Нaјјaкo беше тaму негде крaј нa aприл пoчетoк нa мaј,кoгa некoјa oд "лекaрките" нa темaвa се пењaвеше кaкo се штo ни требaлo билo дa се стoпли,сaмo некoлку денa пo ред дa имaлo кoнстaнтнa темперaтурa oд oкoлу 30 степени и ке сме гo пoбеделе вирусoт

a у меѓувреме oд Брaзил стигaa вести пo милиoн зaбoлени дневнo
...ако сакаш одговор барем мушки тагни ме, зашто јас тоа го напишав можеби два три пати и никој друг и ти тоа добро го знаеш, не ми се допаѓа тој твој израз „пењавеше“ погрден збор за сериозна тема, а ти што правеше цел период „везеше“ на темава? значи тотално си некоректен!
...но ајде да напишам повторно, според претходните искуства со вируси од група на коронавирус како глобална епидемија во 26 држави што беше во 2003 година со САРС (
SARS-CoV) почната од кинеска провинција Guangdong и 2012 година и појава на вирус од група на коронавирус МЕРС (MERS-CoV) пак во 27 држави како глобална епидемија, што и двете епидемии и покрај НЕпронаоѓање на вакцина или некој специфичен тераписки третман само од себе „исчезнаа“,
...според таа претпоставка дека вирусите на високи временски температури не опстојуваат т.е. во летен период „ги нема“ претпоставив логички дека и овој вирус (SARS-CoV-2) од група на коронавирус ќе „исчезне само по себе“ како и претходните САРС и МЕРС, но тоа не се случи зошто е подобрена трансмисијата на вирусот меѓу луѓето што фактот на покачена временска температура не придонесе многу за негово исчезнување, што ми дава само дополнително сомневање дека „некој“ тоа го изработи и го „поправи“ пуштајќи го меѓу луѓето, а тој некој не е „природата“!
... за другото твое „потсмевнување“ (ете наредниот член ти кажа) во Бразил во моментов е зима и можеби токму пониските температури придонесува за покачени инфицирани со коронавирус со зголемување на трансмисијата (пренесување) меѓу луѓето, што сигурно ќе не’ снајде и нас во септември /октомври кога ќе паднат температурите и ќе се појават и други вируси кои ги имаме секоја зимска сезона!