Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Најголема мистерија ми е Стојан Ѓуровски, дечкото не знае ни која позиција ја игра. За тројка е спор, за четворка е слаб физички.
Да биде поголема трагедијата, веројатно и немаме подобар играч на таа позиција, нека ме поправи некој ако грешам...

Никогаш не сме можеле да извадиме некоја добра, јака и подвижна 3ка, што ќе може паралелно да чува и 3ка и 4ка. Дури ни генерацијата 2011 немаа таков тип на играч. Памтам едно време во игра за настап беше Владимир Мицов, кој има еден родител македонец, ако не се лажам, ама никогаш не се оствари тоа...
Автоматски споено мислење:

Овој Николов страшно потсеќа на Владо Илиевски, иста висина, иста фризура, сирење бел, левак...Штета што нема ни 1% од неговиот талент и кошаркарска интелигенција :unsure:
 
Последно уредено:

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
1.631
Поени од реакции
2.071
Реално Димитријевиќ заслужува да игра во далеку поквалитетна репрезентација. Инаку овој Вајли е доста солиден. Само имам чувство дека на крај ќе ја зезнат работава. Во одредени моменти премногу избрзани шутеви имаат.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.060
Поени од реакции
4.034
Војдан цел живот кошарка игра, 3 слободни има кога е најгусто, само 1 погоди. Мораше овие промашувања да му ги искористиме на Италијанциве.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.473
Поени од реакции
68.839
Се изнапромашија слободни. Колку имаме утнато? Едно 7-8?
Досега двоцифрена разлика ќе имавме. Солидно играме одбрана или овие се дрва невидени. Не следам многу баскет, ама кога паднале толку Италијаниве? Нели се бореа за титула до пред некоја година? Или играат со некој 10-ти состав?
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Погледни го Дамјан со фризурата, перфектен фит за сајзерист во ,,Група Молика".
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.866
Поени од реакции
4.376
Се изнапромашија слободни. Колку имаме утнато? Едно 7-8?
Досега двоцифрена разлика ќе имавме. Солидно играме одбрана или овие се дрва невидени. Не следам многу баскет, ама кога паднале толку Италијаниве? Нели се бореа за титула до пред некоја година? Или играат со некој 10-ти состав?
Овој состав е претежно составен од играчи од домашната лига и од странски екипи ама што не играат во Евролига и Еврокуп.
Притоа квалификацииве на Италијанциве за ништо не им значат,мислам дека се пласирани веќе директно како домаќини.
Си испробуваат тактики,играчи,им дава шанси на младите.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.183
Поени од реакции
34.407
Типична македонска репрезентација со добропознатата психологија на губење на крај. Ништо ново, иако ветувачки играа до полувреме.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.174
Поени од реакции
35.477
Само последните 3 минути ги гледав. Јбг од работа додека се приберам.

Нено нервозен на крај, највеќе поради недосудениот фаул, Бојан Трајковски во последни три минути три тројки шутира, се влечат во напад, а губат 7 разлика. Наместо брз пик енд рол или пас до браќава за шут за три они играат некои акции со цели напади.

За последната тројка на Италија можеа многу порано да направат фаул и да не стигне тој пас во корнер и така не беа во бонус.
 

комшијаTи

Комшија Ти
Член од
21 ноември 2013
Мислења
6.115
Поени од реакции
4.991
Реално просечна репрезентација сме што може да изигра 2 четвртини солидно ама не и цела утакмица.
Освен Нено сите други се просечни играчи а за Трајковски што да зборимо цел живот си дреме надвор на шут и шутира без око да му трепне и кога треба и не треба ама очигледно немаме поквалитетни играчи.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.174
Поени од реакции
35.477

Денес со Русија, само две измени во составот.

На местото на младите Симиќ и Митревски влагаат Бакоч и Виктор Ефремовски.

Очекувам Бакоч да влага повремено на 4ка.
 
Член од
19 август 2017
Мислења
261
Поени од реакции
850
Долгорочно, не го заборавајте и детево.


Мислам дека имаме база за добра иднина у мак баскетот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.916
моментално естонија води против италија 15 разлика. така да, полека може да се опростиме од еп.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom