или друга варијанта...
2 теми за ковид и во двете теми се води општа дискусија, не ја разбирам логикава на 2 теми ?
1. Имаш тема read only... која требаше да користи за инфомрации, графикони, линкови и слично.
2. Имаш тема кај што на едно место имаше разно разни мислења, статистики, дебати... ама му се здосади на админите да гледаат луѓе со различно мислење од нивното (па и да ги бришат таквите) и нормално се роди трета тема - за општа дискусија...
па сега во таа општата дискусија ги пренасочија сите со „теории на заговор“, сите кои мислат различно од нив, а првичната тема за ковид остана како сликовница само да се лепат слики и да се постираат дневни статистики (исто кои и read only темата).
Како и да е, ВО НИТУ ЕДНА од сите три теми никој не се сети (или барем малку беа, не сум забележал) да кажи едно фала до докторите и медицинскиот персонал кој конечно колку - толку ќе здивни малку од малку.
ДАЛЕКУ е од готова работата со курона бизнис ама пошто ќе се ориентираат партиите на организација на избори, оставено е на народот и докторите да си чукаат сами глава.
Така да, кои и да сте, кај и да сте како медицински персонал Ви благодариме што се грижевте за граѓаните овој период.
п.с. и покрај што здравството ни е чорба, сепак кога ќе може некој убаво е да напиши како е од другата страна т.е. да се справува со пациент кој беше болен со ковид и завршил на болнички кревет.