Кочани - најчисто место :)

Член од
5 ноември 2007
Мислења
67
Поени од реакции
1
abe nema niso posebno,ali taka malo mirno grad4e so 2 ulici i so mnogu mov4inja , edna skoro presusena reki4ka,nekolku kaficki ,najmnogu mi se sviga to mestoto GRAD4E ili kako se vikase e tamu e raj , inaku vaka u centar nema so mn da se vidi..trgovskiot centar e raspadnat..nema so da se vidi... :) samo sea nemoj da me ispotepate tie so ste od kocani :)) samo moe mislenje bese :))
Ти пред колку години си доваѓала у Кочани??? Да го надополнам Тралалала....
Мало мирно - ок
2 улици - нема врска.... да фанеш да го шеташ цел ќе видеш колкав е градот...
скоро пресушена рекичка?!?!?! - кој те лажа тоа реката си е таман никогаш не е била пресушена...
Кафичи - доволно
Градче - имаш право, рај е. сега првиот ресторан е реновиран и е многу многу добро.
трговскиот распаднат?! - зависи кај си била и кај си се навирал/а
супер е градчето шо му фали?!
 
G

Gray Foxx

Гостин
Имам забележано имате стварно моќни девојчиња. Сите куклички која од која послатка. :pipi:
 

.:TINA:.PINK

.:oksimoronka:.
Член од
17 август 2008
Мислења
354
Поени од реакции
16
КОЧАНИ-градот на оризот

еве јас нешто зза мојот роден крај -Кочани

Кочани е град во источниот дел на Република Македонија со 28 330 жители, седиште на истоимената општина. Градот лежи во Кочанското Поле и е познат по кочанскиот ориз и геотермалната вода.
Градот Кочани се наоѓа на 120 km одалеченост од главниот град Скопје, поточно ја завзема северната страна на Кочанска Котлина и го зафаќа просторот од двете страни на Кочанската Река. Градот има јужна поставеност во однос на 2252 метри високите Осоговски Планини, а 8 km јужно од Кочани плодното Кочанско поле завршува и почнува планината Плачковица. Кочани лежи на 350 до 450 метри надморска височина. Во близина на Кочани е познатиот зимски туристички центар Пониква.
Низ градот поминува магистралната сообраќајница M-5 која се поврзува со Штип (30 km) и Велес (70 km), а потоа излегува на автопатот Е-75 (Скопје-Гевгелија), односно со оваа собраќајница Кочани е поврзан со Централна Македонија. Кочани е крстосница на повеќе регионални сообраќајници со кои е поврзан на исток со Виница (10 km), Македонска Каменица (30 km), Делчево (55 km), Берово (60 km), бугарска граница (65 km). На запад е поврзан со Пробиштип (36 km) и Кратово (48 km). Исто така Кочани е поврзан преку железничка пруга со Штип, Велес и Скопје.

Општина Кочани има 38 092 жители) од кои:


Историја
Како и за други населби во Македонија и за Кочани со сигурност не може да се тврди кога е основано. Според преданијата, раширени меѓу населението, Кочани настанало од населбата што се наоѓала северно од денешната местоположба, во долината на Кочанска река. Траги од таа населба (остатоци од висок бедем, римска и византиска керамика, питоси и сл.) се пронајдени во реонот на селото Долно Гратче. Во извесен период жителите на населбата се повлекле кон рамнината и го населиле просторот на денешното Кочани. За првпат во пишан документ се споменува во 1337 година во една грамота, во која деспотот Јован Оливер му ја доделува црквата “Св. Димитрија” на градот.
Според пишувањата на турскиот патописец Евлија Челебија, при пописот од 1519 год. Кочани било село со едно муслиманско и 54 христијански семејства и 12 неженети христијани (Tapu defteri 169, 170). Состојбата битно не се изменила ни во наредните децении. Во пописот од 1573 год. е забележано дека се уште преовладува христијанското население (50 семејства и 50 неженети), бидејќи и во таа година само едно семејство било муслиманско (Tapu defteri 85, 446-447). Како населено место, Кочани плаќало пазарна такса која во истата година изнесувала 2.201 акче (турска платежна единица од тоа време) (Tapu defteri 437). Интересно е дека едно од двете кочански маала во тој период го носело името Самоков, веројатно по самоковот кој тука работел и на феудалецот му носел годишна рента од 60 акчиња. Според Челебија, во 1660 год. Кочани брои 600 куќи, со околу 3.000 жители, исто колку и Куманово, на пример.
Кон крајот на 18. и почетокот на 19. век, Кочани броело само 300 куќи и околу 1.200 жители бидејќи целиот регион бил зафатен од колера. Кон крајот на 19. век градот се зголемува за околу 150 куќи, со доселувањето на маџири и крушевски Власи. Според податоците на В. К'нчов во овој период Кочани броело околу 6.000 жители.
Во областа на политиката активно учествувале и жителите на тогашната општина Кочани, која се наоѓала во состав на Кралството СХС (Србија, Хрватска и Словенија). Така, на изборите за тогашната Уставотворна скупштина што се одржале на 28. ноември 1920 год. е регистрирано дека во Кочани имало вкупно 930 избирачи, а во целата Кочанска околија нивниот број изнесувал 5.678. На изборите во 1927 год. бројот на избирачите се зголемил на 1.173, а во 1935 год. на 1.387.
Во однос на занаетчиството, забележано е дека во 1918 год. во Кочани имало вкупно 140 занаетчии, во 1934 год. нивниот број изнесувал 215, а до почетокот на Втората светска војна имало 369 занаетчиски дуќани.[4]
Статистичките податоци од 1965 год. говорат за зголемување на бројот на жителите на околу 13.000, а денеска Кочани е општински и регионален центар со околу 30.000 жители.

Географија
Кочани е сместен на северната страна од Кочанска Котлина, на местото каде што Кочанска Река ја напушта Осоговијата и ја проширува својата долина. Сместен е на двата брега на реката, од исток заграден со Доклевски рид (450 м.) и од запад со Локобија и Алењак (524 м.). Спрема југ е отворен и нема граница, бидејќи на таа страна е Кочанско поле, додека на север е долгата и тесна клисура која постепено се затвора.
Кочани лежи на географска широчина од 41 степен и 55 минути (што значи дека е понајуг од Скопје), а на географска должина од 22 степени и 25 минути источно од Гринич. Надморската височина на која се наоѓа се движи меѓу 320 и 400 м.
Климата во Кочани во голема мера зависи од положбата на градот, како и од конфигурацијата на теренот. Таа се одликува со релативно високи температури и малку врнежи. Просечната годишна температура изнесува околу 13,5 степени Целзиусови, што значи дека е иста со онаа во Струмица, а повисока од онаа во Скопје или Прилеп. Годишната температурна разлика во Кочани е доста голема и таа изнесува 22,4 степени Целзиусови. Се јавуваат екстремно високи и ниски температури. Така на 22. август 1952 год. е забележана температура од 39,8 степени Целзиусови, а на 26. јануари 1963 год. живата во термометарот се спуштила на - 22,6 степени Целзиусови.[5]

Образование
Основното обрзование во Кочани се изведува во четири основни училишта во градот (“Никола Карев“, “Св. Кирил и Методиј“, “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“) и едно во населбата Оризари (“К. П. Мисирков“). Средното образование е застапено во двете средни училишта - гимназијата “Љупчо Сантов“ (каде има и економски паралелки) и електро-машинското училиште “Ѓошо Викентиев“. Во Кочани се наоѓа и Правен факултет којшто работи во состав на Универзитетот Гоце Делчев - Штип.

Збратимени градови


Личности


еве линк од веб страната на кочани
http://www.kocani.gov.mk/linkovi/uvod_mk.htm

Ајде кочанчани, дополнете нешто:helou:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.501
Поени од реакции
8.059
Во истакнати кочанчани фалат:
-Владо Георгиев, фотограф
-Симеон Иванов - Канго, рок-пророк,
Еден куп млади и талентирани уметници како Димитар Апостолов (Zewlean)...
Малку имам изгубено контакт со градот па не ми паѓаат други имиња на памет.
 
Член од
28 август 2008
Мислења
189
Поени од реакции
5
Tonchie ја ќе те допунам-Ивана Ристова-одлична пијанистка!!
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Еве еден новитет во ноќниот живот во Кочани
Прекрасна вест за ноќниот живот во Кочани: По голема пауза и нетрпеливо исчекување за младите, конечно овој град доби свој ноќен клуб - City!
Ноќен клуб е она што долго време му недостасуваше на Кочани. Сега сите оние кои сакаат да ја продолжат забавата по 00:00 часот во Кочани, можат да се забавуваат без да го напуштаат градот.
Превземено од kocanitonight.com
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Што е финтата со сликава?
Да бре, јас се чудев што е финтата со тие некролози. На крајот сумирав дека ова е за да се разбуди свеста на властите во Кочани, дека ни пропајга културата.
 

Surrender*

Soffro un po' ma almeno vivo
Член од
11 ноември 2008
Мислења
241
Поени од реакции
8
Аа си го сакам Кочани... Иако сум од Струмица,сум и пола Кочанчанка :)
И супер гратче е ,е незнам оти мее така малце досадно на излеване .. ама ај тај детал нее важен.Иначе ја у среда идам јупииии :vozbud::vozbud:
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Аа си го сакам Кочани... Иако сум од Струмица,сум и пола Кочанчанка :)
И супер гратче е ,е незнам оти мее така малце досадно на излеване .. ама ај тај детал нее важен.Иначе ја у среда идам јупииии :vozbud::vozbud:
Хмм можеби друштвото не ти било погодено. Инаку во кочанските кафичи можеш да ги сретнеш сите видови музика, сеа и диско ни отворија, така да нема место за поплака:helou:
 

buba18

God is a DJ
Член од
8 јануари 2009
Мислења
358
Поени од реакции
10
немам отидено ама изгледа убаво гратче:)
 

peppeGT

BMW piacere di Guidare...
Член од
10 април 2009
Мислења
363
Поени од реакции
12
abe kocani si e ok ali kocancani??
 
Член од
29 септември 2008
Мислења
101
Поени од реакции
12
Kocani e najubaviot grad.Go ima najubaviot kej u MK..... Diskoto CITY grme ejjjjj mn e zakon zurkiipol praat DJ Stefano lom prae (Dj Stefano eden od najdobrite dj u mk) ....


Go podrzuvam PEPPEGT kocani e super ali kocancani neso ne se bas kako so bea
 

Kajgana Shop

На врв Bottom