Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Купувам домашно, односно македонските производи се поскапени. Денеска приметив дека под цената на производите поставиле "купувам домашно" и истите се поскапени. Ова го кажувам за Рамстор, претпоставувам и другите маркети. Безобразлук невиден.....
 
Читам некој од вас ја споредуваа Шведска и Македонија за колективен , викаа стратегијата од шведска дека не функционирала и дека немале стекнато колективен имунитет.Лошо е што ги споредувате швеѓаниве со македонциве , да во Шведска со тој менталитет малку потешко колективен , овде барем според мене е пореална приказната за колективен со оглед на тоа што народ живее , како се зголемуваат бројкиве на дневна база и колку се почитуваат меркиве , 2/3 од населениево маска незнаат правилно да носат , така да со ова темпо за 3 месеци колективен имунитет и нема да биде баш фикција.
 
Исто како во војна што има воени профитери, така и сега мнозина ги наполнија џебовите до врв. Имаше една статија од еден економист како критика за пропустите со купувам домашно картичките. Вели оти доста од нив завршиле и кај добро ситуирани граѓани, со бизниси. Наводно кај дел од нив членови од семејството: сопруга, син, ќерка, осигурани на минималец во фирмата колку да им тече стаж за пензиско и здравствено, по автоматизам стануваат кандидати за картичка, што пак е смешна сума за нив, потсмев за оние кои што крпат крај со крај. Од друга страна пак на пасивните баратели на работа не им следи ништо. Сценарио на 60 годишник, невработен, седи дома, хронично болен во некое забутано село богу иза леѓа, не е во состојба секој месец да се пријавува како невработен, се пишал пасивен, него не му следи ништо.

Згора на тоа ако се земе предвид дека најголемиот дел од овие пари ќе отидат на прехрамбени продукти, повторно парите ќе завршат во сектори најмалку погодени. Супермакетите се растурија од пари правење во екот на најголемата паника кога беше. Витаминка работеше турбо, никад не ни прекина со работа. Чисто се сомневам дека на работниците и вработените во супермаркетите некој им покачи плата заради зголемениот обем на работа.

На блиски роднини кои што заглавија овде, пример чешката држава им исплати на два пати по илјада евра, плус шест месеци платени трошоци за здравствено и пензиско, по што сами си го плаќаа таму. Целата процедура се сведе на формална електронска апликација, наредниот ден парите на трансакциска, па ти троши како сакаш.
Овде имаш триста условувања, плус ризик од турканици по банки. Па 800 милиони евра заем зедоа, ова со картичките е фрлање коска, ништо друго.
 
Не ми е јан

ГРЕШКА:
-СТОИ: 2/3 од населениево маска незнаат правилно да носат
-ТРЕБА: 2/3 од населениевоне не носи маска
 
Зборував за тие што носат а тоа што многу од нив не носат е плус , тие што носат или под нос ја носат или на врат.
 
Читам некој од вас ја споредуваа Шведска и Македонија за колективен , викаа стратегијата од шведска дека не функционирала и дека немале стекнато колективен имунитет.Лошо е што ги споредувате швеѓаниве со македонциве , да во Шведска со тој менталитет малку потешко колективен , овде барем според мене е пореална приказната за колективен со оглед на тоа што народ живее , како се зголемуваат бројкиве на дневна база и колку се почитуваат меркиве , 2/3 од населениево маска незнаат правилно да носат , така да со ова темпо за 3 месеци колективен имунитет и нема да биде баш фикција.
a ako ti kazam deka vo mkd povekje lugje nosat maski od kolku vo svedska?

dali pravilno ili ne, toa e drug muabet.

i toa mkd racunam 2 miliona ziteli, a svedska 10.

nikakvi restrikcii nema svedska, a tie preporaki so gi ima, isto kako da gi nema.
 
Во кој дел живееш ако не е тајна ?
Знам дека игротеките се затворени таму, градинки, училиштета си работат без проблем.
Инаку во право си за маските, е сега проблем е шо тука ги носат повеќето неправилно, под уста така да исто како да не ги носат :)
Автоматски споено мислење:

Исто како во војна што има воени профитери, така и сега мнозина ги наполнија џебовите до врв. Имаше една статија од еден економист како критика за пропустите со купувам домашно картичките. Вели оти доста од нив завршиле и кај добро ситуирани граѓани, со бизниси. Наводно кај дел од нив членови од семејството: сопруга, син, ќерка, осигурани на минималец во фирмата колку да им тече стаж за пензиско и здравствено, по автоматизам стануваат кандидати за картичка, што пак е смешна сума за нив, потсмев за оние кои што крпат крај со крај. Од друга страна пак на пасивните баратели на работа не им следи ништо. Сценарио на 60 годишник, невработен, седи дома, хронично болен во некое забутано село богу иза леѓа, не е во состојба секој месец да се пријавува како невработен, се пишал пасивен, него не му следи ништо.

Згора на тоа ако се земе предвид дека најголемиот дел од овие пари ќе отидат на прехрамбени продукти, повторно парите ќе завршат во сектори најмалку погодени. Супермакетите се растурија од пари правење во екот на најголемата паника кога беше. Витаминка работеше турбо, никад не ни прекина со работа. Чисто се сомневам дека на работниците и вработените во супермаркетите некој им покачи плата заради зголемениот обем на работа.

На блиски роднини кои што заглавија овде, пример чешката држава им исплати на два пати по илјада евра, плус шест месеци платени трошоци за здравствено и пензиско, по што сами си го плаќаа таму. Целата процедура се сведе на формална електронска апликација, наредниот ден парите на трансакциска, па ти троши како сакаш.
Овде имаш триста условувања, плус ризик од турканици по банки. Па 800 милиони евра заем зедоа, ова со картичките е фрлање коска, ништо друго.
Конкретно за картичките требаше да добијат сите граѓани кои се на минималец, и оние кои не се активни баратели на работа и тие кои се.
Мислам дека во Србија беше така ако не се лажам.
 
Абе нели треба луѓето да живеат и да се радуваат, скари за мајот, рамазани, мекици ова она ама ова ептен
 
Не се криви тие, излегува синоќа Филипче и вика дека се разгледува опцијата да ги отворат границите за сите без карантини и тестови.
Како сакаме народот да почитува мерки кога оној кој ги носи мерките се понаша како да нема вирус.
 
Не знам зашто мојот пост го сфати негативно...
На Сител имаше податоци за јануари,фебруари и март, добиени од државен завод за статистика.

За јануари- 1355, фебруари - 1257, март 1.100.
За април прашав еден што работи таму, ми кажа на одмор бил одговорниот, па немал кого да праша.
А на нивниот сајт немаа ни за 2019 поставено, а камоли па за 2020, битно плата си земаат.

П.С. јас посочив досега познати факти што ги кажале официјални лица и си прашував, зашто и како. За мене не е тоа препирка, другите како си го сфаќаат зависи од нив.
Некако не ми се согласуваат бројките.
По месеци.png
Морам да се посомневам во точноста, за 2020 година многу е ниска смртноста. Моите податоци се од државниот завод за статистика, па верувам дека се точни.
 
Во кој дел живееш ако не е тајна ?
Знам дека игротеките се затворени таму, градинки, училиштета си работат без проблем.
Инаку во право си за маските, е сега проблем е шо тука ги носат повеќето неправилно, под уста така да исто како да не ги носат :)

vasteras, vastmanland, 100km zapadno od stokholm.

od koga pocna situacijata fevruari nekade, 3 pati sum bil na doktor, povekje od pola od medicinskite lica
ne nosea nisto.

niz grad po nekoj azijati imam primeteno samo so nosea, valjda imaat navika od prethodno.

ne znam kako e situacija po fabriki, ama mislam deka ni tamu ne nosat, posto od fevruari
nemase maski skoro nikade da se kupat po prodavnici i apteki niz grad.
 
Конкретно за картичките требаше да добијат сите граѓани кои се на минималец, и оние кои не се активни баратели на работа и тие кои се.
Мислам дека во Србија беше така ако не се лажам.

Не знам за Србија, овде пасивните баратели на работа се исклучени од проектот. Нина излезе еднаш со некакво штуро образложение оти истите наводно работеле нешто настрана, имале примања и затоа не се пријавувале.
Не сум ни сигурен дали воопшто фигурираат во статистиките за невработени.
 
Не се криви тие, излегува синоќа Филипче и вика дека се разгледува опцијата да ги отворат границите за сите без карантини и тестови.
Како сакаме народот да почитува мерки кога оној кој ги носи мерките се понаша како да нема вирус.
Ако не ги отвори, ни мекици ќе нема за тие у карантин.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom