Коцкање

Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
чл.97 ст.2 од Закон за игрите на среќа и забавните игри: "Автоматите за игри на среќа мораат да бидат програмирани така што вкупниот број програмски комбинации да им исплатуваат на учесниците во игрите на среќа најмалку 87% од вредноста на уплатите за учество во игрите на среќа."
Е сеа дали ова се мести и колку се контролира....
Еве, благодарам, не ја знаев информацијата, биле програмирани на 87%. Нема ниту зошто да се мести, а не знам дали се контролира. На газдите на коцкарници им се потребни редовни играчи. Ако слотовите се програмирани да враќаат 25% како што мислат некои малку неписмени, за еден месец човек нема да има во ниту едно казино на слотовите. Инаку, овие 87% се исклучително неповолни за играчите, бидејќи навистина постојат слотови кои враќаат преку 98%.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Кога веќе си го знаеш проблемот и сакаш да излезеш од ова единствено решение е да почнеш да работиш, за да вратиш долгови и да има и за фамилијата.

Не знаеме колкав е долгот и дали ќе може со македонска плата да го исплатиш за пократко време, ама за тоа ти ќе си рачунаш.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Не е малку, ама не е ни милион евра.

Ќе најдеш работа ќе враќаш рата од кредит најмалку 5 години, ќе продадеш кола ако имаш за долгови од пријатели.

Ако си решен да почнеш ги враќаш ако не ќе се зголемуваат.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
234
Поени од реакции
552
Човекот го има решено пола проблем веќе, има разбрано дека има голем проблем и кај овие луѓе најчесто е првиот чекор е најтежок... се може да се среди со голема волја и дисциплина.

Јас лично имам пробано спортска како млад и фатив едно 10000 денари со почетничка среќа , фатив 3 од 5 ливчиња за една недела... Почнав да играм секој ден по две ливчиња од 50 и играв така еден месец и кога не фатив ништо од толку играње си реков доста е и се откажувам додека сум у плус. Направив рез и веќе не сум играл повеќе од 1-2 ливчиња на година.

Од друга страна роднина толку заглави со оваа работа од работлив човек со доста пари се изгуби дури и својот стан го изгуби на лихвари и едноставно заврши со развод и беше исфрлен како куче од родителите и молеше за корка леб кај мене... заврши и до психијатриска установа, ама еве веќе фала богу подобар е и веќе е на правиот пат. Ако може некој како него да се опорави има надеж и за тебе.

Мој совет е како прво да се помириш дека парите што си ги изгубил на коцка НЕМА ШАНСА да ги повратиш со коцката, ако имаш поддршка од родители и фамилија многу полесно ке излезеш од оваа навидум безизлезна позиција. Пари како пари ке се спечалат , ке биде многу тешко ама не и неоствраливо.
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Како некој што и сам се коцка долги години (претпоставувам дека е така за тебе) многу малициозно дури и љубоморно реплицираш кон сите што имаат различно мислење. Криво ти е некој што е навлечен да се оттргне? Ти не можеш, затоа е тоа така?

Наместо да си малициозен поддржи го човекот.
Доволно жално е што има дете и што стигнал до ова ниво, не треба сол на рана да му тураш само за да испаднеш паметен.
Сантинели убаво ти реплицира, само виде дека нема фајде од понатамошни реплики па се повлече.

Повлечи се и ти слободно. Не вреди човек тастатура да троши ни за тебе ни за него.
 
Член од
19 април 2021
Мислења
48
Поени од реакции
51
Не е малку, ама не е ни милион евра.

Ќе најдеш работа ќе враќаш рата од кредит најмалку 5 години, ќе продадеш кола ако имаш за долгови од пријатели.

Ако си решен да почнеш ги враќаш ако не ќе се зголемуваат.
Resen sum definitivno imav nekoj 20000 den na kartica preeska gi izvadiv na dvajca
Не е малку, ама не е ни милион евра.

Ќе најдеш работа ќе враќаш рата од кредит најмалку 5 години, ќе продадеш кола ако имаш за долгови од пријатели.

Ако си решен да почнеш ги враќаш ако не ќе се зголемуваат.
Resen sum definitivno sve sto imav pari denes sobrav kartici kes okolu 40000 den vrativ na 3 ca i mnogu mi e polesno i poubavo vo momentov
Za rabota rabotam vadam nesto ne e loso ama zadnjive meseci ha zapostaviv i nea
Sea so smirenost so poveke zelba ke gledam na na rabotata zlaten gospod i poveke valjda ke ima
Samiot sebe si vikam kolku i da e periodot dolg ke se razdolzam toa mi edinstveno nesto sto go sakam i moram da go napravam
Автоматски споено мислење:

Човекот го има решено пола проблем веќе, има разбрано дека има голем проблем и кај овие луѓе најчесто е првиот чекор е најтежок... се може да се среди со голема волја и дисциплина.

Јас лично имам пробано спортска како млад и фатив едно 10000 денари со почетничка среќа , фатив 3 од 5 ливчиња за една недела... Почнав да играм секој ден по две ливчиња од 50 и играв така еден месец и кога не фатив ништо од толку играње си реков доста е и се откажувам додека сум у плус. Направив рез и веќе не сум играл повеќе од 1-2 ливчиња на година.

Од друга страна роднина толку заглави со оваа работа од работлив човек со доста пари се изгуби дури и својот стан го изгуби на лихвари и едноставно заврши со развод и беше исфрлен како куче од родителите и молеше за корка леб кај мене... заврши и до психијатриска установа, ама еве веќе фала богу подобар е и веќе е на правиот пат. Ако може некој како него да се опорави има надеж и за тебе.

Мој совет е како прво да се помириш дека парите што си ги изгубил на коцка НЕМА ШАНСА да ги повратиш со коцката, ако имаш поддршка од родители и фамилија многу полесно ке излезеш од оваа навидум безизлезна позиција. Пари како пари ке се спечалат , ке биде многу тешко ама не и неоствраливо.
Pomiren sum definitivno znam deka prestoi tezok period ama zdravje se se ostvaruva koa imam volja i zelba
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2020
Мислења
228
Поени од реакции
533
Слотовите се програмирани да даваат одреден процент од уплатата назад. Најчесто враќаат околу 90%, иако има слотови коу враќаат само 75%, до слотови на интернет кои враќаат до 98.5%.
Еден слот индивидуално враќа толку или сите заедно?Си сретнал некоја од институцииве да врши инспекција на апаратите кај нас?Те сфаќам што ти е поентата ама во пракса не функционира баш така.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Еден слот индивидуално враќа толку или сите заедно?Си сретнал некоја од институцииве да врши инспекција на апаратите кај нас?Те сфаќам што ти е поентата ама во пракса не функционира баш така.
Секој слот засебно функционира така, затоа што така се програмирани. Тоа е математика и нема бегање од тоа. И токму така функционира во пракса, затоа што нема потреба да функционира поинаку. Се друго ти се муабети на полуписмени од пред кооперација.
 
Член од
21 јуни 2018
Мислења
610
Поени од реакции
262

Со едно о.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
може ли да објасниш како ова изгледа у пракса, баш ме интересира, wtf
Епа така , дојдоа аванташи од с. Велешта и ви велат на жената , на мажот ти му дадовме пари тој рече дека ќе работиш за нас додека го врати долгот. Кога ќе ги врати парите може да си одиш....ништо од тоа не се деси нормално бидејќи жената се закануваше со полиција па помина само со некоја модрица и никому ништо.
Кога си коцкар за да дојдеш до пари, гледаш да понудиш и да излажиш што било и колку и да посакаат, само за да ти дадат пари да коцкаш со надеж дека се ќе вратиш.
 
Член од
29 март 2021
Мислења
301
Поени од реакции
864
Епа така , дојдоа аванташи од с. Велешта и ви велат на жената , на мажот ти му дадовме пари тој рече дека ќе работиш за нас додека го врати долгот.
Ти сериозно веруваш дека некој каматар ќе ти даде пари затоа што ќе му ветиш дека жена ти ќе работи за него дури не му ги вратиш парите?

Ајде размисли малку.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Ти сериозно веруваш дека некој каматар ќе ти даде пари затоа што ќе му ветиш дека жена ти ќе работи за него дури не му ги вратиш парите?

Ајде размисли малку.
јас ти зборувам за вистинита случка, за нешто што се десило пред мои очи...а ти мисли како шо ти одговара.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom