Нема земја и Влада што добро се справи со кризава, само различни нивоа на лошо. Би сакал да верувам во некои скриени намери и теории на заговор, ама мислам дека вистината е уште пострашна - едноставно светот и политиката се неспособни да се справат со, да бидеме искрени, не толку страшен вирус. Ова е далеку од doomsday сценарио вирус, да дојде нешто полошо кај ќе ни биде крајот.
На почетокот имав разбирање за сите чекори, мерки, претпазливост. Нов непознат вирус, во Кина се трескаат од земја по видеа, шпекулации, страв. Ок, затворете граници, ќе преживееме некој месец без патувања, ќе откажам 100 летови и хотели и ќе седам дома. Маските биле само за медицински лица, ама не уствари биле за сите...нови информации, нови заклучоци - Ок, не ми пречи маска 20 минути во продавница. Дури и 8 саати во воз иако после се осеќам дека ќе повратам се што сум јадел од 2015та наваму. Подобро да се спречи отколку да се лечи, така?
Поминаа 3 месеци, 6 месеци, бевме забрикадирани дома, плескавме за сестрите и докторите, успеаа да исполитизираат вирус и болест, границите уште затворени (не дека милиони луѓе имаат фамилии, пријатели, партнери во странство...), се задолжи секоја земја 2 милиони %, се отпуштија луѓе, изумреа индустрии, во вукојебини имаме полициски часови и маски на отворено, а ние сеуште немаме План Б. Се крстат на вакцини и толку. Чекаме. Во меѓувреме нови мерки за ограничување на основни човечки слободи и права и се така во недоглед.
Немав и сеуште немам ништо против мали, лични жртви како носење маска или седење дома наместо патувања што не се неопходни. Ама што кога последиците од "контролирањето" на кризава ќе станат поголеми од евентуалните последици од самиот вирус? Градов кајшто живеам нема жртва од месец март или април. Во регионална болница во моментов има 3ца со корона. Мерките требаше да ја исправат кривата за да му помогнат на здравствениот систем да има слободни капацитети. Зошто одеднаш овие работи се небитни а се гледаат само број на заразени?
Ако ова го сметаме за тест за не-дај-Боже вистинско срање во иднина, наебавме. Бил Гејц демони масони типови, хипохондрици, екстреми од едната или другата страна на секој чекор. Политичарите и одговорните наместо да понудат решенија одбираат и тие страни. И така 2 години од животов у курац.