Кошаркарска репрезентација на Македонија

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Групата сигурно ја минуваме но многу важно е како први, 1/4 финалето така ќе го играме со послаба екипа а и без многу напор.Тек во 1/2 финалето доаѓа вистинската борба, ако не во него во борбата за 3-то место мора да тепаме.Ми изгледа лесна мисија, така да имаме доста надеж.
 

moof KOOZ tee

Mystis
Член од
26 ноември 2008
Мислења
361
Поени од реакции
63
Битно е во нашата група да сме единствена европска селекција, а не би сакал и Нов Зеланд да е со нас.
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
i da recis......ne bi gi sakal u grupa Portoriko i Dominikanska...od drugito sesir ne gi sakam Nigerija koj prate svetska kosarka znae deka portoriko ic ne e za potcenuvanje............imat NBa IGRACI......jUAN jOSE BAREA........primer
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Доминиканска,Порторико,Венецуела добри репрезентации сеа ама секако неможеме да ги избегнеме една ни паѓа во група една во 1/4 не се оди баш лесно на олимпијада мора да изиграат момците силно како на европското.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Ужасно тешко ќе биде да бидеме во трите тима кои ќе одат на олимпијада... само со иста игра како во Литванија ќе може да се надеваме, сепак оптимисти сме.
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Мекелеб ако игра ќе пласираме на олимпијада.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.716
Поени од реакции
49.093
Како сакате вртете ја, најдобра варијанта е. Помошник на Марин е, доволно време беа заедно на клупа за да знае што - како, плус ако се додаде на тоа дека Марин сепак е блиску и уште е во репрезентацијата, доаѓам до заклучок дека Маки е тука за да ги држи тренинзите, а Марин уште ќе ги држи конците, како што беше случајот со Србиновски во Работнички лани.
Треба да разберете дека неаме ние квалитетен тренер, а оваа репрезентација е составувана и моделирана од Марин и сходно на тоа мора да го наследи некој што поминал доволно време со него.
 

DarkLord

Невиден малер
Член од
27 јануари 2007
Мислења
941
Поени од реакции
247
„Излези момче“ пак ќе ечи: распродаден македонскиот сектор во „Скандинавиум арена“!

04
ФЕВ 2012​
00:00​

Дека каде и да игра Македонија, ќе ја бодрат огромна армија навивачи, покажува и фактот дека за само три дена откако почна продажбата на билетите за ракометните квалификации за ЛОИ во Лондон, речиси целосно е распродаден секторот предвиден за македонските фанови во салата во Гетеборг.


И „Скандинавиум арена“ ќе ги почуствува децибелите на верните македонски навивачи
Македонија натпреварите ќе ги игра во „Скандинавиум арена“ во Гетеборг, каде што освен домаќинот Шведска, на турнирот ќе учествуваат и Бразил и Унгарија, со која играме во првото коло и која мораме да ја победиме ако сакаме да освоиме едно од првите две места на табелата што водат на Олимпијадата во Лондон.
Вкупно 1.500 места во секторите зад головите се распродадени, засега останале уште 500 слободни места за најниската цена од 195 шведски круни (22 евра). На официјалната веб-страница (www.ticnet.se) за купување билети за натпреварите на Македонија со Унгарија, Шведска и Бразил се гледа дека организаторот назначил на секторите кој ќе биде за македонските навивачи и токму таму веќе местата се при крај. Има избор да се купуваат билети и за другите делови од салата, но тие се многу поскапи и достигнуваат цена од 50 евра за дневен билет.

Каде и да одат, македонските навивачи прават фантастична атмосфера
„Излези момче“ ќе ечи и во „Скандинавиум арена“ во Гетеборг, зашто ако се суди по интересот, салата чиј капацитет за ракомет изнесува малку над 12.000 столчиња, ќе има минимум 2.000 Македонци.
Но и оваа бројка ќе биде мала ако се земе предвид фактот дека во Шведска има многу добро организирано друштво на македонски иселеници „Гоце Делчев“, кое нема да ја пропушти шансата да ја бодри четата на Кирил Лазаров. „Гоце Делчев“ постои 42 години и е најстарото, но и најактивно друштво на иселеници од Македонија, а неговите членови ја бодреа македонската репрезентација пред десетина години, кога гостуваше токму во Гетеборг, на стадионот „Улеви“.
Засега нема информации дека е можно организирање чартер-летови со навивачи, како што беше случајот со ЕП во кошарка во Литванија, но неколку туристички агенции од Македонија најавуваат дека ќе понудат специјални аранжмани, но со автобуси. Откако на последново ЕП во ракомет во Србија направивме вистинска инвазија и во Белград присуствуваа над 10.000 македонски навивачи, истото, но во малку помал обем, ќе се случи и во далечната Скандинавија.
Иако Гетеборг е оддалечен 2.200 километри од Македонија, нашите ракометари и таму ќе се чувствуваат како да играат пред домашна публика. Со ова значително растат шансите за пласман на ЛОИ во Лондон, што би било првпат за една македонката селекција да учествува на најпрестижното спортско натпреварување. Покрај ракометната, квалификации за учество во Лондон ќе играат и кошаркарската и ватерполо-селекцијата на Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom