Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто западот не сака да ја признае Руската вакцина многу едноставно Путин кажа вакцината ќе биде бесплатна додека Трамп спомнува некои си 20 долари па видете ја разликата.Го следам размислувањето на нашиот инфектолог др. Веле Марковски кој од самиот почеток збореше за колективен имунитет по принципот на Шведска каде сите се слободни без никакви ограничувања и постојано напоменува Др.Марковски дека не е потребна маска да се носи освен доколку е заразен за да не ја шири заразата.Јас самиот го прележав вирусот во некоја блага форма иако бев и хоспитализиран на неколку дена во болница поради предострожност во групата на висок ризик поради дијабет ,повишен крвен притисок и др.каде што персоналот во 8 септември навистина се трудеа секому да му помогнат но не е можно на еден одел да има само три сестри кои верувајте воопшто не седнуваа постојано беа во движење во зависност од потребите на пациентите инфузии терапија храна кислородна подршка доста од тие пациенти незнам од која причина ги тргаа маските за кислородната подршка сестриве навистина беа многу љубезни па да не речам ги молеа пациентите да не ги тргаат маските и едно големо БЛАГОДАРАМ за сите сестри од 3 кат дигестивна хирургија но во овој момент Ковид болница сестри имаше од повеќе градови донесено на испомош и браво за издржливоста по цела смена со маски ,визири,наочари и скафандери на овие 30-35 степени.Исто така би сакал да се заблагодарам и на мојата матична докторка која беше во постојана комуникација и ме водеше во системот додека не излегов после 30 дена два пати негативен како и до докторката инфектолог која исто така го водеше мојот случај Една препорака за сите на форумов внесувајте повеќе витамини од типот витамин Ц витамин Д3 како и аспирин 100 или андол 100 поради превенција.
 
Последно уредено:
факт дека бранот од коронавирус е од тие посебна група граѓани, сакала ти да признаеш или не тоа нема врска со тоа што го извртуваш мојот коментар и што има врска Хипократова заклетва за пишување на форумов ...мислам ејјј се контролираш ли?
Факт е дека твојот коментар за одредена група граѓани како што ти претпочиташ да кажуваш, расправање политика, национализам, верски убедувања.....покажува колку си ти непрофесионална во твојата професија. Ете тоа сакав да го кажам.

туку што бидна со трудницата позитивна на коронавирус, па криејќи го тој факт, одозгора се преставила како докторка и заразила најмалку шест здравствени вработени на ГАК, а налутено си отишла од ГАК во Ремедика да се породи, па завршила на инфективна?
...... а забораваш дека имавме и Македонка докторка, ЦАЦА, која исто така ноншалантно си го ширеше вирусот низ интерна, а не само тоа туку и по симпозиуми, конгреси и чуда.

И едната и другата, не заслужуваат да бидат дел од медицинската фела и треба најстрого да се казнат! Но, по милионити пат, тоа нема врска со нивната националност!

Некултурата и идиотизмот не бираат националност, религија, раса....професија...whatever.
 
А за твоја информација,општо се збореше и никаков кластер не се спомна

За жал испадна кластер дека се....еден имало на свадбата со Корона, и испозаразил доста од сватовите. Се собрале околу 30 -мина и удриле на веселба. Сега половина се короносани

иначе свадбата била ,,каурска,,

денес се слушнав со млад албанец, фатил корона но освен сетилата за мирис и вкус други симптоми немал. Се заразил од мајка му, таа имала една ден температура и , а другите денови била Ок

Изгледа жешкото време ипак влијае полесно да се преброди вирусов. Во Март-от ми изгледа дека потепко пациентите се справуваа со болеста
 

Страчка-врачка....само не постар од 48 часа

Уште само Албанија остана......од соседство
а за Косово треба тест ? ако треба значи МНЕ и да не бараат, ќе мора преку Албанија ако сакаш без тест за МНЕ...
 
Izmislile nova kategorija.... Od prodavacite na mobilni telefoni karsi bivsi Zegin i 26 juli,izlozeni vo drveni kutii so visina 60mm so staklen kapak.
 
а за Косово треба тест ? ако треба значи МНЕ и да не бараат, ќе мора преку Албанија ако сакаш без тест за МНЕ...
Дали преку Албанија или Косово ќе се оди за Црна Гора пак треба тест, нема разлика....
Инаку и на Косоварите и Албанците им бараат исто тест..

 
... па каде е фамозниот бран од журките во Охрид? јас спомнав да не се повторам, ама @cholismo некако ги заборави журките :)


... прашање дали воопшто биле болни од КОВИД19!
Охриѓани не беа на журките!:)
 
21 22 и 26 август се најбрзите термини на кои можете да закажете редовно тестирање доколку се јавите денеска.
Вакви одговори добивме кога се јавивме во две болници и една лабораторија кои приватно вршат тестирања. Цените се движат од 3000 до 4000 денари за редовно термин но во една од болниците нудат и побрзи услуги 6000 денари за резултат во истиот ден и 12 илјади за итен ПЦР тест со резултати во рок од 2 часа.
 
141 нови случаи од 2006 тестирања (7%) Починати се четири пациенти, 93 оздравени пациенти

Секогаш има многу занилмиви коментари на ФБ кај Филипче кога ќе ја објават бројката.....дали да плачеш, дали да се смееш.

Agaçe Murati Cerven Karton
Stojkov Aco Ne lazi be nema nikakov Virus ili Korona ajde dakazete ednas za sekogas mrs gubrinja Satanisticka
Bojan Faka Dosaden si veke sekoj den so tie rezultati
Tahir Shabani Interesno posledni 3 dena 141 luge se pozitivni slucai??
Besar Demiri OSTAVKA !!!!
Bale Topalovski 2500 rece a
 
Последно уредено:
У Охрид беше калакурница. Таму идат далеку поголем број на туристи од Струга, а сепак:
како е можно?
Ме интересира мислењето на поопитни форумџии кои се поистакнати на темава со вирусот, кои повеќе тука седат, како тенеке, кулрис, анаон и чолисимо.
 
У Охрид беше калакурница. Таму идат далеку поголем број на туристи од Струга, а сепак:
како е можно?
Ме интересира мислењето на поопитни форумџии кои се поистакнати на темава со вирусот, кои повеќе тука седат, како тенеке, кулрис, анаон и чолисимо.
Ти пишаа наназад, Охрид беше преполн од туристи од надвор, Скопјани најчесто па сеа ти размисли сам, голем си
 
Ти пишаа наназад, Охрид беше преполн од туристи од надвор, Скопјани најчесто па сеа ти размисли сам, голем си
аха, сакаш да ми кажеш дека охриѓаниве џабе се потресуваат оти туристиве им носат корона
според твојва теорија, си ја враќаат назад и не ја оставаат у Охрид, небаре станува збор за предмет
 
аха, сакаш да ми кажеш дека охриѓаниве џабе се потресуваат оти туристиве им носат корона
според твојва теорија, си ја враќаат назад и не ја оставаат у Охрид, небаре станува збор за предмет
Ај тогаш ти објасни ми, ете јас ти дадов мое мислење.
Во Охрид имаше туристи од сите градови од Македонија, овие две три недели сведочиме на ширење на вирусот во многу градови, градови кои претходно немаше ни еден случај.
Кое твоето објаснување дека во Охрид има малку активни случаи ?
 
ама се усвињил овој :facepalm:
615101a8d96666e9d7545f5cb58cef7b.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom