Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.127
Поени од реакции
2.765
Каква претстава имаат луѓето денес што ќе видат некој што ќе ќива во серија 4-5 пати, или некој што нон стоп кашла???

Овој сигурно имат корона...

Добро мајката пред коронава не постоеше кивањето и кашлањето и тоа нон стоп?

Сега 2020 година настана честото кивање и кашлање??? Па кашлањето и кивањето и тоа често си постои од кога постои човекот...

Пример 60 годишен човек од 15-тата година од животот пуши од кутија и пол до 2 кутии цигари во денот и што е тука толку чудно што нон стоп кашла???

Или некој што нон стоп работи испотен на промаја и нормално често го фаќаат кивавици и настинки...И што има толку чудно тука?
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Или некој што нон стоп работи испотен на промаја и нормално често го фаќаат кивавици и настинки...И што има толку чудно тука?
Македонија е единствена земја во светов, кајшто луѓето ги фаќат „кивавици и настинки“ од промаја.
Автоматски споено мислење:

Тек сега мене ништо не ми е јасно:confused:
вакво подјебавање на народов неможев да замислам, ниту па да сонувам:facepalm:
Сите да појдат на работа, освен некои хронични болни...Абе улави ли се, мрднати ли се..па кој ке ни ги чува децата дома?
Ниту да одат во училиште, нема дневен престој, немаат баба и дедо...а мораш на работа да идеш, мора да заработиш плата за живот????
и како сега????????
А, децата неможат дома сами да седат?
Автоматски споено мислење:

... ај малку ќе пишам од друга страна, у_назад шест месеци посебно викенд денови се нема мир по улиците, дворовите од пискањето на деца кои не знаат да играат нормално како сите минати генерации (ластик, карти, домино, џамија, фудбал, одбојка...итн) денес само групирање со вриштење глупирање, отупување целосно, мешани тинејџерски генерации кои шест месеци седат дома не знаат што е прочитана книга, обврска, нови генерации кои ќе бидат и се осакатени со никаква интелегенција зачинето со невоспитување, во име на пандемијата, коронавирус само во училиште го има? на друго место ако се групирани - го нема, не се пренесува?

... зашто истите тие родители кои имаат деца, едниот да зема цела плата цели шест месеци, а ден да не изработи? од каде правдата јас да работам напорно со секојдневно присуство на работа, а колешки мои ем да седат дома ем плата колку мене? зошто? роб сум јас?
...да решат да им се исплати само 70% од плата, што и тоа не во ред, сите ќе најдат начин и кој да им ги чува децата и веднаш доброволно ќе дојдат на работа, јас сум сигурна,
... нека седат дома, ама нека им се даде минимална плата или пак неплатен одмор, што ако коронава ќе ја тера уште една година? ќе седат дома со цела плата? дали е тоа во ред спрема другите што работаат?
...хронични болни? од неколкуте кои навистина им е влошена ситуацијата, позади нив е цела армија вработени со „хронични болести“ , колку дијабетичари има? секој втор...и каде е тука правдата да јас идам на работа, а тој со хронична болест си шета Негорски, Берово, па цел ден во парк, па малку во Албанија во викендицата, па малку во Маврово? и тоа пола година, дали е тоа во ред? ем хроничен болен, ем продолжил вон услови за пензионирање и? земи бре пензија пушти други, ваму болен, ваму сака уште да работа до 70 год ќе ја тера, ваму не иде на работа, а цела плата, убајни невидени!

...а други здравствени работници да не можат да одат на годишен одмор што им следи со закон (со пандемијата беше забрането), а сега во септември пушти ги сите од лани на годишен одмор, а од друга страна пуштени сите закажани прегледи, мој термин да функционира за сите пациенти,кои ќе ги прегледа кога сите се на годишен одмор?

...он лајн настава? физички присутни немаат внимание, а не па дома, ретко родител да седи да работа со детето, а сега он лајн па ич...

...све се испомешаа работите, плата зема работник кој работа, а не кој седи дома пола година, без разлика од причината, за све друго постои опција - неплатен одмор, минималец, половина плат, боловање ...ама не вака цела плата, а ден не израбоил и кога ќе се додадат и другите по рамковен, цела армија која седи дома и земаат плата, па сакаат здравството да функионира, мало сутра!
Јас можам да кажам како е во Германија со вакви слични случаи со неработење од искуство од прва рака:

Имат многу луѓе што го злоупотребвет системов и идет во болница со не-многу-специфични симптоми на Ковид19 (Кашлање, болки во грлото, главата и телото, пролив и сл.) Јас како доктор ако имам и најмал сомнеж дека пациентот би можел да имат КОВИД (а то би било секоја лесна настинка), должен сум да му земам брис и да му наредам домашен карантин се дури не добиеме негативен резултат, шо за вакви пациенти не се прајт приоритетно и мојт да трајт 3-4 дена. За то време луѓето си седат дома и си уживет, а земвет плата за то време. После неколку дена најчесто истите ќе дојдат пак со слични симптоми и ајде од почеток цела постапка и пак слободни деној.

А, од друга страна јас како доктор, пошто спаѓам во „критичната инфраструктура“ и иако пред некое време имав високо ризичен контакт со пациентка позитивна на ковид подолго од 15 минути, морав да седам 14 дена во карантин дома, ама истовремено и да одам на работа со заштитна маска (FFP2 за Европа или позната како N95 во Америка) и да работам со нормални пациенти. Во тие 2 недели несмеев дури ни да наполнам гориво во колата ниту да одам во супермаркет на пазарење.

И после кај е правдата во ова. Јас ќе работам цело време и за возврат ќе добијам само аплауз, кој ни него го немат појќе, а некој ќе се заебават со глупости.
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
Македонија е единствена земја во светов, кајшто луѓето ги фаќат „кивавици и настинки“ од промаја.
види, настинка или на с/х прехлада може да настане од различни вируси, но на времето се сметаше дека вирусот на баналната настинката ( а кој го има СЕКОЈ) забрзано се множи во телото ако дојде до подладување на подкожното ткиво за некоја температура, сега не се сеќавам дали беше 0,3 оС или 0,03...
Настинката беше тогаш Доминантниот причинител на Пнеумонија кај лежечки пациенти....
..со децении се испитуваше настинката и се бараше лек за настинка но не е најден; лично се сеќавам дека гледав на ТВ емисија за тоа, уште од времето на Черчил кој имал проблеми со настинката и неговата изрека, *бати медицината што не може да излечи една настинка...со децении најпознатиот британски доктор од Академијата потроши стотици милиони фунти барајќи лек.. по смртта на докторот е прекината програмата, иако јас гледав како пак имаат испитувања на крвта на луѓе кој работат со смрзната риба и се отпорни на настинката.. пред 15-на години излезе на интернет НАЈАВА дека за 5 години ќе направат ЛЕК за настинка на база ИгГ а и лек за алергија на база на ИгЕ, но за секој поединец посебно, индивидуални лекови, многу скапи, но за богати ВИП личности... АМА ништо од тоа не се направи, барем во Јавност не дознавме.. а сега и престанаа да се обидуваат да бараат лек за настинка , не им е интересно ...


Туку прееска на ТВ слушнав, НАЈМНОГУ К19 случаи во Скопје имало во општина Аеродром ???
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Градинките работат
Денеска
Заклучокот е прост, не треба да работат.

Секое сабајле кога возам накај работа автобуските станици се преполни, во автобусите се газат. Пијаницава ги пушта по саботен возен ред......зголеми број на автобуси за да се растерети метежот во автобусите....цреп пијандурски.

Ајде добро утро......шипура+маска=:lolzz::lolzz:
 
Последно уредено:
Член од
13 септември 2020
Мислења
48
Поени од реакции
56
Zdravo ekipa,

koga mislite deka ke bide pocetokot na sledniot karantin? Veke pocnuva ludiloto od vtoriot bran, nekade do krajot na Oktomvri bi trebalo da go iskusime karantinot uste ednas. Po moe mislenje bi teral nekade do fevruari mart koga ke pristigne vakcinata.
Ako se raduvas da dojde karantin za nekarantinska fingirana bolest i da se raduvas na karantinski merki i plavo svetlo od bela kola koja pominuva niz prozor da gledas noke ti mora da si ekstremno bistar i so site petki da si bil vo skolo.
 
Член од
19 јуни 2014
Мислења
176
Поени од реакции
156
Decki, dali kako simptomi se javuvaat dijarea i povrakjanje i dali nekoj od vas koj bil pozitiven imal takvi simptomi?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Decki, dali kako simptomi se javuvaat dijarea i povrakjanje i dali nekoj od vas koj bil pozitiven imal takvi simptomi?
Се јавуваат. Знам позитивни кои ги имале симптомиве во почетен стадиум.

Колку луѓе изумреа последниве 3-4 денови?
Над 35 луѓе умреа ако добро ги памтам бројките. Денес процентот на заболени е над 10%, а повторно доаѓаме до бројки блиску до 200. Има заболени во скоро секој град во државава, гарантирам дека вирусот е раширен со одењето по одмори во Албанија и мешањето на младите низ летувалиштата во Македонија.
Во секој град се појавува по некој нов кластер. Бројот на хоспитализирани лица ми е прв показател за опасноста, а во последниов период е во растечка линија.
Спремни сме за трет бран со паѓањето на темпертатурите и седењето во затворени простории?
Во последно време не познавам некој позитивен (последно, другар беше позитивен по враќање од Албанија), тоа ме радува :D
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.713
ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ЗЕМЈИТЕ СО ВИСОК РИЗИК ЗА КОРОНАВИРУС
Според листата на Светската здравствена организација, на листата со висок ризик се Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија и Шпанија.

не ми е јасно... мели Јужна Кореја многу добро се справува, па и Кина ..
А нели Италија добра е сега дури ни забранува нам и на други влез во Италија???
А пак пишуваше дека во Индија е алармантно ???
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.127
Поени од реакции
16.618
Decki, dali kako simptomi se javuvaat dijarea i povrakjanje i dali nekoj od vas koj bil pozitiven imal takvi simptomi?
Се јавуваат ама тоа не значи дека ако ги имаш овие симптоми треба да паничиш дека корона си закачил :) овој период секогаш има такви вируси, можи да е некој стомачен вирус, еве и ние дома со малите сме на таа мака моментално.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.382
Поени од реакции
7.305
ВЛАДАТА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ НА СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ЗЕМЈИТЕ СО ВИСОК РИЗИК ЗА КОРОНАВИРУС
Според листата на Светската здравствена организација, на листата со висок ризик се Кина, Италија, Јужна Кореја, Иран, Франција, Германија и Шпанија.

не ми е јасно... мели Јужна Кореја многу добро се справува, па и Кина ..
А нели Италија добра е сега дури ни забранува нам и на други влез во Италија???
А пак пишуваше дека во Индија е алармантно ???
13 март 2020
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Decki, dali kako simptomi se javuvaat dijarea i povrakjanje i dali nekoj od vas koj bil pozitiven imal takvi simptomi?
Опушти се.....не мисли одма на Ковид.

Дијареа се случува да се јави како симптом, повраќање поретко.
Со оглед на тоа дека е лето, врие стомачни вируси, тровања и сл. проследени со дијареа и повраќање.

Доколку имаш дополнително (на дијареата и повраќањето) повишена телесна температура, треска, болка во грло, кашлица, омалаксаност, болки во мускулите, главоболка и сл....или едноставно си исплашен......јави се кај матичниот лекар!
 
D

Deleted member 12196

Гостин
Опушти се.....не мисли одма на Ковид.

Дијареа се случува да се јави како симптом, повраќање поретко.
Со оглед на тоа дека е лето, врие стомачни вируси, тровања и сл. проследени со дијареа и повраќање.

Доколку имаш дополнително (на дијареата и повраќањето) повишена телесна температура, треска, болка во грло, кашлица, омалаксаност, болки во мускулите, главоболка и сл....или едноставно си исплашен......јави се кај матичниот лекар!
Веќе не се знае кои симптоми на што укажуваат. Пред една недела имав висока температура, болки во грлото, кашлица, на моменти одвај се движев... За неколку дена симптомите полека попуштија, сега сум релативно добар. Навечер и наутро користев по два андола (на своја рака), тоа ми беше терапија.
Кој да знае што е што.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Веќе не се знае кои симптоми на што укажуваат. Пред една недела имав висока температура, болки во грлото, кашлица, на моменти одвај се движев... За неколку дена симптомите полека попуштија, сега сум релативно добар. Навечер и наутро користев по два андола (на своја рака), тоа ми беше терапија.
Кој да знае што е што.
И јас во јуни имав 38, болка во грло, главоболка, омалаксаност. Бев се тестирав приватно...негативен.
Утре дента на испитување исто приватно кај специјалист по ОРЛ.....силно воспалено грло....фаза пред гнојна ангина.
Крвната слика покажа дека не се работи за вирус....туку за бактерија....преку леукоцитите или не знам преку што се гледа.
Направивме брис од грло...покажа Стрептококен фарингитис.......антибиотик и толку беше.

Нека оди по ѓаволите......дојде такво време, никакво....одма за се на Ковид да помислуваме.
Работи на кои што порано не сум им давал никакво значење....на нога ми поминувало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom