Не те пратам од почеток. А врз основа на што тврдиш дека треба да те следам тебе и твоите ставови и констатации, а не докажани стручњаци со долгогодишно искуство зад себе?
Јас не сум стручњак туку моите постови беа врз основа на логичко расудување, додека стручњаците на кои се ти повикуваш прво сами на себе беа контрадикторни, вчера во интервјуто проба да се испере сам себе и комисијата и третто нивните препораки не дадоа никакво резултат, туку направија далеку поголема штета, така да стручњаците како Данаиловски и Караџовски го изгубија секој кредибилитет за овие 6 месеци.
Мило ми е што се поминало во најдобар ред кај тебе. Можеби кај тебе поминало се во најдобар ред, ама еве, тетин ми заврши трагично. И сега?
Не е само тетин ми, по десет луѓе на дневно ниво умираат од вирусот во Македонија.
Уште не е поминало кај мене, вчера се тестирав втор тест и чекам резултати инаку еве веќе 21 ден сум без никакви тешкотии, а за тетин ти ми е стварно жал, но за тие починати кои ги слушаме секој ден слушнавме и дека починуваат во сообраќајки па ги пишуваат како корона жртви, тетин ти стварно можеби имал комплицакии од вирусот, но останатите за кои Караџовски известуваше и самиот кажа дека по препорака на СЗО се што е позитивно и по било кој основ почине се пишува како корона жртва, па после зошто народот се понашал лабаво.
Тоа сите се согласуваме. Тоа дефинитивно мора така да биде. Ама дали е така во пракса? Токму заради тоа се пишува на долго и на широко на форумов.
Али овој проблем не е само кај нас, во целиот свет луѓето се опуштаат бидејќи има крајно контрадикторни информации првенствено од СЗО, но како што кажав ако се дистанцираш и не идеш на јавни собири немаш гајле, еве јас се заразив непоштуев мерки од тип маски носење и ракавици, но рака на срце посетував и кафани и останати локали, но никого не обвинував за тоа, платив со тоа што изгубив 20 дена од животот изолиран и непредоктивен.
....што очекуваш од министер кој во сред пандемија си спремаше избори и си тераше политичка кампања?! Како да реагира народот?
Тоа е тоа, гледај само што се дешава во март на 10 заразени дневно уведуваа по препорека на комисијата карантини за цели градови, па и цела држава, за да во време на избори со по 200 заразени во еден ден се понашаа лабаво и не убедуваа дека ситуаијата е под контрола, потоа доаѓаме па на она мое зошто народот се понаша лабаво, бидејќи и властите и надлежните се понашаат лабаво.