Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 29.894
- Поени од реакции
- 44.801
Дури и смешно е како си добил толку лајкови за ваков банален пост. Знам дека е џабе, ама еве ќе одговорам за последен пат и да ја затвориме темава зашто овде очигледно владее омразата и љубомората, а не сочувствувањето и здравиот разум.
Во стилот, "штом јас седам дома, и ти ќе седиш, цркни!"
Некако ми е жал сега што се избришани сите пцовки и вулгарности што беа постирани претходно, баш добро отсликуваа какви сме ние како народ.
"Кучкарите", драг Билбо, имаат реална потреба да ги изнесат милениците надвор, за разлика од овие што ги наброја. Не поради тоа што сакаат да седат во паркче пред зграда или да се возикаат со точак на полноќ туку затоа што во своите домови имаат живи суштества со реални физиолошки и психолошки потреби.
Колку и да тебе тоа нереално ти звучи, кучето не е некој приврзок кој го шеташ само за разонода. Неретко ние "кучкарите" правиме "жртва" и кучињата ги шетаме зашто тие самите имаат потреба, а не од наш ќеф. Ги шетаме и кога сме уморни и кога е ладно, и кога врне, и кога не будат рано сабајле, и кога е касно и ни се спие. Затоа што секој еден хуман и одговорен сопственик на куче тоа треба и мора да го прави. Така да таа привилегија како што ја нарекуваш, не е ништо повеќе од една секојдневна обврска.
За сите други што ме цитирале и се чудат зошто не може пред 21:00 да се прошетаат кучињата, на кратко.
Дали сте помислиле дека полицискиот час можеби ќе се помести и ќе почнува порано, да речеме од 18:00? Дали сте помислиле дека има луѓе над 67 години кои чуваат кучиња, а кои сега не смеат да ги прошетаат после 11 саат сабајле? Дали сте помислиле дека има луѓе што одат 2ра смена на работа и се враќаат дома во 21:00? Дали сте помислиле дека има кучиња кои што од X причини мораат да одат повеќе пати да мочаат? Дали сте помислиле зошто земји како Италија во кои се случува невиден хаос, сепак имаат веќе воведено ваква отстапка?
За крај, совршено ми е јасно дека некој што не чува куче ич не го боли за овој проблем и најмалку што сака да чита овде е дали некој може да "си се шетка" со кучето или не. Тоа е нормално. Ама она што не ми е јасно е зошто истите тие луѓе се мешаат во проблеми кои ги немаат и не можат да ги разберат, па уште и солат памет и сеат навреди? Исфрлете си ги фрустрациите и омразата од себе на друг начин.
Има поента постов, нарочито со поместувањето на полицискиот час како и оние повозрасни луѓе кои исто имаат куче дома. Ваљда ќе го регулираат ова, ако добро разбрав и во другите земји им се дозволува на тие со милениче дома да излегуваат и во период кога е забрането, баш поради ова.
Не гледам каква штета би нанеле ако излезат на 5-10 минути пред зграда и се вратат дома, што не значи дека истово треба и да се злоупотребува, нарочито од тие што имаат сопствен двор а излегле да се шетаат низ маало. Така излегување стриктно пред зграда ја лично би дозволил, шетање низ рандом улици подалеку од сопственото живеалиште, како и шетање низ улици а притоа имате двор у никој случај.