МАКЕДОНИЈА УСПЕАЈА ДА _ СЕ СПРОТИВСТАВИ НА РУСИЈА, НО НЕ ДО КРАЈ
ОЧЕКУВАН ПОРАЗ ОД "ЗБОРНАЈАТА"
МАКЕДОНИЈА - Русија 67:78
(17-19, 16-20, 19-19, 15-20)
Нашите момци дојдоа и до третиот пораз во подготвителниот период за претстојното ЕП во Полска. Иако се држевме добро до 30. минута, сепак, на крајот бевме поразени од селекцијата на Русија со 78:68.
Избраниците на Јовица Арсиќ полека чекорат кон она што се вика добра форма. "Црвено-жолтите" во првите 20 минути не се исплашија од бранителот на европскиот трон.
Иако за многумина од нас Русија има големо значење и тежина, сепак, нашите момци знаеја како да парираат на европски докажаниот тим.
Без Перо Антиќ и Александар Димитровски, но и Ристе Стефанов, кои се дел од стандарниот состав, почнавме храбро, па по првиот период на контото имавме негатива само од два поена (17-19).
Со исто темпо продолживме и во втората четвртина. Нашата одбрана, која засега се чини подобро функционира, не им дозволи на Русите да избегаат резултатски, па неизвесноста продолжи.
На паузата "црвено-жолтите" заминаа со минус шест (39:33).
Добро продолживме и по паузата, но се чини отсуството на тројцата кошаркари си го стори своето, сепак, нивното искуство ќе имаше големо значење, можеби вредно победа над големата Русија.
"Зборнајата" подвигот го направила во последната четвртина која ја доби со само плус пет кои на предноста стекната до тогаш беше доволна за победа и прва победа на контролните натпревари.
За потсетување бранителот на европската титиула на мечот, но и во Полска ќе настапи без Андреј Кириленко и Ј.Р. Холден.
Што се однесува до нашиот состав, и третиот пораз не треба да н$ разочара, особено ако се земе предвид дека полека почнуваме да функционираме како целина, а првата победа на пријателските натпревари ќе ја бараме в сабота и в недела против селекцијата на Словачка, која ќе гостува во Охрид.
"Натпреварот имаше и добри и лоши страни. Во моментов најголем проблем имаме со константноста. Русија н$ натскока. Му дозволивме на противникот да има по два напади. Мора прво да се навикнеме дека треба да ја освоиме топката, поточно да оствариме дефанзивен скок, а дури потоа да размислуваме за нападот. Имаме уште многу да исправаме до стартот на ЕП. Дел од кошаркарите с$ уште физички не се подготвени да издржат јако темпо, поточно турнирско одигрување на натпреварите. Настапивме без Перо Антиќ и Александар Димитровски, кои добија одмор. Антиќ се пожали на болки во зглобот. Не станува збор за нешто сериозно, но поради превентивност одлучивме да го прескокне овој меч", изјави по средбата селекторот, Јовица Арсиќ.
М. Ковачева
Без Антиќ и Димитровски против "Зборнајата"
Нашиот најдобар состав против бранителот на европскиот трон, селекцијата на Русија, одигра без двајцата стандардни играчи, кои против Словенија се покажаа во добро издание, особено по долгата пауза.
И покрај тоа што за противник ја имавме "Зборнајата", селекторот Арсиќ одлучи да ги одмори Перо Антиќ и Александар Димитровски.
Покрај двајцата кошаркарки, мечот со Русија го прескокна и дебитантот Бојан Трајковски.
Промени во планот, денеска во Скопје
Иако македонската експедиција денеска попладне од Словенија требаше директно да замине во Охрид, сепак, стручниот штаб одлучи да го промени планот.
Денеска сениорите ќе бидат во Скопје каде ќе го имаат првиот слободен ден, а веќе утре се селат во Охрид за каде се предвидени два контролни натпревари.
Во салата "Билјанини извори" ќе гостува селекцијата на Словачка. Практично ова ќе биде прв пријателски меч кои нашите момци ќе го одиграат пред домашната публика.
Селекторот Јовица Арсиќ за разлика од Крањска Гора на располагање ќе ги има сите момци.
Уште денеска во нашиот главен град треба да слета вториот натурализиран Американец, Дариус Вашингтон, а на "црвена-жолтата" чета ќе се приклучи и Ристе Стефанов, по Златибор се врати во Скопје за да ја рехабилитира целосно повредата.