Мојата цел во животот? Тешко прашање, доста тешко. Ех да беше ова така едноставно. Епа ај малце да дискутираме. Да земеме еден лист или на кој му треба може и тетратка, бидејќи има многу амбициозни луѓе и ќе си ги запишеме целите за да не ги заборавиме на патот кон нивното остварување, и еве да рече ќе ги оствариме целите. Потоа кога веќе сме ги оствариле целите што се случува? Ги заменуваме старите цели со нови а истото се случува кога и човек ќе се откаже од некоја цел. Кој колку ќе оствари тоа е прашање кое зависи од карактерот на една идивидуа на пр. трпеливост, упорност итн. И каде е крајот? Една цел се исполнува или не, па се заменува со друга и тоа оди до бесконечност па дури има можност да се врати и назад.
Темава е многу филозофска па поради тоа да не продолжувам и да филозофирам за работи за кои не само ја туку никој не го дал вистинскиот одговор.
Сигурен сум само во ова:
1. Човековото око е ненаситно.
2. Историјата ја пишуваат победниците.
3. Каде што има сила нема правдина.