Само преку тастатура си размислувам.
На 20 јануари негде татко ми се разболе, кашлаше лошо, ама брзо му помина. После тоа мене ме фати и добри 3-4 недели ме држеше. Имав температура 38, грлото и кашлање лом, отидов кај матичнава, нејќеше ни да ми се приближи. Преку бирото нејзино од далеку ми рече отвори уста. Ааа, гнојна ангина имаш (не знам како успеа да види али ај), на ти амоксиклав. Ајдееее без прашања, вируси, грипови има сега, право дома. Културно ме избрка после 2 минути.
Таман ги завршив првите антиниотици, мислев ми помина, пак ме повтори истото. Аајде уште една доза антибиотик. 2 сирупи, 3 опаковки стрепсилс и септолете заедно, тајлол хот милион. И оноа што се шприца директива у грло, не ми текнува како се вика, цело го истрошив, џабе. И дуовит витамини и минерали. Ми се плачеше више, нејќев да зборам од што се напнував.
Се будев од спиење за да се искашлам.
Да не знае човек што да мисли.