Коронавирус (COVID-19)

Член од
25 февруари 2020
Мислења
196
Поени од реакции
174
Не е само аверзијата кон технологија, народот нема навика за користење на телефони за такви работи од причина што длабоко во себе не веруваат во сигурноста на целата ситуација. Ова е културолошка работа, не можеме да им судиме на луѓето.

Споредете кога во рани 2000ти низ САД се случувала интернет револуција каде бевме ние. Мора да гледаме реално, работев во една наша компанија која има добро развиена е-трговија не знаете за какви банални работи, според нас помладите, луѓе се јавуваа да прашаат. Дури и кога купуваат пак не ги разбираат пола од термините, луѓе не знаат што значи при неуспешно онлајн купување кога на сметка ке им покаже РЕЗЕРВИРАНИ СРЕДСТВА, и мислат дека тие пари им се украдени од компанијата затоа што ги нема на нивната сметка а не ни знаат дека можат да проверат дека се во резервирани.

Фактот дека електронската и компјутерската писменост во државава е ниска а луѓе со 50 години не можеш доколку неќат сами да ги учиш и да ги тераш да прават нешто. Едноставно навикнале да си тераат така. Ке треба уште неколку години да пројдат за да дојдат помладиве генерации и нивните навики до израз и да имаат влијание врз општеството.

Пример во западните држави имаш баби и дедовци што си составуваат нарачки на апликации од маркети и си ги подигаат само од посебна каса веќе спремни, ајде оди објасни им на баба ти и дедо ти дека на смартфон, можат да отворат профил да го повржат со картичка од банка и да завршат 90% од работите што сакаат да ги направат. Дури и да се направи кампања со маркетинг и промо материјали за тоа како се користи и слично сигурно нема да седнат и да ги читаат брошурите а уште помалце да купат специјално нов телефон.

Лошо е што некои членови ги дочекуваат ваквите луѓе на нож место да ги разберат дека навиките им се различни и така функционираат, не можеш да ги смениш луѓето we have to live with it. За некое време ке се дигитализираме, е проблемот е кај државата што не работи на решенија уште сега за да поттикне дигитални навики кај населението, но тоа е за во друга тема.
Многу убаво напишано БРАВО :aplauz:
И уште ако се додаде фактот дека имаме 300-400 илјади пензионери
и дека сме во најпоследните земји во користење интернет ,позади Босна Албанија ... И плус многу безвезни глупи тешки страници имаме отидовме
Пример си префлив од странска на Македонска картица пари на НЛБ
и сега да ми се јаавеле треба формулар да пополнам бррррр за да ги конвертирам еврата во денари мТОКЕН ми требало хаха глупости....:uzi:
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Се согласувам со тебе, ама после битка да се правиме генерали не е во ред, затоа што еве јас да требаше да одлучувам за 2милион народ и цела држава, дефинитивно ќе размислам сто пати, ќе се консултирам со стручни лица и ќе следам туѓи искуства и пак нема сам да одлучам туку некој кризен штаб со мнозинство.

Така да Филипче си тераше на сигурно, и тоа е во ред.

Белорусија е вон стандарди, слично ко Северна Кореа што нема болни, ама еве Ким заврши во болница со срцеви проблеми и хируршки зафати. Нема да ме чуди да има Корона, со оглед дебелите бајги си го однесуваат.
Во право си, после војна сите се генерали но војната сеуште трае тука.
За мерките што ги превземаат се задоцнети. А и доста не логични. Полни со дупки.а и не се спроведуват како што треба.

За белорусија и С. Кореа си во право,самп мислам дека на сите светски лидери им е јасно , а и ако не се лажам имаше и некој изјави дека мора да стекнеме имунитет.
Ако ти текнува Велика Британија и Шведска мислам дека беа и пионири за таа варијанта. Само британците сепак земаа и ги зарворија (мислам) училиштата на крај и воведоа некакви мерки. Швајцарија, од муабет пд гастербајтер иам слушнато дека се си работи само има огромна диациплина пд населението. Треба да видиме и тие држави како ќе се справат и што се дешава со нив. Видовме дека Кина со тотална изолација скоро и да го реши проблемот. Ние тргнавме по пат на Италија, шпанија, сад и осеќам исто ќе не снајде. Сега овие по отворените земји треба да видиме што и како е кај нив.
За германија да не праиме муабет воопште, они се машинерија со нов никој не може.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Градоначалникот на Куманово сепак е негативен?

Во објавата на неговиот фејсбук профил можете да прочитате се, сега да не споделувам тука. Ова ме доведува до заклучок дека можеби проливер го мести поради реваншизам и уште некои работи. :)
Ова значи дека тестовите воопшто не се прецизни.По се изгледа дека многу љуѓе се затворени во карантин,а можда воопшто не се носители на вирусот!Ги водат како носители на вирусот,без никакви симптоми.
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.101
Поени од реакции
11.525
Еден еминентен епидемиолог од Норвешка вели дека погрешиле што не го превзеле Шведскиот модел за справување со корона, ако го направеле истото денес би имале многу поголем имунитет
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.194
Поени од реакции
13.049
0.5% смртност во Њујорк према последниве тестирања...
Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Требаше или по строго, многу по строго или како Белорусија.
Не знам дали некој има по точни податоци како е во Белорусија, знам кај нив Хокеј се играше со полни трибини... Мува не ги лази.
Иначе според твојата логика, ако мутира во нова средина, а кај нас го има од Декември рецимо, тогаш тој си мутирал и се ширел и во декември и во јануари... А не е тука од Февруари/март т.е од кога почнаа со мерките за ние „да се заштитиме“. Затоа и велам дека се ќе падне во вода. Ние ќутевме дур „мамички“ по фејзбук го повикуваа Филипче да прогласи епидемија пошто децата им се болни/идат во клас од 12-13 деца пошто повеќето се болни.
Се надевам дека за вирусов конечно ќе се најде чаре и се ќе заврши пошто вака не може веќе. Не може еден вирус цел свет да го тероризира. Особено не вирус со минимална смртна стапка. Светов многу по лоши и опасни работи претрпел. По големи чуми и болештии. Ако стварно еден ваков вирус не остаи усрани у гаќи и ни блокира се, тури му пепел...(се мисли ако уште 2,3,4 месеци тера вака, што не верувам)
Според некои членови Белорусија е тоталитаризам , а шведска кријат податоци инаку таму луѓето ги полнат гробиштата и тоа млади луѓе во полна снага, само кријат не сакаат да кажат педери :)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.731



2 Цаци од Чаир :popce:
Сестрава до кога одела на работа и дали поликлиникава е поврзана со гинекологија во Чаир???? Колешка беше вторникот на гинекологија, трудна е последен месец, кркљанац било таму.... ќе се отрујам.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Ова значи дека тестовите воопшто не се прецизни.По се изгледа дека многу љуѓе се затворени во карантин,а можда воопшто не се носители на вирусот!Ги водат како носители на вирусот,без никакви симптоми.
Ај чисто да ги расчистиме поимите.
Во карантин се ставаат сомнителните, болните се ставаат во изолација. Во суштина е слично, само што во карантин се останува одреден временски период, во изолација до завршување на болеста (временскиот период не е ограничен).
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.324
Поени од реакции
15.576
Има тука уште еден проблем. Има ли такви маркети кај нас? Ако има, каде? Никој не сака да помине половина град за да стаса до таков маркет. Полесно му е да појде до маалската продавничка.
Има, Тинекс.
 

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
747
Поени од реакции
1.618
Знаеме дека Коронавирусот не е од сега присутен, туку години наназад (прво како САРС, па МЕРС и т.н. други корона вируси)



Ме интересира како од тестовите (PCR или серолошки) можат да утврдат дека дали се работи за Ковид-19, а не за некој друг тип на коронавирус? Или се тоа оди на една сметка пр. Ковид-19?

Одговорот ме интересира, заради многу различни симптоми на кај различни луѓе од кои некои и два пати заболуваат од корона вирус?
Ako se zema bris I testiranje na drugite virusi, da t.e moze da bide pozitiven na korona virus no ne covid 19.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Дали заболен од друг вид на Корона ќе биде исто позитивен на истиот тест или? Зошто стварно има многу различни симптоми и многу нелогичности и збунки во последните испитувања.
PCR тестот бара точно определени гени на самиот вирус, кои са уникални. Сите тестови имат фалшиви положителни или отрицателни случаеви, прашане е во процентот.
Автоматски споено мислење:

Не само Германиja, а светот.
Ако сакате погледнете шпанскиот грип от почетокот на XX век.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.284
Поени од реакции
15.426
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.090
Поени од реакции
34.537
Покрај самиот живот, има нешто што се вика и квалитет на живот. По последната изјава на филипче, не праиме муабет за 2 месеци туку извесни две години дур да стигне вакцината. Ја лично не планирам да живеам 2 години у страв само за да јадам и да преживеам. Баба ми иако е позагрозена од мене, нема да се сложи последните години од живот да ги помине во изолација и да не може да си ги види внуците и правнуците. Сепак никој не знае колку ќе биде тука, дури ни ние помладите.

Инаку економијата не е само дали ќе јадеш, и понатака стигаат истите сметки за струја, креди за стан и тн. Доколку сите се осиромашиме ќе е далеку помал проблем од тоа што следува. Некој (вклучувајки ме и мене) земаме и понатака нормална плата, меѓутоа некој луѓе ќе останат без скршен денар и цел животен труд ќе им пропадне у вода. Мислиш дека тие луѓе ќе се помират дека бар нема да умрат од глад, додека некој и понатака си живее нормално?
Ај сега зарем сериозно разговараме за 2 години ригорозни мерки?
Веќе сега ги олабавуваат мерките. За некој месец ќе останат само забрани за кафани, кафичи, дискотеки и такви неесенцијални места од затворен тип каде се прават големи гужви во затворен простор.

Гледам дека многумина не разбираат што е целта на мерките.
Не мерките не се за да се запре заразата. Тоа одамна веќе не е можно. Мерките се за заразата да се шири контролирано, поспоро, и да не се надминат медицинските капацитети. Јас лично мислам дека барем 10-15% од луѓето овде веќе имаат имунитет за SARS-Cov-2, но за тоа да го утврдиме потребни е помасовно тестирање со квалитетни тестови за присуство на антитела, и тестирањето да е репрезентативен семпл од рандом одбрани индивидуи - не доброволци (пошто доброволци се почесто некој што веќе имал симптоми, и резултатите нема да бидат репрезентативни).

На крај ќе остане само задолжително носење маски без никакви полициски часови (како што е во Ј. Кореја). Така требаше да биде од почеток, само да живеа овде разумни и разбрани луѓе (како во Ј. Кореја). Ама пошто овде живеат друг тип на луѓе, мерките се апсолутно потребни.


Јас лично би ви понудил отстапка: Да се дава потврда за имунитет од вирусот, не само на нормално заразените, туку и на сите што сте оволку нестрпливи - ама само откако на потпишана лична одговорност ќе се согласите контролирано да ве заразат и да си ја одлежите болеста во државен карантин но без право на зафаќање на медицински капацитет на штета на некој што не се заразил по своја волја. Потоа после два негативни теста за вас нема да има ограничувања.

Така секако ќе го забрзате крајот на мерките со својот придонес за групен имунитет. Побрзо ќе престанат мерките и плус ќе добиете и дозвола за неограничено движење, неносење маски, можеби дури и за седење у одбрани кладионици или кафани за момци со имунитет... Еве покренете петиција, јас со задоволство ќе ви дадам поддршка а верувам дека и многумина други ќе ви дадат поддршка.

Ставете го само сопственото здравје и сопствените животи на ризик заради „квалитетот на живот“, не тргувајте со туѓи животи и со туѓо здравје.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Море како нема да ги скукали вирусов еден да не остане,пламето гнасно да им се сотре.Цел свет го гомна го полнат уназад 20 години.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom