Многу ми е смешно што луѓето константно се прашуваат како се заболувале луѓе и покрај мерките. Некој може пред месец дена да се заболел, па да нема симптоми и да зарази еден куп луѓе.
Неколку од жариштата се од неодговорни луѓе. Пример, во Скопје има огромен број на заразени од фамилијата Кондратенко. Тоа се шири постепено, работата дојде до заразени од друг град, кои имале услуги од вработени во фирмата на наведените. Значи прво не знаеле дека биле во контакт со заразени, затоа што ни заразените немале симптоми и излегле позитивни по неколку неделна изолација.
Вирусот не те фаќа одма, си бара време додека да покажеш симптоми (ако воопшто ги имаш). Во Куманово вирусот го раширија со лажно негативните тестови на прво разболените, заразија медицински персонал и после се изгуби редот. Слично е и во Прилеп. Ситуацијата е заебана, епидемиолошките анкети не те ставаат во ризични случаи, а мораш да одиш на преглед, заразуваш персонал кој нема симптоми и после папала Маца. Во Дебар и по толку време знае да се појави по некој нов заболен, без разлика што скоро целосен карантин имаат. Во Кочани знаеме како почна приказната. Гледате дека кај некои од луѓево што умираат, сомнителните контакти се јавуваат уште на почеток од март. Затвореникот еден месец бил во ќелија, никакви симптоми немал, а умрел.
Значи нема шанси целосно да се спречи ширењето, освен ако не се тестираат сите жители и сите заболени да се стават во карантин, а останатите да живеат со меркиве.
Бројките не се трагични, голем дел од заразените се поради големиот број на асимптоматски пренесувачи. Мене единствено ме плаши тоа што за околу 170 заболени немаат одговор како се заразиле. Тоа е веќе проблем.