Пак јас, со недостатокот на Д витамин. Ама знам по себе колкав ршум прави во организамот.
Ако не сакате цело видео, после 18 минута гледајте.
Имав “близок” случај, овде во Стокхолм, вчера зборувавме. Маж на 39 години, непушач, здрав ( така мислел за себе ), со спортување скоро цел живот што завршил 3 недели на кислородна поддршка и уште 2 недели дома со терапија. И вика дека вакво нешто не доживеал.
После негативниот тест, минатата недела, дека вирусот веќе не е во организамот, направил комплет испитувања на своја рака. Има пакети да си платиш приватно, еднаш годишно, за да испиташ се. Некои поголеми отстапки во другото немало, освен во железото не толку добро и низок Д витамин. Сега е на терапија.
Така да, муабетот “комплетно здрав” е секогаш дискутабилен. Не знаеш што ти се случува во организамот, ако не знаеш да распознаеш разлики во телото/психата.
Инаку, жена му го поминала како посилен грип, дома. Двете деца без никакви симптоми. Они тројца не се ни тестирани.