Коцкање

Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ма 100% тоа се десило.
Глупо е да ти докажвам или пак да ти се правдам, и не само шо е глупо туку е и безцелно.
Како шо те читам, заприметив дека и тебе не ти е лесно, не само овој со коцкава има мака во глата туку и ти си дупнат. Оди пушти некоја песна од Цане Николоски расположи се, дрмни една ракија да ти се разбистрат мислите, животот полесен и поубав е без иронија.
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
400
Поени од реакции
4.398
Од анализа и набљудување, а и во наврати ставање по некоја помала сума исклучиво со другар за забава и подобро да ја разберам психологијата на ова сфатив дека...

Од моја гледна точка, поголем проблем е времето кое се поминува зад тие апарати и потенцијалното време кое може да се помине таму.
Поедноставно, покрај тоа што ти зимаат пари, ете спомнавте со проценти колку, апаратите те прават паразит.
Времето кое го поминуваш во таа метро на метро просторија, вниманието кое го посветуваш таму, енергијата која ја трошиш и луѓето со кои си опкружен како фактор, се многу побитнии од се останато, па и парите.

Кога веќе не играш апарати и го имаш тоа време, почни да читаш по некоја книга.
За почеток можам да ти ја предложам "Најбогатиот човек на Вавилон"
Земи прочитај ја, сигурно ќе извлечеш нешто што ќе ти биде од корист, посебно околу менаџирањето и враќањето на долговите.
Ликот за кој се зборува во книгата, исто така имал финансиски проблеми, ама само со истата желба која се гледа дека ја имаш и ти, станал најбогатиот човек на Вавилон.

Следуваат дисциплината и посветеноста, реален проблем за сите нас.
Твојата моментална ситуација, не значи дека тој проблем не може да го совладаш подобро од многумина.
Трпение, спасение.
 
Последно уредено:
Член од
28 август 2009
Мислења
1.529
Поени од реакции
3.171
Тоа значи дека ако слотот е програмиран да враќа 90% тој мора да ја врати таа сума, дали во форма на помали добивки, дали во форма на џек пот, сеедно.
Во Македонија не смеат да бидат под 88%. Тоа е по игра X слот машина. Игрите се програмирани да даваат толкав процент и овој процент се пресметува на годишно ниво. Дава - Зима, на крај на година на 31.12 е секогаш 88% (или во однос на играта). Најмногу се Дазлинг Хот и Супер Хот 20 = 95% (долг период беа 97.5%). Џек потот е засебен и не е вклучен во пресметка за добивка (има локални, државни, на саат, на 5 саати и 300 други... некои се од казиното, некои се од државна лотарија).

чл.97 ст.2 од Закон за игрите на среќа и забавните игри: "Автоматите за игри на среќа мораат да бидат програмирани така што вкупниот број програмски комбинации да им исплатуваат на учесниците во игрите на среќа најмалку 87% од вредноста на уплатите за учество во игрите на среќа."
Е сеа дали ова се мести и колку се контролира....
87% биле по закон да, ама за да се сигурни нема игра под 88%. А искрено не знам игра што е под 90%, можеби некои што не се толку познати.
Неможе да се мести по играч.
(Освен во други случаи кои што не се потврдени и нема доказ а тоа е дека Новоматик се на ист сервер, и сите игри и џек-потови можат да се управуваат И мануелно. Ова не значи дека мене и тебе не местат, него мислам ради поголема контрола над самите игри и казина - а во некој случај, и по некое „случајно“ џек потче/перење пари).

Еден слот индивидуално враќа толку или сите заедно?Си сретнал некоја од институцииве да врши инспекција на апаратите кај нас?Те сфаќам што ти е поентата ама во пракса не функционира баш така.
Инспекција се врши автоматски, зошто секоја плоча е врзана со УЈП директно. Секоја добивка, профит, глич, дефект итн., се регистрира и УЈП има пристап. Немаат можност за лажирање добивка/профит освен нели, оние на црно. Не викам дека не прават дубари со блиски луѓе.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Слободно можеш секој ден да пишуваш тука..И ако добиеш желба да отидеш, прво напиши тука, ќе те премислиме ;)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.503
Поени од реакции
9.408
4 den kako veke ne ni pomisluvam,a ne pa da pojdam na takvo mesto
Daj boze gospod da mi dade sila i zasekogas da ostane vaka
Четири дена ако навистина не си се коцкал, е тогаш браво за тебе и така да продолжиш, а дека не си помислувал, тоа ти е душо невозможно, едноставно, секоја зависност е меморирана во некое делче од мозокот и неможе да се избрише, значи не ти верувам.
Јас на диета сум еве веќе месец и кусур, па сањам чоколади и сладоледи...Фаќаат кризи, ненормални кризи, е тука е проблемот...дали си коцкар, наркоман или алкохоличар, ете па една диета да земе човек да држи, маки се мачат..но тоа е што е, кризата треба да се издржи или па човек да знае да биде умерен во се.
Многу коцкари не познавам, но од тие што ги знам, еден се обеси, друг се разведе и отиде некаде, избега у друга држава поради лихварите, трет остана клошар на улица....дај боже, ти посакувам тебе да издржиш и да не ризикуваш никогаш, оти штом ти е расходот поголем од приходот, тука влагаш у ѓаволова дупка.
некој може цел живот да пие една чашка ракија на ден а да не стане пијандура, некој игра секој ден спортска за 20 или 30 денари но не е коцкар...умереноста во животот е најдобра работа, пробај од се, но не зајдувај, не претерувај, штом не ти држи газот, како што велат старите.

Продолжи да живееш сосема нормално, поминувај поред кладилници, коцкарници, но не влегувај внатре.......знам дека е претешко, но ако сакаш, се се може:)
 
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51

Druze mislata kocka kockanje mi e vo glava sekako priznavam sakav da kazam ne mi dojde pomisla da odam da uplatam livce da probam nesto kako i mnogu pati pred toa
Priznavam i znam kockanjeto igranje noj stot ke mi bide u glava ama ke se vozdrzam na sekakov macin da ne padnam i pak da vlezam na toa mesto
 
Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.894
12к евра се ништо пари, баш исплаќање на таков кредит неколку години ќе те научи дека не вреди срањето. Немој само да се вадиш, на крајот куќа ќе мора твоите да продават за да не те најдат во некој ендек.

Не ти ја знам фамилијарната ситуација, али спомна дека имаш добри родители кои сигурен сум дека ќе ти помогнат ако е така. Сите ако сте вработени по 150-200 евра на месец за кредит ќе стегнете заби, за 5-6 години максимум си чист. Ако имаш кола продај одма за да си олесниш, вози нешто од 500-600 евра колку за потреба.

И сето тоа погоре паѓа во вода ако влезеш пак во кладилница/казино, јасно е дека немаш контрола над срањево. Јас сум 29 години а играм од 15, едно евро не дужам ниту пак сум дужел некојпат. Ми се има дешавано да изгубам и 500 евра за еден ден, во самиот момент осеќам одбивност од сам себе и може наредните 2 месеци да играм само комбо лото тикети за 10-15 евра колку да упали еднаш и да повратам шо сум изгубил.

Магичен круг е кладилницата. Играј за забава и да си го направиш викендот интересен, богат не стануваш.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.792
Поени од реакции
17.153
4 den kako veke ne ni pomisluvam,a ne pa da pojdam na takvo mesto
Daj boze gospod da mi dade sila i zasekogas da ostane vaka
Друже секоја чест ако си се решил навистина ама 4 дена се ништо за таква работа. Коцката по мене е најјак порок и тешко дека ако си се заразил, си немал контрола, ќе се одвикнеш така лесно. Ти кажувам што од лично искуство, што од искуство на многу луѓе што ги знам. Сум кажал неколку пати на вакви теми тука, деца се дрогираа сега се средени, иако беа заразени, тие што се коцкаа, колку и да се одкажувале пак се навраќаат. Се е и до карактер, не знам ама тргни од мали пороци. Многу полесно луѓето се откажале од пушење цигари, него ли од уплаќање на ливче спортска иако.

Јас лично секогаш кога сум бил најубеден дека не играм повеќе, за кратко пак сум почнал да играм, иако еве сега после неколку месеци бурен период, веќе скоро 3 месеца сум пак чист но како што кажав, сфати го ова као борба со правење грев, без престан само бори се во умот и тоа можам да ти го кажам, само не се лажи дека со 4 дена си се излечил. И уште еден совет што ако сакаш да се промениш мислам дека помага, игнорирај ја оваа тема во секојдневието како да не постои такво нешто на планетава земја, секој поврзан муабет, секоја случка прпбар да ја тргнеш од меморија, пробај коа се движиш низ град на некој начин да тие места ти станат невидливи и постојано биди буден како да животот ти зависи од тоа, што и не е далеку од вистината.

Се најдобро.
 
Te razbiram ni najmalku ne mislam deka sym se izlecil cel zivot ke go imam toa vo glavata i ke ja vodam taa borba
Spremen sum na se
Utroto mi e posvetlo koa ke se razbudam koa znam deka nemam izgybeno pari na toa,koa nemam nemir misli kaj da baram pari da igram da vratam nesto.
Imam cel pred sebe i samo toa mi e najvazno poveke da ne se vratam i posegnam po toa
 
Kajgana Shop

На врв Bottom