Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
горе пишуваш не ги пуштаат да одат пензија, подоле викаш некој си отворил приватно логика а
еве ќе се до објаснам.

има 2-3 ортопеди на 50 000+ жители од кој едниот е градоначалник на Прилеп. Кога одев на ортопед со мајка ми имаше толку многу гужви на одделение што за боловање одевме 2 пати, жената одмор земаше за да ги покрие тие 2 дена.
Општ хаос внатре, кавги расправии урлање по сестрите, по докторот.
Тој доктор работел преку 20 години на болница и му пика филмот и си отвара приватно.

А во врска со доктори кои треба да се пензионираат имаш во сите одделенија. Алармантна е ситуацијата со години во Прилеп.

Za shto da gi plukame tie sto si zaminale ? Oti ne sakaat da trpat nepravdi od tipot na rang lista prvorangiranite doktori i sestri ne gi primaat a gi primaat najslabo rangiranite oti imaat partiska kniska ili se od privilegirana etnicka grupa.
Единствена разлика во мојот и твојот пост е што на едниве му пука филмот и по 20 години си бегаат во приватен сектор а другите си бегаат со дипломата во странство со 0 придонес кон државата.

Никој не ги чепка партиските и рамковните, проблемот е за тие што работат и цел товар е на нив.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.191
Поени од реакции
16.089
Се зголемува бројката статистички, али никаде нема ни шпекулација за повторно затварање освен во Македонија. Барем не во западна Европа.

Во Германија веќе гласно се дискутира и за укинување на маските за во бутици затоа што падната е продажбата за цели 65 %. Економските министри секојдневно и доставуваат поразителни податоци на Меркел. Мали и средни бизниси страдат, листата на луѓе на социјално од државата на рекордно ниво до сеа, додека онлајн корпорациите како Амазон тријат раце.

Ниедна влада нема да трпи никакви наредби од некои си наречени сзо кога ќе се преоптерети буџетот, моја прогноза е сакале нејќеле после нова година ќе пуштат се па шо сака нека биде. Па и Трамп ако падне сега во ноември ехее, демократите со сперма од еднорог ќе лечат корона вирус и магично ќе паднат бројките. :pos:
Нели воведоа нови мерки пак за у големите градови, ограничија број на гости на маса од 10 на 5 луѓе, маски на отворено да се носат каде што има голема концентрација на луѓе, мислам дека и ресторани имаа нешто забрана и за точење алкохол после 22:00?
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.718
Поени од реакции
35.177
еве ќе се до објаснам.

има 2-3 ортопеди на 50 000+ жители од кој едниот е градоначалник на Прилеп. Кога одев на ортопед со мајка ми имаше толку многу гужви на одделение што за боловање одевме 2 пати, жената одмор земаше за да ги покрие тие 2 дена.
Општ хаос внатре, кавги расправии урлање по сестрите, по докторот.
Тој доктор работел преку 20 години на болница и му пика филмот и си отвара приватно.

А во врска со доктори кои треба да се пензионираат имаш во сите одделенија. Алармантна е ситуацијата со години во Прилеп.



Единствена разлика во мојот и твојот пост е што на едниве му пука филмот и по 20 години си бегаат во приватен сектор а другите си бегаат со дипломата во странство со 0 придонес кон државата.

Никој не ги чепка партиските и рамковните, проблемот е за тие што работат и цел товар е на нив.
Нели треба да имаат избор?

Државата си е кабает за овие работи, уништен е буквално целиот систем и доправа ќе има пиштење тука. Ги уништија начисто државните клиники, немаат основни средства за работа на 90%, како сакаш некој да трпи такви глупости и да седи да работи тука?
Еве во таа Прилепската болница на интерно да примам инфузија ме легнаа на чаршав веројатно донесен уште од времето на Тито и последно испран пред години. Во таа ситуација ако ти смета ќе се буниш на докторот и на сестрата, иако тие се само фронтендот тука, целата заебанција ја направила управата и министерството со тоа што не врши обнова на ништо ново и што нема никакви контроли за хигиената и состојбата на инвентар и апаратурата што се користи.

Здравството од друга страна го уништија со бркање на личните интереси: крадење и местење на тендери, намерно уништување за да се отворат и кренат приватните клиники.
Кој ненормален ќе отиде да им плати на Систина 1000-1500 евра породување, ако функционира добро државната клиника?
Кој ненормален ќе отиде на снимање на магнетна во Систина, Филип втори, Неуромедика за 300-400 евра, ако на државно истото може навремено да го заврши преку фонд за 12-15 евра?

Инаку муабетот за хуманост и слични финти отпаѓа кога живееме во материјални општества, капитализам е и дали е доктор или инженер исто ти се фаќа, каде ќе му дадат повеќе таму ќе оди, на крај кога ќе дојдат сметките не те прашуваат дали си: доктор, инженер, водоводџија и тн.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
И шо сеа демек... помина летото, ајде пак да удреме на бројки со цел да го затвориме народов дома да дреми.

Ај да речеш само кај нас е, ама низ цел свет да се зголемува намерно бројката -_-

Ова веќе на ништо не личи, освен на кршење на човековите права.
А кому му оди во прилог народот да е "затворен дома да дреми", ако тоа е целта на зголемените бројки кај нас и низ светот, како што тврдиш ти?
Тврдиш и дека ова било кршење на човековите права. Образложи на која власт било каде во светот тоа и одговара? Карантините и рестрикциите се најнепопуларна мерка насекаде низ светот која носи негативни поени за секоја власт. А од друга страна, пак, цел на секоја гарнитура на власт е што подолго да се одржи на власт. Едно со друго не оди, контрадикторно е.
Автоматски споено мислење:

Инаку муабетот за хуманост и слични финти отпаѓа кога живееме во материјални општества, капитализам е и дали е доктор или инженер исто ти се фаќа, каде ќе му дадат повеќе таму ќе оди, на крај кога ќе дојдат сметките не те прашуваат дали си: доктор, инженер, водоводџија и тн.
Во повеќе коментари ја среќаваме флоскулата дека хуманост не постои во капитализам. Меѓутоа, хуманоста и емпатијата се дел од човековата природа, било да е капитализам, феудализам или пак робовладетелство. Точно е дека на крајот на месецот сметките треба да се платат, а работата на поединецот да се цени и вреднува, но тоа не значи дека човештвото во денешно време треба да се лиши од добрина, човечност, племенитост, филантропија, пожртвуваност и милосрдие.
 
Последно уредено:
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.589
да ја работаат својата хумана професија ли?
Професијата е хумана, нема збор тука, епитетот хуманист се заработува преку дела, не се добива по дифолт само затоа што по професија некој е медицинско лице. Не може тоа да биде единствен услов за некој да се нарече хуман и притоа од таквиот епитет да црпи имунитет или просто кажано да ескивира од одговорност во моментот кога работата ќе згусни. Правете разлика помеѓу работни обврски и дефиниција за хуманост. Овде народов премногу се расфрла со епитети, секој втор е самопрокламиран интелектуалец. Фактот што некој завршил факултет и има диплома не го прави по автоматизам интелектуалец, исто како што ако некој е медицинско лице по автоматизам не се претвора во Мајка Тереза или Флоренс Најтингел. Народов кај нас буквално се дави во сопствената суета и инает.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.518
Поени од реакции
1.744
Зет за братучедка работи у штампарија некоја у Аутокоманда негде,се појавил некој позитивен таму и газдата одма сите на тестирање.Ниеден друг позитивен од 30тина души,а кај 5мина антитела присутни :toe: Ги прашал зетов сите 5 души,ниту некаков симптом некој почуствувал,ниту ке знаеле некогаш дека биле заразени со Ковид,ниту пак некој од блиските нивни заболел.Така да тешка лотарија за нас,мистерија за епидемиолозите а милијарди за профитерите од фармацијата,таква е моменталната состојба.
Стварно ова?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.410
Поени од реакции
79.358
Според мене, ова е фантастично глупо.

Прекини го/одложи го првенството боље.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.657
Поени од реакции
28.031
Стварно ова?
Зашто би лажел за ваква работа?И претходно еден пријател испадна позитивен,тие што биле у контакт што биле со него самоиницијативно се тестирале, кај 2ца испаднало дека имаат антитела а исто немале поим дека го прележале.Додека да откријат од што уствари зависи кој какви симптоми ке развие,исто како да играме лотарија му доаѓа.Хронично болни старци има што лесно го прележаа,а млади и здрави прави умреа.Лотарија
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.702
Поени од реакции
8.777
Дури во Македонија се спремаат нови рестриктивни мерки, СЗО децидно е против

"Current lockdown policies are producing devastating effects on short and long-term public health."

 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
2.036
А кому му оди во прилог народот да е "затворен дома да дреми", ако тоа е целта на зголемените бројки кај нас и низ светот, како што тврдиш ти?
Тврдиш и дека ова било кршење на човековите права. Образложи на која власт било каде во светот тоа и одговара? Карантините и рестрикциите се најнепопуларна мерка насекаде низ светот која носи негативни поени за секоја власт. А од друга страна, пак, цел на секоја гарнитура на власт е што подолго да се одржи на власт. Едно со друго не оди, контрадикторно е.
Автоматски споено мислење:



Во повеќе коментари ја среќаваме флоскулата дека хуманост не постои во капитализам. Меѓутоа, хуманоста и емпатијата се дел од човековата природа, било да е капитализам, феудализам или пак робовладетелство. Точно е дека на крајот на месецот сметките треба да се платат, а работата на поединецот да се цени и вреднува, но тоа не значи дека човештвото во денешно време треба да се лиши од добрина, човечност, племенитост, филантропија, пожртвуваност и милосрдие.
Тоа е твоја перспектива на светот денеска. Ништо повеќе. Тебе ти е невозможно некој да нема емпатија за човештвото ??? Хуманост во капитализам??? Прост пример, доколку капиталистот сака да извади повеќе профит, мислиш дека му е гајле да отпушти xxxx вработени за да оствари повеќе профит ???
Најпрост пример, не треба повеќе за да сфатиш. Земи ги банките само кај нас. Една од најдоходовните професии. До пред 15-20 години работеа од 7- 7.30 до 18-18.30-19 часот.. Работеа 2 смени. Имаа луѓе од секаков профил вработени, од чистачки до благајник, трезорист и други споредни професии кои дозволуваа по релаксирана работа на сите вработени. Сега банките работат во една смена, од 8.30-9.00 до 16-16.30. Повеќе од половина вработени помалку. Повеќето имаат чистачки со договор од фирми од страна, шалтерскиот работник е должен за се и сешто, пошто нема веќе посебно благајник и други профили во банката. А прават профит 100 пати поголем од пред 20 години. Профит кој се мери со милиони евра месечно. Ќе дојде во скоро време и да нема шалтери со луѓе вработени, само машини во кои ќе ставаш и вадиш пари.

За тоа кому му одговара да се уништи светската економија, која постои само на хартија, пошто се околу неа е веќе долго време имагинарно, да се уништи човештвото и социјалниот елемент во него преку ограничување на контактите, затворање на поединците во себе и во своите домови(стварање на зомби), намалување на репродукцијата со цел намалување на целокупната популација во друга прилика.

И каде прочита дека репресијата е опасна за владите, посебно покриена дека се врши за доброто на населението. Народот кој е во паника самиот си бара репресија.
Диктатурата и репресијата таму кај што ги има се целосно прифатени со големо мнозинство. Северна Кореа мислиш дека луѓето не си ја саккат диктатурата или во поново време репресијата во Турција покриена со исламскиот фундаментализам.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.499
Поени од реакции
2.625
Дури во Македонија се спремаат нови рестриктивни мерки, СЗО децидно е против

"Current lockdown policies are producing devastating effects on short and long-term public health."


The only time we believe a lockdown is justified is to buy you time to reorganize, regroup, rebalance your resources, protect your health workers who are exhausted, but by and large, we’d rather not do it.”

Оваа статија од СЗО важи за нормални земји каде здраството си е генерално во ред и каде што владеат некакви закони.Во оваа наша вукојебина со 400 луѓе се на се во болниците ние веќе капацитетите сместувачки ги немаме.Доктори ни бегаат сестри си идат.Ке се ебаваме по контејнери ке не лекуваат сега.Затоа ке не затворат,не дека им е многу гајле за нас што правиме туку ке нема кај да не сместат и ке умираат по ходници.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Никогаш не функционирало, никогаш нема да функционира...

Една случка во животов индиректно поврзана со лудилово. Татко ми имаше мака со стомакот, со одење по долга нужда, на лекар му викаа не е ништо, лоша исхрана, да јаде по течна исхрана...пак имаше мака, му даваа тревки/чаеви, ќе му поминело...не биваше, одеше се молеше да го прегледаат, снимаат, да му најдат чаре, му рекоа нема термин неколку месеци за магнетна, и не знаат што би можело да биде...после некое време, со позајмување некој денар од роднини, отиде на приватно да се снима, да го прегледаат, и нормално, тумор/рак на дебелото црево...му рекоа да бил проверен како што треба кога осетил мака, имал шанса да го победи...веќе касно, ама го правеа операција демек некој месец плус да му дадат, џабе...тоа после операцијата беше хорор приказна, да не навлегувам многу.

Колку луѓе нема навреме да откријат болести поради срањево...а не смее да биде изговор, као корона има бате, не не задевај за други работи.

Братот го заеба менискусот на коленото, му беше заклучена ногата свиткана, не можеше да ја исправи...на лекар му викаат нема термин за магнетна наредните 2 ипол месеца, така да меѓувреме, одмарај, НАЈВЕРОЈАТНО ќе си пушти ногата сама на себе...два дена не можеше до веце да отиде,јаки болки, на крај на приватно, снимаше и операција, за 2 дена беше дома на опоравување, 2 месеца подоцна фудбал играше.

Имам хорор приказни и за мајка ми и за сестра ми...затоа здравството во државава никогаш не функционирало, и никогаш нема да функционира...ќе работиш, ќе штедиш цел живот, за да ги дадеш парите на приватна болница со надеж дека ќе ти го спасат животот. И кога одиме странство некој денар плус да заработиме, не сме биле патриоти, сме ја напуштале државата, бла бла бла...
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.138
Поени од реакции
20.425
Прва партија во Европа со стекнат колективен имунитет.

 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.410
Поени од реакции
79.358
Нема везе, ДУИ се прва.
или Алијанса
Автоматски споено мислење:


Живти све... толпата...
во борба за ноќните клубови

идите бре фотокопирајте се
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom