Мислам дека ова повеќе ќе биде навивачка пресметка отколку натпревар. Главното ќе се случува на трибините, каде што е многу важно да бидеме во што поголем број и да имаме што подобра кореографија. Огромни транспаренти не верувам дека ќе може да се внесат во салата.
Незнам дали како и во фудбалот, има распределба на карти по федерации? Ако има, добро е навреме да се знае колку карти не следуваат и тие максимално да се искористат. Што од навивачи кои ќе тргнат од овде, што од нашите кои се на работа во и околу Полска.
Потребна е организација. За натпреварот, што биде. Тие се фаворити. Ние тука нема што да изгубиме, а може да добиеме многу. Но некои пораки од натпреварот, мора да се пратат до целата Европска јавност. Гледаноста на првенството мора да ја искористиме.