Коцкање или дрога - кое е полошо?

А

Атомската мравка

Гостин
Со коцката освен себе, ја уништуваш и твојата фамилија. Со дрогата само себе. Значи коцката е полоша каде, каде.

Исто како The Magus и јас имам комшија наркоман и не е баш така како што кажуваш, он еве го уште жив додека татко му почина од срцев удар уште млад а мајка му едвај оди иако не е до толку стара. Покрај уништеното здравје на цела фамилија и финансиски ги уништи многу, буквално скоро се од дома им продаде за дрога и на еден куп места ги заглави со пари..
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Океј дечки, ја разбирам вашата поента. Јас кажав мое лично искуство за овие две зла. Не сум имала некое блиско искуство со наркомaни како вашите кои ги наведовте.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.301
Поени од реакции
78.980
Со коцката освен себе, ја уништуваш и твојата фамилија. Со дрогата само себе. Значи коцката е полоша каде, каде.
Ти поима немаш изглеа, како е да имаш наркоман во семејство. Ни јас, фала му на Бога, немам, али знам за доста примери, кои врескаат на сите страни: - Болдираната реченица ти е погрешна!
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
Познавам луѓе што во крвта им е коцката, едноставно имаат чувство за таа работа, можеби губат, но и добиваат. Доста од нив се успешни. Значи нема споредба реално. Коцкарот почнал да се коцка за да добие, додека наркоманот за сопствено уживање, бегање од реалноста. Дрогата е полоша. Имам еден комшија, многу интелигентно дете, забега скроз од хероин, коски и кожа е, страшен е за гледање. На тој му нема чаре. Не е способен за ништо, едвај зборува.
 
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
Меѓу пороци да бираш е малку тешко....
Двете ствараат зависност и двете можат да те одведат до смрт.
Во коцкањето може да те упукаат ради долгови, а од дрогата можеш да умреш од предозирање.
Секој порок си има свој утицај. Иако ќе кажам дека од дрога пострашно нешто нема.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Колку што знам и марихуаната е еден вид на дрога, но не убива! Но и од друга страна во коцката мора некој да добие!
Според мене дрогата е полоша, ако гледаме општо.
И таму и ваму губиш пари само разликата е во тоа што во коцката имаш можност да добиеш.
Де факто, немојте да зимате, конзумирате или пак играте со некој порок, затоа што не си наштетувате само на себе туку и им наштетувате и на луѓето околу вас.
 
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4
Поени од реакции
1
Се вели дека нема излечени наркомани, збориме за оние на потешки дроги, т.е. дека сите тие само апстинираат одреден временски период и дека кога-тогаш пак ќе се вратат на зависноста. Коцката, од друга страна, ми личи на поблага зависност од која можеш да се извлечеш, ама не сум баш информирана или искусна на темата. Во секој случај, ни едното ни другото не е добро, а за кое е "полошо" е малку глупо да се збори, не? На крај, порок си е порок, било да те убива физички, психички, морално, материјално или било како, битно те убива.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Kaко може некој да каже дека со дрогата се уништуваш самиот себе а не и останатите ?
Не, не може да биде така...
Пример...Наркоманот ке биде способен да ја продаде и својата мајка , жена , деца само за да дојде до дрога... што поскапа тоа за него е подобра така?
И кога ке го загуби животот наркоманот кој ке биде уништен? Нормално најблиските пак. Тие се уништени..
А не знаеме во кој и како би реагирал наркоман во момент на напади за дрога...Немам налетано на таква ситуација но имам гледано документарци за тоа...
Независно дали е од коцка или зависност од дрога најблиските страдаат пак.
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Од две зла бираш едно кое е подобро. Грозно нешто но еве кога веќе пиштол на глава ми ставивте, ќе кажам мое мислење :rolleyes:

Коцкарите се луѓе кои го почнале тоа од немање на доволно пари, забава или пак едноставно тоа им е во крвта (има и такви случаеви). Коцкарот може да изгуби многу пари и односи со блиските луѓе затоа што станува опсесивен и премногу страствен кон коцкањето што се би дал за да победи во играта.

Наркоманите одат кон сигурна завист и влошување на животот од секој аспект. Како што кажа девојката погоре, наркоманот е способен да ја продаде фамилијата за дрога. Тогаш станува себичен, се пореметува психички, го губи здравиот разум и нема никаква позитивна работа во тоа.

Сепак, мислам дека полошо е наркоман затоа што со самата завист на одредена дрога, нема назад. Има, но многу ретко. Поретко ќе видиш случаи од луѓе кои се излечиле од завист на дрога од колку оние кои психички се тргнале од мислата на коцкањето. Процесот за да се откажеш од коцкање е далеку полесен од колку да се откажеш од дрога затоа што самиот организам ја бара таа супстанца од која ти си живеел.

Наркоман, мојот конечен одговор. :гик:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
А добро кој умрел од коцка? :facepalm:
Па правиш премногу долгови и тоа не од банки но од лихвари така да зависно од долгот може и да те убијат. Иако кај нас ги нема толку многу но има во многу земји каде што се застапени.
 

Sapphire

Persona non grata
Член од
30 јануари 2011
Мислења
935
Поени од реакции
1.559
Па правиш премногу долгови и тоа не од банки но од лихвари така да зависно од долгот може и да те убијат. Иако кај нас ги нема толку многу но има во многу земји каде што се застапени.
Сепак тоа не тоа што те убива.. а дрогата дирекно те убива, така да не е исто.
Од коцкање има спас, од дрога нема.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.795
Сепак тоа не тоа што те убива.. а дрогата дирекно те убива, така да не е исто.
Од коцкање има спас, од дрога нема.
И од коцка и од дрога има спас ама финтата е да не навлезеш до толку.
 

ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Дрогата е полоша. Рече коцкарот
 

Kajgana Shop

На врв Bottom