Коронавирус (COVID-19)

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498



Јас упорно не можам да ги разберам овие што трчаат да се тестираат по секоја цена. Не дека правдам што тестот е 80 евра, да не се разбереме погрешно.

Изолација е, локдаун е, сами сте дома (+- вашите), ако гледате дека организамот добро се носи и да имате корона, што? Не е лепра ова па да ќе се распаднете. Ако скраја да е се закомплицира ситуацијата, ќе се јавите на некој од броевите. Мислите и пред Цаца немаше некој корона во државава со полесна клиничка слика ама не беше во мода што се вика и немаше кажано?

Не за друго, не разбирам како на некој по секоја цена му се лежи на инфективна? Седете ајде трајте. :D

Eве мал трејлер од тоа што ве чека

 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Кинеските брзи тестови што Шпанија ги нарачала не работат како што треба :toe:


Од друга страна германската Bosch изработиле нови брзи тестови со резултати до 2.5 саати од тестирање, ќе почнат да се продаваат од Април во Германија.

Кинеските не работеле? Абе ај шо зборите,зарем е можно Германските да работат
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.526
Поени од реакции
22.178
Кинеските не работеле? Абе ај шо зборите,зарем е можно Германските да работат
Ne deka ne rabotele ama dosta rezultatite ne bile tocni, ima razlika. Nisto strasno sepak ovie aparati za brzo vreme se pusteni i normalno deka drugi firmi ke napravat so tek na vreme podobri.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Изолација е, локдаун е, сами сте дома (+- вашите), ако гледате дека организамот добро се носи и да имате корона, што? Не е лепра ова па да ќе се распаднете. Ако скраја да е се закомплицира ситуацијата, ќе се јавите на некој од броевите.
Не знам колку ги примети вестите кои ги споделувам, еден дел од заразените немаат никаков симптом, за нагло да се борат за кислород и да починат за многу кратко време ако не се на респиратор. Ова важи и кај млади без претходни заболувања.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Не знам колку ги примети вестите кои ги споделувам, еден дел од заразените немаат никаков симптом, за нагло да се борат за кислород и да починат за многу кратко време ако не се на респиратор. Ова важи и кај млади без претходни заболувања.
Tие без симптом ги пуштаат дома, исто ти се фаќа, немаме капацитети за сите 177 да лежат. Во секој случај ако ти се закомплицира ситуацијата мораш да се јавиш на броевите.

јас не би ризикувала да фатам МРСА на некоја од нашиве клиники па што сака нека е :D само во крајна инстанца хоспитализирање.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Tие без симптом ги пуштаат дома, исто ти се фаќа, немаме капацитети за сите 177 да лежат. Во секој случај ако ти се закомплицира ситуацијата мораш да се јавиш на броевите.

јас не би ризикувала да фатам МРСА на некоја од нашиве клиники па што сака нека е :D само во крајна инстанца хоспитализирање.
Не викам да лежат, него дека не е едноставен моментот со добра состојба.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.318
Поени од реакции
15.571
Не знам колку ги примети вестите кои ги споделувам, еден дел од заразените немаат никаков симптом, за нагло да се борат за кислород и да починат за многу кратко време ако не се на респиратор. Ова важи и кај млади без претходни заболувања.
Мислам дека Италија првично направиле грешка што ги хоспитализирале сите.
Како што пиша и фросе, немаме толкав капацитет, а и тој процент што се вакви случаи кои не би дочекале да стигнат до респиратор сигурно е мал.
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.403
Поени од реакции
9.016
https://teleskop.hr/46474-2?fbclid=IwAR3lu0CD5eoRaDd_RC5A7LDW38P5PKTQg4LQUr-9YETdNYVajcAaeh_IO88

Уште еден доктор објаснува дека ситуацијава е непотребен хаос.
Да се нарекува COVID-19 коронагрипа, како што прави Сладољев, е или недопустлива игнорантност или злонамерност.

Постои фундаментална разлика во инфицирање на организмот помеѓу SARS-oвите и Грипот.

Види и:


Мене ми е несфатливо, овој доктор да не ја знае таа разлика, која е невозможно да не се воочи.

1585216743100.png

1585216865195.png

Или, на слика:


1585216973829.png

Исто така, за Македонецот кој велеше дека коронавирусите се пронајдени 1965 и дека биле толку безопасни што студентите на медицина се согласувале доброволно да ги тестираат.

Не може и не смее лекар да мисли дека ако некои коронавируси се безопасни, дека други не се опасни. Тоа ти е како да кажеш дека ако домашната мачка не е опасна и ја галиш, треба истото да го правиш и со лав или јагуар, зашто спаѓаат во иста фамилија - Мачки.

Еве ти две табели со разлики помеѓу самите коронавируси:

1585217449094.png


1585217576712.png

@faust.mephistopheles , @AlternativeF , на што се должи ваквото однесување на овие гореспоменати луѓе од струката? Дали на пропусти во нивното образование, дали откако завршиле во СФРЈ не ги пратат повеќе новостите во истражувањата и новите сознанија, дали поради злонамерност, дали се врбувани од некои кланови или протестантски групации, па сакаат вака да го доведат обичниот народ во заблуда?
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Мислам дека Италија првично направиле грешка што ги хоспитализирале сите.
Како што пиша и фросе, немаме толкав капацитет, а и тој процент што се вакви случаи кои не би дочекале да стигнат до респиратор сигурно е мал.
10-15%
@faust.mephistopheles , @AlternativeF , на што се должи ваквото однесување на овие гореспоменати луѓе од струката? Дали на пропусти во нивното образование, дали откако завршиле во СФРЈ не ги пратат повеќе новостите во истражувањата и новите сознанија, дали поради злонамерност, дали се врбувани од некои кланови или протестантски групации, па сакаат вака да го доведат обичниот народ во заблуда?
Не ме тагна мене, ама сепак да споделам мислење. Се должи на хипстеризам, да бидат посебни, да не се дел од "стадото" его манијаци.
 

Annik Honoré

In Floyd I trust!
Член од
29 септември 2014
Мислења
538
Поени од реакции
1.484
Е, тоа е главната работа што ме иритира мене, што џабе повеќето од нас ќе седат дома и ќе трпат, кога пак ќе се најдат пет безмозочни скијачки говеда и ршум ќе направат. Наместо за еден месец да се справиме со сето ова, ние до август ќе треба да се заебаваме, да банкротираме стотици мали фирми, да откажуваме и спорт и култура и се итн. Не знам, затвораш буквално се, војска/полиција ти врши еднаш неделно достава на потребни работи до дома, стегнуваме заби колективно еден месец и после си бркаме работа ко ништо да не било. Па сигурно не има и повеќе од доволно што би волонтирале да помогнеме на армијата со достава и одржување на ред во таков случај. А, вака се молиме да играњето со слајдерчињата за полициски час некако магично ни помогне.

Само да, за тоа треба најпрво опрема, спремен државен апарат и доволно храбри и бескомпромисни функционери за такво нешто. Ние немаме ни чизми за војската нели, а ниту пак мнозинство од разумен народ. Маалскава казарница дури некни затвори и тоа само поради притисок и закани од комшиите, инаку уште ќе си вареа групно ракија, по 10 души турбо од сабајле до вечер.

/Rant over.
Џабе е сега се. Касно е, а и онака немаше да не одмине. Ти сакаш неќеш, дневно контакт имаш со домашните првично, ако еден оди на работа потенцијално скраја да е може да донесе нешто.
Второ ќе слезиш до маалска продавница, колку и да се дезинфицираш, пак контакт со еден човек да имаш и потенцијално да е заразен џабе че дезинфицираш после се.

Така да мое мислење е дека касно е за се. Озбилен, сериозен пристап немаше одеднаш, се чекаше недела, па уште една, и уште се чека.

Реков и претходно, ко индиска серија се. Дури слези по скали, ќе заврши епизодата. Така и кај нас.


Вонредна состојба а се отворено првично, па ајде наредна недела маркети и аптеки само, ван Скопје и други дуќани работат. Шо да праат луѓе за леб ќе умрат. Не дека и во Скопје нема занаетчиите да умрат од глад. Се билдаат цени на неопходни производи, небаре сега е време да се богати некој.
Ни солидрност, ни хуманост знајме шо е.
Конечно му текна пазар да затворат, кај што се збира маса на луѓе и префаќа се.
Етапно си одат, полека, подалеку мото. Сеа ќе чекаме наредна недела пак некоја поригорозна мерка. Оти тешко е да се донесе во два дена.

Едно кажуваат на прес, а реална состојба ти е друга. Дома имам родител, опериран од канцер, и оди на работа, мора. Во фабрика со 300 вработени, за хигиенски услови да не зборувам. Тоалетна му купил газдата пред две недели, оти и тоа од дома си носеа.
 
Последно уредено:

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Во Прилеп најголем дел од големите фабрики работат. Кој мочан полициски час кога секој ден илјадници луѓе се пренесуваат со автобуси до и назад од фабриките. Да беше толку страшна коронова колку овдека некој што хистеришаат досега илјадници ќе имаше со симптоми само во Прилеп.

Да не зборам што минатата недела дур беше топло викендиците и манастирите беа фул полни.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.611
Поени од реакции
7.737
Шпанија :shook:

Country,
Other
Total
Cases
New
Cases
Total
Deaths
New
Deaths
Total
Recovered
Active
Cases
Serious,
Critical
Tot Cases/
1M pop
Tot Deaths/
1M pop
Spain56,188+6,6734,089 +4427,01545,0843,1661,20287
 

Skylake

proseCUTE
Член од
7 јули 2016
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.712
Шпанија :shook:

Country,
Other
Total
Cases
New
Cases
Total
Deaths
New
Deaths
Total
Recovered
Active
Cases
Serious,
Critical
Tot Cases/
1M pop
Tot Deaths/
1M pop
Spain56,188+6,6734,089 +4427,01545,0843,1661,20287
Оваа бројка е за само 12 часа? Сакаш да кажеш до крајот на денот да очекуваме уште толку?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom