Кошаркарски турнир меѓу шест држави од Екс Југославија.

Според вас кој ќе го освои купот

  • Македонија

    Гласови: 31 37,8%
  • Србија

    Гласови: 35 42,7%
  • Хрватска

    Гласови: 2 2,4%
  • БиХ

    Гласови: 2 2,4%
  • Црна Гора

    Гласови: 2 2,4%
  • Словенија

    Гласови: 10 12,2%

  • Вкупно гласачи
    82
Член од
14 март 2010
Мислења
16.977
Поени од реакции
16.363
Босна ја бушат од сите страни ако се екипа за на Европско да си сечам глава... Со покана од ФИБА ц ц
Taa Босна не избуши нас пред 3 дена. :D

И Србите не се налутени, само тоа е реалната слика во моментот, за две-три класи Србите се над сите од Балканот т.е Екс-Ју земјите.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
^ Што збориш бе кои три класи не заебавај,вчера Србите освен тој Савановиќ сите изиграа под просечно ама битно имаа комплетен состав а ние не.Башка тоа што судиите не убија со тие личните.Ова вчера не беше ни пола од тоа што можат да прикажат двете репрезентации,Иако србите играат во многу појаки тимови и досега имаат изиграно врвни натпревари одлучувачки,но ова само беше знак да не се наруши добрата атмосфера во тимот и знак дека можеме ние и со фаворити за титула како што е Србија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Taa Босна не избуши нас пред 3 дена. :D

И Србите не се налутени, само тоа е реалната слика во моментот, за две-три класи Србите се над сите од Балканот т.е Екс-Ју земјите.
Не знам што подразбираш под класа, Србија е дефинитивно најдобра ама Хрватска и Словенија и те како можат да се носат со нив. Србите имаат индивидуално најдобри играчи ама Хрватите се покажаа дека не се од вчера и тимски се рамо до рамо тоа што лани во осминафинале на светско изгубија со пола кош од Србија го потврдија дека не е случајно.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.977
Поени од реакции
16.363
^ Што збориш бе кои три класи не заебавај,вчера Србите освен тој Савановиќ сите изиграа под просечно ама битно имаа комплетен состав а ние не.Башка тоа што судиите не убија со тие личните.Ова вчера не беше ни пола од тоа што можат да прикажат двете репрезентации,иако србите играат во многу појаки тимови и досега имаат изиграно врвни натпревари одлучувачки.Но ова само беше знак да не се наруши добрата атмосфера во тимот и знак дека можеме ние и со фаворити за титула како што е Србија.
Да сакаа ќе изиграа над просечно, ама оти да се замараат на пријателски средби. А Савановиќ од секогаш бил добар и погодувал тројки, ништо ново тоа не е за него.
Тоа вчера беше нашата игра која ќе ја гледаш на ЕП, шутирање на тројки и ништо друго, а за Србите се сложувам не одиграа ни пола од тоа што го можат.
И ајде не се тие три класи повеќе од нас, ама две се сигурно, што се гледа и по тоа за какви тимови настапуваат.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Да сакаа ќе изиграа над просечно, ама оти да се замараат на пријателски средби. А Савановиќ од секогаш бил добар и погодувал тројки, ништо ново тоа не е за него.
Тоа вчера беше нашата игра која ќе ја гледаш на ЕП, шутирање на тројки и ништо друго, а за Србите се сложувам не одиграа ни пола од тоа што го можат.
И ајде не се тие три класи повеќе од нас, ама две се сигурно, што се гледа и по тоа за какви тимови настапуваат.
Абе глеам постојано го повтараш тоа само тројки ќе сме пуцале, си го гледал БО какви влезови имаше во квалификации и како беа уиграни и со Антич и со Гечо и со Самарџиски за под кош? Имавме и шутеви од поле за два поена од изработени акции ова ко Докузовски да го слушам само тројки ќе сме давале, и те како имаме квалитет и под кош да одиграме ова што го гледавте на турнирот беше половична Македонија. Уште ако Владо се разигра да го мења БО и очекувам одличен успех.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ќе видите бе ќе видите еве го 31 ќе видите уште од првата утакмица каква игра ќе имаме.Црна Гора ќе биде декласирана иако ја прават појака од нас па и од Хрватска,никаква игра немаат нит некој јаки шутери за таа игра преку центар,Пековиќ ова она и јас да сум тренер одма ќе ја средам.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.977
Поени од реакции
16.363
Абе глеам постојано го повтараш тоа само тројки ќе сме пуцале, си го гледал БО какви влезови имаше во квалификации и како беа уиграни и со Антич и со Гечо и со Самарџиски за под кош? Имавме и шутеви од поле за два поена од изработени акции ова ко Докузовски да го слушам само тројки ќе сме давале, и те како имаме квалитет и под кош да одиграме ова што го гледавте на турнирот беше половична Македонија. Уште ако Владо се разигра да го мења БО и очекувам одличен успех.
Да, меѓу први пет ќе бидеме :cool:
Самарџиски ти го гледаше какви чисти топки промашуваше, како прво нема сила човекот да се носи со другите центри, кога ќе си напраи простор незнае да реализира. Ама добро со Бо и со Гечевски (во одминати години) ќе бидеме посилни.
И нема потреба да го слушаш Докузовски или да ме читаш мене, гледаше квалификации, гледаше подготвителни средби, што правеа нашите? Направија ли една акција како што треба (освен синоќа кога му се ослободи простор на Антиќ да закуца како што му доликува).
Мислиш Бо да го мења Владо, Владо не е дојден во репрезентација да ти дреми на клупа ;)
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Па ја шо ти зборам ова беше половична Македонија и не треба да се носат одма заклучоци за играта за среќа има време да се приклучат и другите ај за Ристе да не зборам Антич не играше ни со Италија ни со Канада, БО и Гечо првиот утре игра другиот на турнир Македонија од 20ти август. Битно е дека можеме со БО да разбиеме одбрана и да се разиграат центрите у тоа сум сигурен такада ова што го гледавме ај да не се повтарам не беше вистинското лице на Македонија. И затоа сега во продолжение ќе треба тоа уигрување и тие акции што ќе бидат шаблон на европско. Ја сум голем оптимист освен ако Докузовски не се поремети до тогаш или ако не клапнат нашиве од пренапорни тренинзи.
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Не знам што подразбираш под класа, Србија е дефинитивно најдобра ама Хрватска и Словенија и те како можат да се носат со нив. Србите имаат индивидуално најдобри играчи ама Хрватите се покажаа дека не се од вчера и тимски се рамо до рамо тоа што лани во осминафинале на светско изгубија со пола кош од Србија го потврдија дека не е случајно.
Индивидуално, колективно за мене Србија е мегу 2 - те најдобри репрезентации во Европа, факт е дека имаат играчи кои играат во најдобрите Европски клубови, а и да не го заборавиме Дуда !
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
^ Што збориш бе кои три класи не заебавај,вчера Србите освен тој Савановиќ сите изиграа под просечно ама битно имаа комплетен состав а ние не.Башка тоа што судиите не убија со тие личните.Ова вчера не беше ни пола од тоа што можат да прикажат двете репрезентации,Иако србите играат во многу појаки тимови и досега имаат изиграно врвни натпревари одлучувачки,но ова само беше знак да не се наруши добрата атмосфера во тимот и знак дека можеме ние и со фаворити за титула како што е Србија.
За Србија не играа Кешељ, Бјелица и Величковиќ - од каде комплетни?

Инаку, не знам зошто владее таа перцепција дека Србија има најквалитетни поединци; Словенците, на пример, се барем рамо до рамо на тој план, ако не и подобри. Србија има најдобар тим.
--- надополнето: Aug 8, 2011 11:23 PM ---
Не знам што подразбираш под класа, Србија е дефинитивно најдобра ама Хрватска и Словенија и те како можат да се носат со нив. Србите имаат индивидуално најдобри играчи ама Хрватите се покажаа дека не се од вчера и тимски се рамо до рамо тоа што лани во осминафинале на светско изгубија со пола кош од Србија го потврдија дека не е случајно.
Хрватите отсекогаш се надминувале себеси против Србија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Одлични вести за денешниот меч против Црна Гора. Дали ќе видиме конечно победа.
http://www.time.mk/read/6c7236774f/d532ac579d/index.html
Според најавите, на денешниот натпревар за Македонија треба да настапи и Американецот со македонски пасош Лестер Бо Мек Кејлеб, што значи за комплетирање на составот ќе се чека уште Тодор Гечевски по враќањето на репрезентацијата во Скопје.
 

Спасев

Партизан, Мајами Хит
Член од
30 април 2009
Мислења
1.947
Поени од реакции
239
Директен пренос на МТВ во 15:00 часот. Мора денеска победа !
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.175
Поени од реакции
18.242
Се чудам дали гледам кошарка или ракомет.60-45 ...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom