И што ќе смени масовното тестирање, ти што мислиш дека масовното тестирање за 2 дена ќе се реализира или за неколку месеци ? Гарант не ни знаеш колку долго трае тоа.
Што тоа ќе смени во однесувањето на луѓето, исто ќе е, а проблем со тестирањето е што некад и 2 теста не се доволни за да се открие вирусот така да постои голема веројатност голем дел од тие тестови да се јалови, а све тоа ќе чини доста у услови кога економијата веќе трпи многу.
На крај све од нас зависи, тестирањето ништо драстично нема да смени, капацитетот за тестирање кај нас ако добро разбрав е по 30 000 МЕСЕЧНО да се тестираат па сеа израчунај колку долго време е потребно за да се реализира цел тој процес, во меѓувреме нештата исто ќе се одвиваат и нема да му биде зададен голем удар на вирусот.
Џабе и мерки све, на крајот од денот све ќе зависи од колективната свест а на тој план многу слабо стоиме. Меркиве, конкретно еве и тоа масовно тестирање, ќе дадат едно ублажување на ширењето на вирусот, главниот удар само ние можеме да го зададеме, никој друг, и секако вакцината на која се работи.