Кошаркарски турнир меѓу шест држави од Екс Југославија.

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување

Според вас кој ќе го освои купот

  • Македонија

    Гласови: 31 37,8%
  • Србија

    Гласови: 35 42,7%
  • Хрватска

    Гласови: 2 2,4%
  • БиХ

    Гласови: 2 2,4%
  • Црна Гора

    Гласови: 2 2,4%
  • Словенија

    Гласови: 10 12,2%

  • Вкупно гласачи
    82
Чековски ако е центар јас сум Коби за него !
 
Бо тренира со нашиве само шо не игра на официјалниве натпревари за него не би било проблем,а Гечевски е искусен и игра со овие играчи повеќе време не му треба повеќе од 2 недели да се вклопи.Него она што ме загрижува е тоа што клупата ни е катастрофа.Во одбрана сме ептен добри само што таква агресивна игра би донела многу лични а нашата клупа е инвалидска.
 
Еве што кажал Докузовски
http://www.time.mk/read/eedaf6f15c/c867aa5700/index.html

- Очигледен е заморот кај играчите, се покажа дека тешко се движиме. Некои од главните играчи по мечот ми се пожалија дека нозете им се тешки. Иако се контролни средби, треба да се играат со поголем жар. Босанците подоцна почнаа со подготовки и затоа беа посвежи и заслужено победија. Селекцијата на БиХ е комплетна, објективно доста се силни и нема да бидат лесен противник за никого. Нас ни недостасуваат Гечевски и Мекејлеб, многу ни значат. Како ќе одминува времето ќе играме подобро - вели селекторот Марин Докузовски.

Втор проблем е што не ни одеше шутот. Во првото полувреме Македонија погоди само 25 отсто од шутевите за два поени, а на крајот процентот на реализација на тројките беше 21 отсто (5/24).

- Ние сме познати како шутерска екипа и така играме во нападот, не можеме да реализираме под кош, бидејќи имаме само еден вистински центар. Лесни поени под кош може да дава само Самарџиски. Тоа не може да се смени, бидејќи немаме други тешки центри. И кога нема да тргне шутот, а промашивме многу отворени шутеви, нормално е да загубите. Не е трагично што загубивме, проблем е што голем дел од репрезентативците немаат играно силни средби. Нашата лига е послаба и некои играчи имаат проблем да се снајдат. Верувам дека со Гечевски и Мекејлеб, сликата ќе биде сосема поинаква - додава Докузовски.
--- надополнето: Aug 7, 2011 10:46 PM ---
ПС. Заморот е најголемиот проблем што македонската кошаркарска репрезентација одигра слабо пред с` во нападот на натпреварот против Босна и Херцеговина, на турнирот „Екс-ју“, кој се одржува во Љубљана.

:eek::eek:
Кој црн замор на прва утакмица што останува со европско кога ќе се играат по 5 утакмици за 5 дена?
 
:eek::eek:
Кој црн замор на прва утакмица што останува со европско кога ќе се играат по 5 утакмици за 5 дена?
Не се навикнати они на ваков тежок распоред. Се жалеа дека во Италија имаат претешки тренинзи кои ги исцрпуваат, исто е и тука.
Прво кондиционо не успеја да се спремат а не другото (n)
 
Чув за тоа дека имале кондиционен тренер италијанец што ги терал да рмбачат на велико али тоа е тоа сега на ЕП ќе имаат и тоа како тежок календар али како и да е по малку ми е чудна целава работа ми е несериозна почнувајќи од пристапот на Докузовски па се до неговите смешни изјави од типот Ние сме познати како шутерска екипа и така играме во нападот, не можеме да реализираме под кош па се до чекањето да се комплетира составот у последен момент

 
Па не може шутот да оди на секоја утакмица.Без добра игра во рекетот го јадеме стапот.
 
Не се навикнати они на ваков тежок распоред. Се жалеа дека во Италија имаат претешки тренинзи кои ги исцрпуваат, исто е и тука.
Прво кондиционо не успеја да се спремат а не другото (n)
Па кога се пијанчат и дрогираат нормално дека нема да имаат кондиција, ебате спортистите!
 
Па кога се пијанчат и дрогираат нормално дека нема да имаат кондиција, ебате спортистите!
А кој се пијанчи и дрогира од нив овој период? :)
 
Добри бе вечни критичари, бивало ли само да се збори безвеза?Сте биле ли вие некогаш спортисти ? Сте се спремале пред сезона, или нешто слично?Да нашиве се спремаат за европско, со Бенкардино тренираат напорно, т.е се спремаат физички и нозите се сега тешки, а плус играме и без БО, Тошо.А видовте Чековски колку е способен, дај престанете само да тролате :@
 
Кој не :D
Уствари нашето такво е, ако не не бива за нешто или се пијанчат или се дрогираат.
За пиење пијат и така и си слават победи ама не за време на вакви подготовки, посветени се и на тренинзите и или се на тренинг или на фб значи не ни искачаат :)
Не ги обвинувај, криви се што немаме добар тренер, добри сали и реквизити за подготовка :)
 
За пиење пијат и така и си слават победи ама не за време на вакви подготовки, посветени се и на тренинзите и или се на тренинг или на фб значи не ни искачаат :)
Не ги обвинувај, криви се што немаме добар тренер, добри сали и реквизити за подготовка :)
Не испадна од мене инфото дека пијат и дека се дрогираат. Не реков никаде дека тоа е проблемот што не играме добро и не прикажуваме повеќе.
Ама пак ќе кажам, не е се` до тренерот, салите и реквизитите, треба малце и играчите да си се посветат и да сфатат што е да се игра за репрезентација, а не да им е сеедно, и во клубовите да прикажуваат повеќе, бидејќи таму нормално земаат пари.
 
Босна ја бушат од сите страни ако се екипа за на Европско да си сечам глава... Со покана од ФИБА ц ц
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom