиш како вистина
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
.

Само за скаменетите срца Новиот Завет не е вердостоен!
Спирос некогаш помислувам дека постовите ти се чисто зафркавање и потајно се надевам дека и самиот не веруваш во глупостите што ги пишуваш. Ако не е така тогаш ти си заслепен човеку.. не гледаш подалеку од носот
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
како да биде веродостоен кога е полн со апсурдности, противречности и контрадикторности
треба да имаш скаменет мозок па да го прифатиш како вистина

“Многу е едноставно!“​
.
Човечкиот ум (колку и да е развиен, тој) не може да Ја сфати Љубовта и Мудроста БОЖЈА (Исус), освен преку Светиот Дух, Кого го добиваат само оние кои веруваат со детско срце, и поради Него се одкажуваат од сопствениот надуван ум на кого буквата и буквалноста му е поважна од суштината на вистината! .:)



Кога - преку покајание и молитва - ќе Го прифатиш и сфатиш, јависе!
Во спротивно не замарајме повеќе, бидејќи (од хигиенски причини) ќе те ставам на игноре листа.

Секое добро!


.


.





.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom