Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.762
Поени од реакции
9.559
Незнам зошто мора такви бомбастични наслови, морбидни најави, црни прогнози...а што знам, па не е навистина толку смртноста голема ..а и ова со носењето маски мислам дека нема ниту грип да имаме, заштитени сме од други вируси...Сомнително е малку што деновиве бројката на заболени во целиот свет се зголемува ненормално многу а истовремено се најавуваат вакцините на Германија, Кина и Америка......луда работа како и да е....Јас и деновиве не гледам толку гужви за тестирање како пролетоска и тоа ми е сомнително, кај ги наоѓаат толку лица за тестирање!?
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Од сите овие луѓе, само еден е со сите симптоми, мал ден немаат мирис, а на прсти се бројат тие што кренале температура, која траела ден-два.
Па, не чека црно сценарио реално. Здравството нема да биде во состојба да одговори на задачата.
Како е возможно да направиш вакво салто мортале во само две реченици, те молам објасни ми.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.847
Па, не чека црно сценарио реално. Здравството нема да биде во состојба да одговори на задачата.
Денес имаме над 470 хоспитализирани што е досега најголема бројка. За месец дена од 290, стигнавме до 450+ хоспитализирани. Со оглед на тоа што зголемените бројки траат едвај недела дена, допрва ќе имаме зголемен број на хоспитализирани лица.
Од друга страна и не ни имаме некој голем избор за тоа како да ја решиме ситуацијата.
... стигнавме до 428 регистрирани нови случаеви во еден ден, а не хоспитализирани!

ice_screenshot_20201018-211850.png

...ако се направиле 200 тестирање ќе имавме можеби едно 50 тина позитивни, а ако се направило 5 000 тестирања ќе имавме едно 1000 позитивни, од тие тестирања прашање колку се направени од еден пациент, ете отишол во исти ден и направил три испитувања за коронавирус во три лаборатории, а се води како тројца? мислиш гледа некој име презиме...итн?
...пак ќе кажам, треба да се чуваме, но не ни треба дополнителна паника кај што ја нема, туку треба да се делува таму каде треба!
 
Последно уредено:
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
A sto e tuka problematicno?
ne veruvas vajda deka samo kriticnite slucai se u bolnica.
Проблематично е тоа што неговото лично искуство со луѓето околу него му покажува дека се работи за релативно безопасна болест, за само 5 минути покасно да утврди дека ќе крахира здравството. Како може да крахира здравството кога огромен број на случаи немаат никаква потреба од истото тоа здравство?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Како е возможно да направиш вакво салто мортале во само две реченици, те молам објасни ми.
Во претходниот пост зборувам за мој круг на познаниници, воглавно млади луѓе, кои не се репрезентативен примерок кога зборуваме за посериозни симптоми од вирусот. Земи ја групата од луѓе над 50 години и од нив треба да се извади статистика, какви симптоми развиваат. Општо, немаме никаква статистика колку од хоспитализираните, успеале да се излекуваат и колку нив биле со потешки симптоми.
Бројките на хоспитализирани луѓе се непобитен факт за тоа дека ситуацијата не е најсјајна. Плус што стандардите за да те хоспитализираат се зголемени во однос на летниот период, односно се лечиш додека не дојдеш во фаза која некогаш беше карактеризирана како средна кон тешка. Да, вирусот веројатно има послаба вирулентност од почетокот, но многу поголемиот број на заразени, неминовно ќе донесе многу похолем број на хоспитализирани. Од 500 заболени на дневно ниво, 10 да побараат помош (а, бројката е поголема), за 10 дена имаме 100 нови заболени. Со оглед на тоа што лечењето оди бавно, за држава што нема ни 15 кревети по градовиве надвор од Скопје, ситуацијата е АЛАРМАНТНА.
Автоматски споено мислење:

... стигнавме до 428 регистрирани нови случаеви во еден ден, а не хоспитализирани!
На вести кажаа дека бројот на хоспитализирани е 470+ (не се сеќавам на точната бројка). @Rigil ги владее овие статистики :D
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Во претходниот пост зборувам за мој круг на познаниници, воглавно млади луѓе, кои не се репрезентативен примерок кога зборуваме за посериозни симптоми од вирусот. Земи ја групата од луѓе над 50 години и од нив треба да се извади статистика, какви симптоми развиваат. Општо, немаме никаква статистика колку од хоспитализираните, успеале да се излекуваат и колку нив биле со потешки симптоми.
Бројките на хоспитализирани луѓе се непобитен факт за тоа дека ситуацијата не е најсјајна. Плус што стандардите за да те хоспитализираат се зголемени во однос на летниот период, односно се лечиш додека не дојдеш во фаза која некогаш беше карактеризирана како средна кон тешка. Да, вирусот веројатно има послаба вирулентност од почетокот, но многу поголемиот број на заразени, неминовно ќе донесе многу похолем број на хоспитализирани. Од 500 заболени на дневно ниво, 10 да побараат помош (а, бројката е поголема), за 10 дена имаме 100 нови заболени. Со оглед на тоа што лечењето оди бавно, за држава што нема ни 15 кревети по градовиве надвор од Скопје, ситуацијата е АЛАРМАНТНА.
Значи многу е просто, преку 95% од тие кои ќе се заразат немаат потреба да одат на лекар, освен од хипохондрија. Замисли сите што добиваат сезонски грип да одат да ги хоспитализираат, сигурно би крахирало здравството.

Прекинете со овие АЛАРМАНТНИ глупости, со непотребното кревање паника и со хистеричните напади.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.847
Незнам зошто мора такви бомбастични наслови, морбидни најави, црни прогнози...а што знам, па не е навистина толку смртноста голема ..а и ова со носењето маски мислам дека нема ниту грип да имаме, заштитени сме од други вируси...Сомнително е малку што деновиве бројката на заболени во целиот свет се зголемува ненормално многу а истовремено се најавуваат вакцините на Германија, Кина и Америка......луда работа како и да е....Јас и деновиве не гледам толку гужви за тестирање како пролетоска и тоа ми е сомнително, кај ги наоѓаат толку лица за тестирање!?
... се додека докторот, мед.сестра и другиот персонал по болниците за време на својата работа со пациенти можни позитивни или не, за време на пауза пијат кафе во соседни простории каде воздухот е ист за дишење, влези -излези прават, истите не можат да осудат и да кажат дека народот е непослушен што не носи заштитна маска на отворен простор!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Значи многу е просто, преку 95% од тие кои ќе се заразат немаат потреба да одат на лекар, освен од хипохондрија. Замисли сите што добиваат сезонски грип да одат да ги хоспитализираат, сигурно би крахирало здравството.

Прекинете со овие АЛАРМАНТНИ глупости, со непотребното кревање паника и со хистеричните напади.
Така е, 95% од тие што ќе се заразат, нема да имаат потреба да одат на лекар. Од заразените 5% да имаат потреба од лекар, дел од нив ќе завршат хоспитализирани. На моменталниве бројки, тоа ти се по 20-тина потенцијални за хоспитализација на дневна основа. Вирусот се лечи бавно кај хоспитализираните, така што капацитетите полека се пополнуваат.
Вирусот не е толку алармантно загрожувачки, колку што е алармантна комбинацијата од вирусот и македонското здравство. Ти викам, по градовиве немаат ни по 20 кревети за итните случаи, во регионалните центри имаат капацитети по 50-100-тина кревети, после се' се праќа за Скопје. Во Прилеп знам дека постарите пациенти не ги праќаат за Скопје, само оние што се 40- за кои уште има спас.
Верувам дека и во другите градови е иста ситуацијата.

Спореди ги бројките од луѓе што умреле од сезонски грип и од тие што умреле од корона во оваа година во државава. Јас не познавам некој што умрел од сезонски грип, освен што ќе чујам некоја статистика дека починале 10-тина души во зимскиот период и тоа имале некои страшни коморбидитети. Овде коронава ти коси 800 луѓе (или не знам до која бројка стигнавме) и пак не ви е доволно за да постои загриженост. Не е хипохондрија, тука реална опасност за одредена група на луѓе. Не знам ни која ти е поентата, ниту аргументите за да се контраш.
 
Член од
7 јануари 2015
Мислења
916
Поени од реакции
594
Состојбата е сега и на почетокот на пандемијата..
Во ред 600 заразени има..
Од тие 600 заразени скоро 95 посто се асиптоматски т. е со лесни сиптоми кои се лечат дома..
Разлика: на почетокот на пандемијата се тестираа само тие што беа потешки случаеви зато излегуваа околу 30-40 позитивни.
Треба кога објавуваат резултати да се каже пример од тие 600 што се колку се со тешка клиничка слика/дали се хронични болни / и колку од нив се лекуваат дома или на болница..
8.5% од заразените се у болнички кревети

Sent from my YAL-L21 using Tapatalk
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не е хипохондрија, тука реална опасност за одредена група на луѓе. Не знам ни која ти е поентата, ниту аргументите за да се контраш.
Кои се моите аргументи? Подобро прашање е кои се твоите аргументи? Практично се што знаете за короната е рекла казала. Појма немате ни за степен на морталитет, ни за тоа кои се начините да се справиме со неа, ниту тестовите се точни, ниту ништо. Ама апсолутно ништо не знаете, освен опсесивно да хистеризирате. Како да споредам бројките на тие кои умреле од грип со тие кои умреле од корона, кога практично сега да умреш од пад од 10-ти спрат и потоа да ти најдат корона, ќе ти пишат дека си умрел од корона?
Автоматски споено мислење:

Овде коронава ти коси 800 луѓе (или не знам до која бројка стигнавме) и пак не ви е доволно за да постои загриженост. Не е хипохондрија, тука реална опасност за одредена група на луѓе.
Ти коси.

800 луѓе.

Нешто овде очајно не е во ред. 800 луѓе, и тоа веројатно половината од нив умреле од нешто друго, како од старост на пример. Но добро, 800 луѓе во 8 месеци пандемија во Македонија, 100 луѓе месечно, тројца до четворица на ден.

Драма од невидени размери, поснопица, апокалипса, есхатон.

Дај бе приберете се, срамота е.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Кои се моите аргументи? Подобро прашање е кои се твоите аргументи? Практично се што знаете за короната е рекла казала. Појма немате ни за степен на морталитет, ни за тоа кои се начините да се справиме со неа, ниту тестовите се точни, ниту ништо. Ама апсолутно ништо не знаете, освен опсесивно да хистеризирате. Како да споредам бројките на тие кои умреле од грип со тие кои умреле од корона, кога практично сега да умреш од пад од 10-ти спрат и потоа да ти најдат корона, ќе ти пишат дека си умрел од корона?
Лол, бар од тебе не очекував ваква глупост.
Разгледување на реалната ситуација не е никакво хистеризирање, ниту хипохондрија. Ко што гледаш, повеќето што се загрижени, нормално си функционираат.
Моите аргументи ти ги посочив, преполни болници (иако, може ти веруваш дека не' лажат и болниците се празни), бројот на хоспитализирани лица со сигурност не бил толку висок никогаш (да, на хоспитализираните навистина им треба помош, освен на полчитичарите за кои веднаш се наоѓа место, ако кренат темпоература над 37), брзата помош никогаш не сум ја видел пораздвижена низ градот (работам во Центар и цело време ја слушам како минува со вклучено ротационо), многу поголеми бројки на умрени луѓе отколку од сезонски грип итн.
Како објаснуваш зошто фатија кидавела еден куп сестри и доктори од инфективна? Досега си ги ладеа мудата, никаква работа немаа, сега им се ебе мамата.
Да не се правиме при очи слепи.
 
Јас едно ќе ти кажам. Како пес ќе лаам ако на крајот од оваа година бројот на умрени во Македонија биде значително поголем од бројот на умрени минатата година, односно ако биде зголемен надвор од рамките на нормално статистичко зголемување.

Се настрана од тоа се сведува на хипохондрија, хистерија, кратење на човечките права, и уништување на државата.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
468
Поени од реакции
866
Кои се моите аргументи? Подобро прашање е кои се твоите аргументи? Практично се што знаете за короната е рекла казала. Појма немате ни за степен на морталитет, ни за тоа кои се начините да се справиме со неа, ниту тестовите се точни, ниту ништо. Ама апсолутно ништо не знаете, освен опсесивно да хистеризирате. Како да споредам бројките на тие кои умреле од грип со тие кои умреле од корина, кога практично сега да умреш од пад од 10-ти спрат и потоа да ти најдат корона, ќе ти пишат дека си умрел од корона?
Во средени системи на запад статистиката која досега е веќе далеку подобро собрана и обрабоена од пролетта има консезус дека скоро секаде бројката е следна. 10 посто од заразените мора да бидат примени. Од тие 10 посто 20 посто им треба интензивно лекување.
Ако некој е стар над 80 и му треба интензивно шансите да преживее се мали.
Тоа е засега.
Тестовите се екстремно точни. ПЦР тестот бара одредена секвенција на нуклеотиди која ја има само ковид 19 и ниеден друг вирус. Има преку 95 посто сензитивност и специфичност. Такви тестови во медицината има малку. Повеќето одат до 70%. Колонизацијата и болест не е исто тоа е точно, но колонизираниот носител ти шири вирус. Така да сосема логично е да го ставаш и него во карантин две недели ако има знак дека е свежа работа иако нема човекот нема симптоми.

Она за што нема консензус е во колкав процент е преносот аероген. Тоа може да ја промени комбинацијата на заштитни мерки. На построги, да се раѕбереме. Овие досега не се доволни за аероген пренос. Важен податок но конфликтни и недоволни податоци засега.

Степенот на морталитет има навистина раѕлични бројки. Со тек на време ќе се искристализира и таа работа. Мада понекогаш не ти требаат испитувања ако некој што секојдневно со години ја работи таа работа на инфективна интензива и ти каже дека избројал повеќе мртви од Ковид него од грип. Очигледно е дека повеќе се умира него од грип засега.
Не верувам дека при утврдување смрт тукутака пишуваат корона особено не на запад, си има начини за утврдување смрт кои се добри и биле добри досега па така и отсега. На истите начини на кои некој утврдил дека лицето умрело од грип се утврдува дека умрело од ковид. Поверојатно е да испадне дека е потценета коронава и дека одредени случаи се пишувале како срцево откажување наместо ковид.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.640
Поени од реакции
34.847
Ти викам, по градовиве немаат ни по 20 кревети за итните случаи, во регионалните центри имаат капацитети по 50-100-тина кревети, после се' се праќа за Скопје. Во Прилеп знам дека постарите пациенти не ги праќаат за Скопје, само оние што се 40- за кои уште има спас. Верувам дека и во другите градови е иста ситуацијата.
... па во цел свет во прием за итни случаеви има толку кревети, а не пак кај нас, секоја болница зависи во кој град располага со вкупно болнички кревети за пациенти од 500 - 800 и во моментот функционира само одредените одделенија каде се сместени пациенти со КОВИД19, колку може едно одделение да има болнички кревети конкретно инфективно 30, 50 и толку,тоа не значи дека болницата не располага со други болнички кревети!
... другите болнички кревети се во стендбај во другите одделенија таму сите креветите се празни, не следиш дека се уште нема третман на други болести освен на КОВИД19, по некоја хитна операција и толку ниеден пациент не лежи во болница од друга болест единствено исклучително кога е во загрозувачка состојба,
... како можеш да кажеш дека постари лица не праќаат во Скопје ако има потреба? тоа зависи и од самиот пациент и од неговото семејството ако сакаат да го пренесат во Скопје, а што е толку посебно во Скопје, а го нема Прилеп или било кој друг град? жалосно за вакви дезинформации, а никој одговорен тоа да го објасни, само муабети црнила сценарија, апокалипси?!!
ај кратко ќе пишам,
...сите болници во МКД располагаат со кислородна подршка, па и со апарати- респиратори кои се снабдуваат со кислород централно, а и преку специјални мали боци, тоа болниците одсекогаш го имале во оделот за интензивна нега, не е нешто ново,тогаш што би имало во инфективна клиника, во ГОБ „8 Спетември“ -Скопје, а нема во други градови?
- во инфективна во Скопје, се прават единствено крајните напори за спасување на веќе критичен пациент болен со КОВИД19, во давање на крвна плазма или лекови "favipiravir", „remdesivir“, „ chloroquine“ што на друго место ги нема!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom