Кошаркарска репрезентација на Македонија

H

HoT IcE

Гостин
Селектор кој е сега? Уште ли е телено Лазовски, ако е он, нема ни група да минеме. So calm down, and Lazovski style.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Не бидете толку песимисти бе имаме млади надежни кошаркари неможе цел живот да играат Илиевски, Гечевски и компанијата секако дека кога тогаш ќе дојдеше до промени во играчкиот кадар така да да им веруваме на оние кои ќе го облечат македонскиот дрес догодина во Словенија :D
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Не е, мислам дека си поднесе оставка, а нов селектор незнам дали има.
Нема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.
Туку езгодна група имаме....Литванциве ќе бидат ултра-мотивирани против нас, Црногорциве се многу подобрени во споредба со лани, Босанците ако им тргне шут и ако се расположени лошо ќе биде....Србиве се провлекоа во квалификациите, два пати го изедоа од Црна Гора и тоа поштено, така да со нив мислам дека можеме лесно до победа....
Летонциве ваљда ќе бидат најслабите во групава.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Нема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.
Туку езгодна група имаме....Литванциве ќе бидат ултра-мотивирани против нас, Црногорциве се многу подобрени во споредба со лани, Босанците ако им тргне шут и ако се расположени лошо ќе биде....Србиве се провлекоа во квалификациите, два пати го изедоа од Црна Гора и тоа поштено, така да со нив мислам дека можеме лесно до победа....
Летонциве ваљда ќе бидат најслабите во групава.
Вака ова е од згора од згора сепак некогаш не е така, и лани Македонија беше аутсајдер па до каде стигнавме...:D Како и да е мислам дека нема причина да се плашиме и да бидеме разочарани предвреме и да оставиме да видиме што ќе се деси :)
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нема уште, баш пред некој ден читав дека сеуште разгледувале опции.
Туку езгодна група имаме....Литванциве ќе бидат ултра-мотивирани против нас, Црногорциве се многу подобрени во споредба со лани, Босанците ако им тргне шут и ако се расположени лошо ќе биде....Србиве се провлекоа во квалификациите, два пати го изедоа од Црна Гора и тоа поштено, така да со нив мислам дека можеме лесно до победа....
Летонциве ваљда ќе бидат најслабите во групава.
Летонците имаат иста кошаркаска школа како Литванците.ТРОЈКИ,најмалку по 25-30 тројки ќе шутираат по натпревар.Ако им тргне едно 40% да имаат шут ќе бидеме во огромни проблеми.Истиот проблем е и со Литванија и Босна,

Србија и Црна Гора ќе ги победиме или ќе изгубиме од истите под кошевите.Чии 5ки и 4ки изиграат подобро тој тим ќе ја земе победата.Единствената олеснителна околност е дека Србија не знае да игра одбрана и дека Теодосич е огромна дупка во истата,Бо би требало да го шета како мало дете.

.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.943
Поени од реакции
16.262
Не се базирајте на тоа дека Србија се провлекла низ квалификациите и дека ќе поминеме лесно со нив.
Нема ни најмалце лесно да е со ниту една репрезентација во групата, никој веќе не не смета за аутсајдер во групата, сите знаат како сме одиграле на минатото првенство, башка што нашата репрезентација сигурно ќе е изменета од тоа првенство, плус со нов тренер.
Има уште цела година до тогаш, којзнае што ќе се случи и со кој играчи ќе патуваме за Словенија.
Едно е јасно, на трибини ќе биде напнато, срби, црногорци, босанци, македонци во Словенија.:icon_mrgr:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Мене побитно ми е у кој состав ние ќе настапуваме. Сори, вака шо ви се избацувам у сред муабет, но може ли некој да ми каже дали одлуките за повлекување на Антиќ, Илиевски, Бо и останатите од таа багра се конечни? И ако се такви, тогаш кој е нашиот состав? Кој се ја сочинува нашата репрезентација? Па после да правиме муабет за шанси?
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Мене побитно ми е у кој состав ние ќе настапуваме. Сори, вака шо ви се избацувам у сред муабет, но може ли некој да ми каже дали одлуките за повлекување на Антиќ, Илиевски, Бо и останатите од таа багра се конечни? И ако се такви, тогаш кој е нашиот состав? Кој се ја сочинува нашата репрезентација?
Бо не се повлече воопшто а ниту ни Антиќ официјално.Засега само Владо и Гечевски се официјално и сигурно нема да играат.

Составот ќе биде најверојатно:

Бо,Антиќ,Војдан,Дамјан,Самарџиски,Чековски,Костоски се засега скоро сигурни

Николвски,Трајковски,Димчевски,Соколов се можеби

+ 1 младинец

.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
183
Поени од реакции
115
Прва и најважна работа за нас е да играат Мекејлеб и Антиќ во репрезентација, без нив реално тешко е да победуваме. Место Гечевски и Илиевски имаме млади таленти во Костоски, Николовски, Трајковски, Димчевски, Караџовски...
Може и Илиевски некако да се убеди да игра уште на едно големо натпреварување за нас со оглед на тоа дека се игра во Словенија, па тоа би му било еден вид збогување од репрезентација.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
А класичен плеј и организатор немаме нели?

Нели имаше муабети дека играњето на Бо зависи од играњето на Антиќ?
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.927
Поени од реакции
7.033
Пу да тибам руката да тибам шо не влечеше :tapp: Најтешка група ни се падна. Како не не извлекоа во таа првата, милина група. Овде со балканциве па и со Литванија ќе биде ептен тешко :eek: Него Илиевски дефинитивно се откажа или?
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Дечки, ако има некој поим отприлика колку би коштало пат,смештај, карти за групнава фаза во Словенија? Ако знае некој нека пиши во ПП...Однапред благодарам :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
220
Поени од реакции
264
Стварно не ми е јасно на што го темелите оптимизмот кога повеќе од јасно е дека нити ја имаме истата репрезентација нити е можно да се повтори играта од Литвинија. Едноставно е невозможно! Како прво во група сме со репрезентации како Литванија, Црна Гора и Србија кои ОБЈЕКТИВНО се посилни од нас и репрезентацијата на БИХ која во Јасенице ќе биде малтене на домашен терен а со која по квалитет сме тука некаде. Друга работа е што ние нити имаме тренер ниту се знае кој освен Гечевски и Илиевски се откажал. Ако повлекувањето на Антиќ е дефинитивно лично верувам дека го губиме и БО и во тој случај освен победа над Латвија не очекувам ништо. Не кажувам дека не треба да изгинеме и не треба потајно да се надеваме дека ќе бидеме во првите три репрезентаци кои ќе одат понатаму туку дека треба да бидеме реални и скромни. Во спротивно разочарувањето е неминовно.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Извор.

Никој не е задоволен од составот на Б групата за ЕП во кошарка

Македонската кошаркарска репрезентација, во неделата, ги дозна противниците, против кои ќе игра во прелиминарната фаза на Евробаскетот

Македонија во Б групата, чии домаќин ќе биде Јесенице, пласман во осминафиналната група ќе се обиде да избори во конкуренција на Литванија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Латвија и Србија.

Генерално, откако беше составена Б групата, никој не изрази претерано задоволство, сите се согласни дека групата е тешка и дека секој натпревар ќе биде од исклучително значење за освојување на едно од првите три места кои гарантираат пласман понатаму.

„Добивме група во која нема слаба репрезентација. Мислам дека секој секого може да победи и ниту еден тим не може да смета на сигурни бодови против ниту еден противник. За нас е најважно ние да бидеме здрави, комплетни и добро подготвени. Периодов сме фокусирани токму на тоа, да организираме што е можно подобри подготовки во пресрет на Евробаскетот“, изјави за интернет страницата на Македонската кошаркарска федерација, генералниот секретар Дејан Лекиќ.

Неговиот колега од Босна и Херцеговина, Харун Махмутовиќ, верува дека репрезентацијата може да се пласира во вториот круг. Како фаворити тој ги издвои селекциите на Литванија и Србија.

„Иако оваа група е тешка, Босна и Херцеговина ќе игра во втората фаза. Фаворити во групата се Литванија и Србија, а сите останати ќе се борат за третото место“, рече Махмутовиќ.

Српскиот селектор Душан Ивковиќ, чија репрезентација во последен момент избори пласман на Евробаскетот, смета дека групите се изедначени, но дека составот на групите во прелиминарната фаза не е толку важен.

„За нас е најважно да бидеме максимално подготвени за првиот натпревар со Литванија, потоа од натпревар во натпревар полека ќе се пробиваме кон вториот круг“, изјави Ивковиќ.

„Гледајќи го составот во А групата, со која ќе вкрсти нашата група, мислам дека во втората фаза би можеле сериозно да конкурираме за пласман меѓу првите четири репрезентации кои ќе одат во четвртфиналето. Многу е важно тимот да се подготви за четвртфиналето, евентуален успех на тој меч ќе не однесе директно на Светското првенство во 2014 година“, дополни Ивковиќ.

Црногорскиот селектор, Лука Павиќевиќ, смета дека голем хендикеп за Б групата е што од последниот ’шешир’ е извлечена Србија.

„Голем хендикеп е што од последниот ’шешир’ ја добивме Србија, очекувавме послаба селекција. Србија и Литванија се издвојуваат со квалитетот и тоа значително во однос на останатите репрезентации од групата. Овие две селекции се фаворити за првите две места, останатите четири репрезентации ’крваво’ ќе се борат за третото место“, изјави Павиќевиќ за интернет страницата на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора, додавајќи дека за неговата репрезентација најважни ќе бидат првите три средби, против Македонија, Латвија и БиХ.

Премногу задоволство од составот на Б групата не покажа ниту Арвидас Сабонис, кој ја обавува функцијата претседател на Кошаркарскиот сојуз на Литванија. Легендарниот центар не е задоволен што во групата има четири репрезентации кои доаѓаат од Балканот, но е свесен дека во кошарката нема лесни противници.

„Групата е посилна од она што го посакувавме, сите во нашата група, со оглед на близината на Словенија ќе имаат голема поддршка од своите навивачи. Ќе биде тешко за нас да се игра во ваква Балканска група“, рече Сабонис.

Европското првенство во Словенија ќе се одржи од 4 до 22. септември 2013 година, македонската репрезентација на Евробаскетот ќе го брани четвртото место освоено на континенталното првенство во 2011 година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom