Коронавирус (COVID-19)

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Нема човек кој не очекува јуни да биде готово.
Не ми е јасно како го очекуваат тоа? Како тоа вирусов пуф, после јуни капут?
Додека не се најде вакцина ништо нема да биде исто, само ќе биде интересно ако отворат ресторани / кафани, а мора да отворат ваљда, и тоа да речеме да биде јуни или јули, до септември треба да очекуваме втор бран и тоа покољ да биде.
Никако излегвање, ни на тераса ни пак проветрување дури да излези вакцината в година ова време
 
B

Beginner

Гостин
Битен дел од текстот:
Сепак, не се точни информациите дека велешанката е почината два месеци.
И на крај ќе испадне дека починела во Март и за џабе толку галама се направи...
 
B

Beginner

Гостин
Италија нешто втор пик ги фати или шо е работата со бројките секој ден шо почнаа да растат
Најверојатно нешто како кај нас непочитување на карантинот. Како инаку кога се е затворено веќе еден месец истото се случува и овде само со помалку бројки кај нас еве секој ден има новозаразени и тоа по 30-50 ако сите го почитувале карантинот од 10 Март по некоја логика сега на ден требаше само по 5-10 новозаразени да имаме ама тоа е.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.320
Поени од реакции
16.485

има и незнаење како се пренесува Ковид 19.... многу лица од здравството се заразија, па дури и заразија цивили... мислам Дебар беше ама сега нешто кажаа и старски дом некој ??
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.605
Поени од реакции
5.230
Италија нешто втор пик ги фати или шо е работата со бројките секој ден шо почнаа да растат
Можеби добил покачување оној кој ги пишува смртните случаеви.

Он топик дали е можно тоа што немаше воопшто зима оваа година, дали тоа може да влиае кон здравјето на луѓето па и оштетување на циклот на птиците пошто реално чудно и тие реагираат.
 
M

Macedon1um

Гостин
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Абе која е логикава да седам во викенд-изолација, а до вчера работев во погон со 300-400 вработени?Или за време викенд вирусов е поактивен?:cautious: Или логиката и зравиот разум веќе не постојат!?
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
973
Поени од реакции
1.601
Абе која е логикава да седам во викенд-изолација, а до вчера работев во погон со 300-400 вработени?Или за време викенд вирусов е поактивен?:cautious: Или логиката и зравиот разум веќе не постојат!?
Просто и едноставно е, наместо потенцијално да се заразиш викендов, потенцијално да се заразиш преку работна недела. За да се растерети здравствениот систем.

Логиката е проста ама оти се правите ко да сте од марс паднати не ми е јасно.

Денешните нови заболени се тестирани пред ~5 дена, а се заболени пред ~10 дена. Значи седиме дома со 10 дена дилеј.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Просто и едноставно е, наместо потенцијално да се заразиш викендов, потенцијално да се заразиш преку работна недела. За да се растерети здравствениот систем.

Логиката е проста ама оти се правите ко да сте од марс паднати не ми е јасно.

Денешните нови заболени се тестирани пред ~5 дена, а се заболени пред ~10 дена. Значи седиме дома со 10 дена дилеј.
Ај пак прочитај си шо си напишал и кажи ми после кај ти беше умот кога ова го напиша!
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
973
Поени од реакции
1.601
Ај пак прочитај си шо си напишал и кажи ми после кај ти беше умот кога ова го напиша!
Имаме 700 заболени некаде одприлика златен, шо не ти е јасно незнам. Следни 700 ќе дојдат многу побргу без мерки. Болницана у Ск крца веќе, мора да се воведе карантин кога нема потреба да си надвор за потенцијално да не се заразиш. На работа мора да одиш за да имаш шо да јадеш. За ако евентуално се заразиш следна недела да има луфта некој да ти остави простор за лежење од моментално корисниците на кревет во болница.
 
B

Beginner

Гостин
И читам демек додавале повеќе од корона умрени. А не сте размислиле колку има умрено од корона а ги нема во статистиката. Како оваа што ја нашле од Велес така во поголемите држави како Италија, Шпанија, еве сега и Америка да не имаат време за да им прават тестови и обдукција на сите вака што ги наоѓаат умрени сами во нивниот дом. Исто така има и повеќе заразени а не тестирани но сепак излечени што е добра работа. Така да бројките според мене колку толку се реални.
Според Министерството, што се однесува до останатите првични информации за случајот, засега се знае само дека жената била сигурно почината повеќе од една недела.
Резултатите од обдукцијата, кои ќе бидат готови во текот на следната недела, треба да откријат во кој период таа починала. Информациите кои вчера ги пренесоа дел од медиумите дека биле починати повеќе од еден месец не се точни и се чекаат конечните анализи, наведува Министерството.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.988
Поени од реакции
74.071
Многу ми е смешно што луѓето константно се прашуваат како се заболувале луѓе и покрај мерките. Некој може пред месец дена да се заболел, па да нема симптоми и да зарази еден куп луѓе.
Неколку од жариштата се од неодговорни луѓе. Пример, во Скопје има огромен број на заразени од фамилијата Кондратенко. Тоа се шири постепено, работата дојде до заразени од друг град, кои имале услуги од вработени во фирмата на наведените. Значи прво не знаеле дека биле во контакт со заразени, затоа што ни заразените немале симптоми и излегле позитивни по неколку неделна изолација.
Вирусот не те фаќа одма, си бара време додека да покажеш симптоми (ако воопшто ги имаш). Во Куманово вирусот го раширија со лажно негативните тестови на прво разболените, заразија медицински персонал и после се изгуби редот. Слично е и во Прилеп. Ситуацијата е заебана, епидемиолошките анкети не те ставаат во ризични случаи, а мораш да одиш на преглед, заразуваш персонал кој нема симптоми и после папала Маца. Во Дебар и по толку време знае да се појави по некој нов заболен, без разлика што скоро целосен карантин имаат. Во Кочани знаеме како почна приказната. Гледате дека кај некои од луѓево што умираат, сомнителните контакти се јавуваат уште на почеток од март. Затвореникот еден месец бил во ќелија, никакви симптоми немал, а умрел.
Значи нема шанси целосно да се спречи ширењето, освен ако не се тестираат сите жители и сите заболени да се стават во карантин, а останатите да живеат со меркиве.
Бројките не се трагични, голем дел од заразените се поради големиот број на асимптоматски пренесувачи. Мене единствено ме плаши тоа што за околу 170 заболени немаат одговор како се заразиле. Тоа е веќе проблем.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
Имаме 700 заболени некаде одприлика златен, шо не ти е јасно незнам. Болницана у Ск крца веќе, мора да се воведе карантин кога нема потреба да си надвор за потенцијално да не се заразиш. На работа мора да одиш за да имаш шо да јадеш.
Златен,па сигурно не одам на работа од шо немам шо да правам,туку одам за да заработам.Можда си вработен во државна администрација и демек сеа работиш од дома и лесно ти е да ми шириш демагогии.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
973
Поени од реакции
1.601
Златен,па сигурно не одам на работа од шо немам шо да правам,туку одам за да заработам.Можда си вработен во државна администрација и демек сеа работиш од дома и лесно ти е да ми шириш демагогии.
Не знам какви демагогии ти држам туку ти кажувам што значи карантинов и зошто е тој направен. ЗА ДА СЕ РАСТЕРЕТИ ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ.

Болеста ќе ја снема после вакцината а вакцина ќе дојде негде до година ова време. Сите што мислат дека после мај ќе биде стара песна у заблуда се. Убаво е да се има надеж ама добро е да се биде и реален.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Златен,па сигурно не одам на работа од шо немам шо да правам,туку одам за да заработам.Можда си вработен во државна администрација и демек сеа работиш од дома и лесно ти е да ми шириш демагогии.
Ваљда сака да каже дека не исто 100 заболени од фабриките кои морале да идат на работа плус уште 100 заболени шетачи кои не морале да шетаат
 
Kajgana Shop

На врв Bottom