Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
Значи како се реплицира, кога нема органи за такво нешто.
Во ред е нешто да не се знае, но да се имплицира и измислува квази наука за работите што не се знаат не е во ред. Микробиологија е обемна наука, јас сум учел од Каракашевиќ, што е книга ~2000 страни, да те лупнам со неа жив не остануваш, вирусологијата е барем третина од неа, ми требале месеци за да ги сфатам нештата внатре напишани. Епидемиологија е башка наука, инфектологија нешто трето, интерна медицина четврто, генетика нешто комплетно друго... ОК е да не знаеш, не ни треба, но да измислуваш и толкуваш нешто што не знаеш не е во ред.

На кратко, вирусот се врзува за рецепторот на клетката, на неколку начини може да се инкорпорира во геномот, а тоа е најмоќната формација на планетава, не му требаат ни нозе ни раце за да делува, таа генска секвенца дава команда вирусот да се реплицира, потоа дава наредби одредени клеточни функции да се појачаат, други да ослабнат, да се добијат нови функции. Така што само една сменета аминокиселина во секвенцата на клетката може да значи тотално сменета функција, а истото е детектирано од имунитетот, и сето тоа води кон манифестација на болеста.

Од епидемиолошки аспект, 1 заразува 3, тие ќе заразат 9, тие 27..., за секој циклус се потребни десетина дена. Затоа кога во општата популација има мал број носители, и бројот на нови случаи е мал, но постепено расте. Ти можеш и стадион да наполниш, ако таму нема активни преносители, нема никој да се зарази. Затоа во март и април имавме малку случаи. Сега е поинаку, сега коронавирусот е општо присутен, многу повеќе одколку што се прикажува во извештаите, и нормално е да има повеќе новозаразени, посебно при такви масовни собири без заштитни мерки. Сега е многу поголема веројатноста на некоја свадба, роденден, сунет или ифтар да има барем еден активен преносител. Ова е навистина толку просто и лесно сфатливо, не разбирам зошто ти е нејасно.

Тоа дека проблемов се решавал за 2 недели е на ранг на конспираси теорија само од обратна страна.
Во теорија толку е потребно, т.е. два циклуса, оние кои го носат вирусот да го пренесат на својата фамилија, и тука да заврши заради почитување на заштитни мерки, пред се дистанца. Но бидејќи никаде не се почитуваат дословно препораките, а и заради самата природа на респираторен вирус со долга инкубација и значителен процент на асимптоматски случаи, вирусот ќе постои и ќе коси и во иднина. Денес сте млади и здрави и не му се плашите, но нема вечно да биде така, сите стареат и по пат закачуваат по некоја хронична болест, а вирусов ќе чека и ќе демне.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.787
Поени од реакции
12.270
Не се криви тие, излегува синоќа Филипче и вика дека се разгледува опцијата да ги отворат границите за сите без карантини и тестови.
Како сакаме народот да почитува мерки кога оној кој ги носи мерките се понаша како да нема вирус.
Па нормално да се отворат граници. Но, половична информација те наведува да мислиш дека "оној кој ги носи мерките се понаша како да нема вирус". Прочитај повеќе
отворање граници не значи укинување на забрани и протоколи. Ниту значи дека оној ги наведува свадбари и кафани вака да се однесуваат.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.193
Поени од реакции
13.047
Во ред е нешто да не се знае, но да се имплицира и измислува квази наука за работите што не се знаат не е во ред. Микробиологија е обемна наука, јас сум учел од Каракашевиќ, што е книга ~2000 страни, да те лупнам со неа жив не остануваш, вирусологијата е барем третина од неа, ми требале месеци за да ги сфатам нештата внатре напишани. Епидемиологија е башка наука, инфектологија нешто трето, интерна медицина четврто, генетика нешто комплетно друго... ОК е да не знаеш, не ни треба, но да измислуваш и толкуваш нешто што не знаеш не е во ред.

На кратко, вирусот се врзува за рецепторот на клетката, на неколку начини може да се инкорпорира во геномот, а тоа е најмоќната формација на планетава, не му требаат ни нозе ни раце за да делува, таа генска секвенца дава команда вирусот да се реплицира, потоа дава наредби одредени клеточни функции да се појачаат, други да ослабнат, да се добијат нови функции. Така што само една сменета аминокиселина во секвенцата на клетката може да значи тотално сменета функција, а истото е детектирано од имунитетот, и сето тоа води кон манифестација на болеста.

Од епидемиолошки аспект, 1 заразува 3, тие ќе заразат 9, тие 27..., за секој циклус се потребни десетина дена. Затоа кога во општата популација има мал број носители, и бројот на нови случаи е мал, но постепено расте. Ти можеш и стадион да наполниш, ако таму нема активни преносители, нема никој да се зарази. Затоа во март и април имавме малку случаи. Сега е поинаку, сега коронавирусот е општо присутен, многу повеќе одколку што се прикажува во извештаите, и нормално е да има повеќе новозаразени, посебно при такви масовни собири без заштитни мерки. Сега е многу поголема веројатноста на некоја свадба, роденден, сунет или ифтар да има барем еден активен преносител. Ова е навистина толку просто и лесно сфатливо, не разбирам зошто ти е нејасно.


Во теорија толку е потребно, т.е. два циклуса, оние кои го носат вирусот да го пренесат на својата фамилија, и тука да заврши заради почитување на заштитни мерки, пред се дистанца. Но бидејќи никаде не се почитуваат дословно препораките, а и заради самата природа на респираторен вирус со долга инкубација и значителен процент на асимптоматски случаи, вирусот ќе постои и ќе коси и во иднина. Денес сте млади и здрави и не му се плашите, но нема вечно да биде така, сите стареат и по пат закачуваат по некоја хронична болест, а вирусов ќе чека и ќе демне.
А што го прави толку различен вирус од останатите што продефилираа низ годиниве?
Зошто баш овој ќе не коси со години?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Морам да се посомневам во точноста, за 2020 година многу е ниска смртноста. Моите податоци се од државниот завод за статистика, па верувам дека се точни.
Вака излегува сосе ковид-19 дека имало помалку смртни случаи?
Не сум ни сигурен дали воопшто фигурираат во статистиките за невработени.
Не сме во статистика за невработени, и јас спаѓам во таа група. Единствено за здравствено бесплатно фунцкионира, за друго - не, ако не одиш секој месец печат да ти удрат на листот ... Мене ми здосади па престанав да одам кога рекоа пред некоја година дека ако ни треба здравствено, ќе се регулира, па да се намалела бројката на невработени, нè избришаа од евиденција
 
Член од
23 јуни 2007
Мислења
368
Поени од реакции
333
А што го прави толку различен вирус од останатите што продефилираа низ годиниве?
Зошто баш овој ќе не коси со години?

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Висока контагиозност, лесна преносливост (помала од некои други вируси, но доволно висока за кратко време да се рашири во огромна популација доколку нема рестриктивни мерки), долга инкубација и голем број асимптоматски преносители, и секако висока смртност ( моментално е околу 5%). Колку долго ќе коси ќе зависи од вакцината, кога ќе ја добиеме и колку ќе штити, во моментов ја немаме, така да важи се она што претходно кажав.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.312
Поени од реакции
18.379
Во теорија толку е потребно, т.е. два циклуса, оние кои го носат вирусот да го пренесат на својата фамилија, и тука да заврши заради почитување на заштитни мерки, пред се дистанца. Но бидејќи никаде не се почитуваат дословно препораките, а и заради самата природа на респираторен вирус со долга инкубација и значителен процент на асимптоматски случаи, вирусот ќе постои и ќе коси и во иднина. Денес сте млади и здрави и не му се плашите, но нема вечно да биде така, сите стареат и по пат закачуваат по некоја хрпнична болест, а вирусов ќе чека и ќе демне.
Теоријата и пракса се сосема различни работи. Бидејки не се наоѓаме во лабараторија, туку сме живи суштества со различни потреби. Кажи ми земја која го исчистила вирусот за два циклуса, пред да ги замајуваш луѓето дека со маска ќе се решел проблемот за 2 недели.
Убаво си кажа, ради самата природа на вирусот со долга инкубација и значителен процент на асимптоматски случаи вирусот ќе коси и понатака, насегде низ свет, не само во Македонија. Дури ни тотален локдаун од 2-3 недели во кој би се стрелале луѓе што ќе излезат на улица нема да го спречат ширењето, бидејки модерното општество е многу покомплицирано и има преголем број есенцијални вработени кој ќе идат на работа и ќе го шират вирусот во тие 2-3 недели. Ти веројатно мислиш дека ако си доктор дека твоето мислење е пресудно за тоа како да се справиме со вирусот. Ама за да не останеш без плата,вода и струја има еден куп други луѓе кој идат на работа и се заразуваат и покрај мерките за заштита.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.737
Поени од реакции
27.728
и секако висока смртност ( моментално е околу 5%).
Ова вака не мојт.
Не може некои од вас да си викаат „којзнае колку повеќе се заразени што не се документирани, сигурно x10“, а процентот на смртност да го вадиме само од пријавените. А да не збориме за тоа и дека многу е опиплива темата за која смрт треба да се препише на ковид-19, а свесни сме дека многу се препишуваат и кога не треба.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.328
Поени од реакции
7.686
Некако не ми се согласуваат бројките.
Прегледај го приврзокот 255898
Морам да се посомневам во точноста, за 2020 година многу е ниска смртноста. Моите податоци се од државниот завод за статистика, па верувам дека се точни.
Ако Сител лажеле за бројките и дека им се од државниот завод за статистика, тогаш и јас те лажам.

Што ти е сомнително, дека за март е 1.100 ... Тоа е еден од фактите, дека смртноста што ни ја кажуваат е игра на бројки.
Како што имаше изјава од еден Српски доктор, дека смртноста е мала, но за тие што умреле е 100%.

Во ред е нешто да не се знае, но да се имплицира и измислува квази наука за работите што не се знаат не е во ред. Микробиологија е обемна наука, јас сум учел од Каракашевиќ, што е книга ~2000 страни, да те лупнам со неа жив не остануваш, вирусологијата е барем третина од неа, ми требале месеци за да ги сфатам нештата внатре напишани. Епидемиологија е башка наука, инфектологија нешто трето, интерна медицина четврто, генетика нешто комплетно друго... ОК е да не знаеш, не ни треба, но да измислуваш и толкуваш нешто што не знаеш не е во ред.
Океј е да кажеш колку си читал, ама јас неколку работи ти нафрлив што во во пракса се разликува од тоа во официјалната книга, а ти ништо од тоа не го објасна зашто се разликува.

Плус ти тоа што си читал, други научници и новеловци го имаат побиено.

Не е битно што и од кого имаш читано теорија, реалноста е битната, фактите се битни. Ти можеш приказни да кажуваш, како некој си ги сфаќал вирусите, ама ако не држат вода во 100% од случаевите, тогаш се само приказни.

На кратко еве друга верзија: вирусот е протеин, како што впрочем и самиот кажуваш. Не доаѓа од надвор, не те напаѓа, туку е последица од чистење на самата клетка. Затоа и не можеш да најдеш, покажеш целосен изолиран примерок од вирус и да ги спроведиш истите тестови како што можеш на пример со бактериите.

Во тој линкот што го постирав, напишано е штом не ги исполнува сите правила, тогаш не можеш да тврдиш нешто. Во тој случај се во игра многу опции и неблагодарно е како слеп за стап да се држиш до теорија.

Еве дај објасни тогаш како го сфаќаш овој пример:

The twins differing health patterns presented a mystery. Why did one become ill with a childhood disease, like measles for example, while the other did not? The measles “bug” was in both of their bodies, in their collective bloodstream; so why didn’t both get the measles?

Значи океј е, не реков дека не си читал, учел, ама зар не се прашувате тоа што сте го учеле зашто во реалноста не е така... Зар тоа што го напишал некој во официјална книга е за век и векови, или...

Затоа не го земај на лична основа туку пробај одговори зашто во реалност твоето не држи вода.
Вирусот докажаа дека во ЕУ го имало исто крај на 2019. Значи ништо од тоа дека е лесно пренослив.
Штом го имало крај на 2019, а смртноста е во границите на просекот, ништо од тоа дека е голема смртноста.

Самиот Фаучи (фаличниот) има напишано дека смртноста е под 2%, а ако се земе во предвид дека никој не знае колку го имаат бетмен, тогаш на државно ниво е помал и од 0.1%.

Затоа не биди како поп, па цврсто да се држиш до теорија која е подложна на промени. Битна е реалноста
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Ако Сител лажеле за бројките и дека им се од државниот завод за статистика, тогаш и јас те лажам.

Што ти е сомнително, дека за март е 1.100 ... Тоа е еден од фактите, дека смртноста што ни ја кажуваат е игра на бројки.
Како што имаше изјава од еден Српски доктор, дека смртноста е мала, но за тие што умреле е 100%.
Сомнително е тоа што за првите три месеци годинава смртноста е далеку помала од претходните години. Со или без вирус, сеедно. Затоа велам дека бројките не се согласуваат.
просек.png
Процентот на смртноста во однос на претходните пет години е 65-70.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.602
Поени од реакции
5.227
Ама да, полицијата не ги чува нив и намерно ги остава да се заразат, дискриминација.
:ROFLMAO:
Автоматски споено мислење:

Ова вака не мојт.
Не може некои од вас да си викаат „којзнае колку повеќе се заразени што не се документирани, сигурно x10“, а процентот на смртност да го вадиме само од пријавените. А да не збориме за тоа и дека многу е опиплива темата за која смрт треба да се препише на ковид-19, а свесни сме дека многу се препишуваат и кога не треба.
И јас верувам дека бројот на заразени е многу поголем, точноста на процентот на смртни случаеви од ковид не е многу оправдан, додатно на тоа како што се вели дека најмалце 30% од умрените запишани како од ковид не се директно од ковид.
 
Последно уредено:

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Престанав да се замарам со тоа како здравството ќе се справи со ситуацијава откако владата додели пола милион евра поддршка на невладини. Го прегледав списокот на поддржани друштва и еве си ги одбрав моите две на кои би им се обратил ако недајбоже имам мака:
1. Здружение на граѓани Милениум с. Слатино Теарце: Развој на локалниот пазар преку градење на капацитети и користење онлајн алатки
2. Здружение на граѓани Зип Институт - Фронт против ковид-19 во рурален Сарај
Или во превод, пари кои ќе ги добие некој маалско-селски Суљо за агитирање и поткуп на гласачи пред избори. Во меѓувреме, Ангеловска нека моли да сме донирале на Владата за справување со кризата. :D

Ова е просто неверојатно кое потценување и дупење во мозок се прави. Треба петиција до Netflix да направиме, серија да снимат. Можеби нема живот во вукојебинава, ама дефинитивно има материјал серија да се сними.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.312
Поени од реакции
18.379
Или во превод, пари кои ќе ги добие некој маалско-селски Суљо за агитирање и поткуп на гласачи пред избори. Во меѓувреме, Ангеловска нека моли да сме донирале на Владата за справување со кризата. :D

Ова е просто неверојатно кое потценување и дупење во мозок се прави. Треба петиција до Netflix да направиме, серија да снимат. Можеби нема живот во вукојебинава, ама дефинитивно има материјал серија да се сними.
Треба да си тотално луд да донираш пари на владата. Ако сакаш да си хуман, има други начини. Ни тие 10 денари од скенирање фискална не би им ги дал.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.322
Поени од реакции
21.577
Треба да си тотално луд да донираш пари на владата. Ако сакаш да си хуман, има други начини. Ни тие 10 денари од скенирање фискална не би им ги дал.
Не луд, глуп треба да си.

Треба опција во таа бескорисната апликација СтопКорона, кога ќе има во твоја близина некој кој донирал, да фати да пишти апликацијата. Барем да имаме некаква корист од неа, да не бидат за џабе потрошени парите за неа.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Koj e sega kriv za ova? Nema potreba edno zaboluvanje prema drugo da izigrame. Kolku sto razbrav jas sekade e taka tie zafati sto ne se itni da se odlozat a drugoto da si tece. Primerot tvoj za mene e iten slucaj i ne treba da se odlozuva ama na primer kaj drug korekcija na usi ili nesto drugo banalno, ne bi bilo itno pa moze da odlozi. E sega oti taka odlucuvaat ne znam. Dali od strav, ne volja, ili nemanje kapaciteti, ne znam. Ama jasno e deka kapacitetite i resursite ne se dovolni toa e sustinski problem vo zdravstvoto. I bez Korona imas slicni situacii, ne mozat za nesto banalno vo domasnata bolnica da te lecat pa te prakjaat vo Skopje. Koronava samo sto mnogu surovo i sekade vo svetot gi odkriva site problemi vo eden zdravstven sistem.
Сигурно се криви поединците што не носат маска, исто и случајот што го спомнав не бил итен и човекот си пиел таа терапија додека не му го изорела желудникот.

инаку денеска случајно налетав на тип што супруга му почина при пораѓај итаткото и дваицата ги прогласија умрени од корона, инаку вели, каква црна корона жената умре од сепса инемање на лекари да ја спречат, а таткому од стрес претпоставува доби срцев удар, аи дваицата прогласени смрт од ковид, плус на сето тоа кога ек се додаде дека и првата жена од куманово што почина и го знам синот по негово кажување исто од срцев удар значи од 160 умрени околу само јас знам сумњиви три смртни случаи што корона вирусите непредизвикуваат таква смрт, на тоа кога ке додадеме и тојво сообраќајкаи самоубиство што извршил а во официјална статистика ги бројат како ковид жртви на секој разумен човек ке мубиде сумњива ситуацијава, али треба да се вклучи мозок кој што поединци овде на форумот го немаат и како разулавена орда сака да те линчува зошто не си носел маска.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
356
Поени од реакции
207
А градинките затворени мајките неможат со деца дома
Да сака некој да се жени неможе ресторантите за свадби затворени едино свадба дома приватно ебати државата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom